дома блог страница 1429

(Видео) Прилепчани ја совладаа Брегалица на домашен терен: ФК Победа стигна до првиот триумф оваа сезона

Прилепчани го скршија мразот во Првата македонска фудбалска лига – преку Брегалница стигнаа до првиот триумф оваа сезона.

Три бода големи како планина на контото на прилепска Победа. Прилепчани пред полна трибина ја надиграа Брегалница, иако резултатот не ја отсликува целосно денешната утакмица.

Како и да е, еден гол беше доволен за славење на триумф. Капитенот Бојан Спиркоски по одбиена топка прецизно стрелаше за 1-0 во 67-та минута, а со тоа и го заокружи денешниот резултат.

По 6 одиграни утакмици ФК Победа има 4 бода и се наоѓа на деветтата позиција на табелата и веќе следниот тест ќе го има на 17-ти септември против Работнички во Скопје.

Прилепчани немоќни на гостувањето во Охрид: Следува дуел со Вардар во “Ристе Ристески-Ричко”

Во рамките на второто коло од ракометната Супер лига, РК Прилеп му гостуваше на Охрид и загуби со резултат 33:26 (16-10 на полувремето).

Ова е втор пораз за прилепчани, откако во првото коло на домашен терен загубија и од Алкалоид.

Најдобри поединци во екипата на РК Прилеп беа дуото млади ракометари Христи Бикоски и Давор Шокоски со по 6 погодоци, а исто толку постигна и Грузиецот, Гавашелишвил Мириани.

Кај охриѓани најдобар беше Грубиќ Никола со 7 погодинати гола, а зад него со 6 беше поранешниот играч на РК Прилеп, Рустамов Казеин.

Во наредното коло прилепчани ги чека дуел со Вардар на домашен терен.

Уффф, одма е полесно: “Брашно, зејтин и млеко ќе има”, вели министерот Николовски

Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат на ниту еден граѓанин во државата и покрај кризата и поскапувањето на цените на прехранбените производи, уверува министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Ако има недостиг на храна, договорено е резерви да се обезбедат со земјите потписнички на договорот за неограничена трговија со храна во рамките на Отворен Балкан, односно Албанија, Македонија и Србија, вели министерот.

Граѓаните се револтирани од континуираното поскапување на храната, особено млекото и лебот. Последниве денови, цената на млекото за еден литар се искачи на околу 90 денари поради најавата за негостиг од истото.

Пред преполна сала КУД “Мирче Aцев” Прилеп со концерт прослави 75 години постоење (Фото галерија)

Пред преполна сала, синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, Културното уметничкото друштво Мирче Ацев-Прилеп со концерт прослави јубилејни 75 години постоење.

Фолклорот, македонското оро, песна и македонската традиционална носија, говорат за вековното постоење на македонскиот народ, кој има свој идентитет и богати традиционални вредност.

Токму овие вредности, во своето 75 годишно постоење ги негува и ги презентира КУД „Мирче Ацев“ нашиот културен амбасадор во светот.

Податокот дека во досегашното постоење на КУД „Мирче Ацев“ илјадници играорци биле негови членови и дека се одржале повеќе од 5000 концерти, на сите континетни во светот, говорат за важноста и улогата на КУД Мирче Ацев –Прилеп.

Ова се луѓе со голем ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ, при тоа негувајќи ја традцијата и народниот фолклор кој што е наш културен и автентичен израз.

На концертот присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој имаше свое обраќање до присутните.

Никој не го спомнува “стентоновото” милионско мовче?

Поминува и десеттиот месец и како веќе да е подзаборавена експлоатираната тема за најкраткото,но најскапото македонско мовче…

Поминале ветровите- покриле трагите велат стари… во меѓувреме почнуваат да се градат нови објекти во Прилеп, посебно во населбата “Точила” која полека станува се поубаво место за живеење.

Зошто се премолчува оваа тема се уште не јасно и како одминува времето шпекулациите се се побројни и поразлични.
Еве потсетување за многуте прес конференции на оваа тема:

Ф.Г.

Спpeчена тpaгедиja: Извал пиштoл после недоpaзбиpaње во cooбpaќajoт, но бил спpeчен да го yпотpeби

На 10.09.2022 на бул.„Никола Карев“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(27) од с.Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имено, непосредно пред тоа на ул.„Македонско-косовска бригада“, Е.И. кој управувал мотоцикл „пиаџо“, со скопски регистарски ознаки, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот со А.Х.(38) од Скопје, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, извадил пиштол, но бил спречен да го употреби.

По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал, против Е.И. ќе следи соодветна пријава.

Младата репрезентативка Теа Настоска од Прилеп и’ донесе бронза на Македонија од Балканското џудо првенство во Турција (Фото)

На Балканско Првенство во џудо во Кочаели, Турција, кое вчера и денеска се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација, на првиот ден од настанот освоен е еден бронзен медал.

Во категоријата до 40 кг., репрезентативката Теа Настоска, инаку член на ЏК Сеишин Прилеп освои 3 то место. Истата демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со Балканска бронза, што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани.

Тренерот, кој истовремено е и селектор на кадетската селекција Дејан Мицкоски, како и тренерот во клубот и тренер на кадетската селекција се задоволни со постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток, со оглед дека Теа е прва година кадетка, и пред неа пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.

Покрај Теа од ЏК Сеишин настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. (9 то место), кои прикажаа одлични борби и беа на чекор до борби за медал, но не успеаја да се пласираат на пиедесталот.

Aко по утрото денот се познава – Mилан чекори кон ново “Скудето”

Актуелниот шампион на Италија, црвено-црниот тим од Милано продолжува со неверојатната игра.

И со црвен картон од 46-та минута Милан успеа да ја добиe Сампдорија во гости со резултат од 1-2. Месијас го отвори резултатот уште во 6-тата минута, а новото засилување, младиот Белгиец, Де Кетеларе стрелаше за 0-2. За жал, вториот гол беше поништен поради минимална офсајд позиција на Жиру.

Леао беше заслужено исклучен од игра во 46-тата минута и Сампдорија ја искористи можноста да одговори со голот на српскиот интернационалец Џуричиќ. ВАР собата на судиите беше исклучително активна, па главниот судија Фабри одлучи да досуди пенал за Милан во 67′ минута, можност што Жиру не ја пропушта.

Исклучително важни три бода за Милан, но сепак “Росонерите” имаат повеќе причини за радување. Во клубот веќе јасно се гледа новиот лидер на теренот. Упорен како Гатусо, внимателен како Пирло и со лидерски особини како Малдини. Да, зборуваме за Сандро Тонали, ѕвездата на италијанскиот фудбал. Има само 22 години а веќе ја зациментира својата позиција, како пред раководството на тимот, така и пред навивачите.

Миленикот на “Кypва суд” само што потпиша нов договор до 2027 година, со секој негов потег докажува дека ја заслужи двојно поголемата плата. Иако се очекуваше од Милан да биде поактивен во ова “меркато”, клубот не го одврза ќесето за големи засилувања. Она што е важно, како што пренесува “Газета”, задржан е костурот на екипата. Истата која изминатата сезона го крена трофејот на Италија.

Ф.Г.

Вучиќ се премисли: “Имам жена во моето семејство која е геј и никогаш не би ја менувал за ништо”

-Да мислев дека Ана Брнабиќ е зло, немаше да биде таму каде што е. Имам жена во моето пошироко семејство која е геј и никогаш не би ја менувал за ништо друго, мислам дека тоа не е никакво зло, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ кој најави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир.

На прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници.

– Нема да си играме и да се исмеваме со нашите граѓани, да ги понижуваме луѓето кои се наши деца, наши браќа и сестри, но никогаш нема да ја разберам неверојатната неодговорност на оние кои, од една речиси неважна тема, или тема која е важно само за еден дел од општеството, направи крстоносна војна, рече Вучиќ.

Тој повтори дека безбедносната ситуација е „тешка“ и дека државата не сака да дојде до судир.

Кралска драма: На Меган и е забрането да присуствува на погребот на кралицата

Британските медиуми во текот на вчерашниот ден започнаа да ја отплетуваат семејната кралска драма, која се случила меѓу најблиските кралски членови.

Имено, како што пренесуваат медиумите, наводно кралот Чарлс Трети, му рекол на принцот Хари, да не ја носи сопругата Меган Маркл во замокот Балморал, бидејќи тој и останатите членови на семејството брзале да ја видат кралицата што умиpa.

Во медиумите пак, беше пренесено дека Меган останала дома за да ги чува децата.

Вистинска случајност била што Хари и Меган биле во земјата кога починала бабата на принцот. Медиумите во Британија потсетија дека принцот Хари отсекогаш бил исклучително посветен кон својата баба. Работите се искомплицирале кога Хари и Меган објавија дека и двајцата ќе отпатуваат во замокот, каде кралицата Елизабета Трета ги поминала последните часови од својот живот.

Согласно пишувањата на, „The Sun“, принцот Хари бил во Фрогмор кога неговиот татко му се јавил и му потенцирал да не ја носи Меган.

„Чарлс му кажа на Хари дека не е правилно или соодветно Меган да биде во Балморал во толку тажно време“, изјави извор за весникот.