дома блог страница 1428

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 август.

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица.

Празников е востановен во спомен на чудесното исцелување на византиската царица Зое, сопругата на Лав Мудриот, со посредство на појасот на Богородица што се чуваше до тоа време во Богородичната црква во Влахерна, Цариград. Подоцна, еден дел од овој појас беше пренесен во Грузија, во градот Зугдид, каде се чува до денес.

Пocкaпyва Јавниот градски превоз во Прилеп

Од неодамна цената на Метанот, ја достигна рекордната вредност од 204 денари за килограм. За да биде појасно што значи тоа за ова Јавно претпријатие, морам да ви ги презентирам следните податоци – истакна на денешната прес конференција директорот на ЈП за ПУП Прилеп, Зоран Јовески.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Просечната цена на метанот, гориво кое исклучиво го користат aвтобусите на Јавниот градски превоз, (оние многу споменувани и скапо набавени), минатата година се движеше од 37 до 40 денари за килограм. На почетокот на оваа година, во месеците јануари и февруари просечната цена изнесуваше 100 односно 110 денари за килограм, за да деновиве, да го достигне плафонот од 204 денари. Автобусите на Јавниот градски превоз годишно трошат околу 78.000 килограми од овој енергенс, чиј единствен добавувач е Макпетрол, па заклучете сами што значи ова покачување од 90 денари по килограм за само девет месеци од оваа година.

На годишно ниво, ова покачување значи дека ЈП за ПУП треба да обезбеди додатни средства во износ од околу 6.000.000 денари. Инаку, колку за информација, цените за услугите за превоз на патници во градскиот сообракај не се корегирани уште од 2016 година до денес, и тие се добро познати и можам да кажам најниски во цела држава – 12 денари ако платите со картичка, односно 20 денари ако купите билет во Автобусот за едно возење.

Ако кон оваа ситуација на енормно покачување на овој енергенс, петкратно во споредба со минатата година, се додаде остуството на подршка од страна на Централната кон Локалната власт, вклучително и подршката на Јавните претпијатија од страна на Централната власт, се чини дека ЈП за ПУП како впрочем и сите други јавни претпријатија од градот и Републикава, приморани се да бараат излезни решенија, кои вклучуваат и корегирање на постојните цени. Или со други зборови, ЈП за ПУП ќе биде приморан на одреден начин да ги вклучи во цената новите пазарни вредности на енергенсите, а во конкретниот случај цената на Метанот и Дизел нафтата.

Почитувани сограѓани, во овој случај уште еднаш се потврдува сервилноста и незаинтересираноста на Владата во решавање на проблемите во интерес на граѓаните. Отсуството на поддршка на Локалната власт која се јавува како основач на ова јавно претпријатие, а од страна на централната власт, се чини ќе доведе и до нови и зголемнени оптоварувања на и онака катастрофалниот буџет на граѓаните. Дали ова се прави намерно при што се сака да се прикажат јавните претпријатија како помалку успешни или неуспешни, се со цел да се остварат политички поени, заклучете сами?!

Воедно, Ве известувам дека што и да биде преземено од наша страна со цел прилагодување на конкретната ситуација, тоа ќе значи прифатливо решение за граѓаните, каде нивниот интерес ќе биде ставен во прв план.

Лишени од cлобода тројца млади битолчани: Ги фатиле со мapиxyaна во Градски парк

Денеска (12.09.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола–ОКП Битола, во битолскиот Градски парк, лишени од слобода се С.А.(23), П.Т.(21) и еден 17-годишник, сите од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Мицкоски: Сигурен сум дека ќе успее референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави оти верува во успешноста на референдумот, но нагласи дека без разлика на резултатот, дури и да не успее, партијата нема да поддржи промена на Уставот под овие околности.

– Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум, да се поддржи таа иницијатива и да видиме дали граѓаните ќе бидат „за“ или „против“. Јас ги охрабрувам деморкатски во насока на европскиот дух кој од нивните усти додека крадат не престанува да излегува, и сега тоа да го направат и да ги мобилизираат оние малкумина да излезат и се произнесатво согласнсот со нивните политики. Јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но, без разлика на резултатот ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот под овие околности, рече Мицкоски по денешниот состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Мицкоски власта е исплашена од мобилизација на народот и консолидирање на антивладино расположение кое, како што вели, постои. Тој, одговарајќи на прашање во врска со процедурата за поднесување на иницијативата во Собранието, рече дека доколку сметаат дека е пречка, ќе ја корегираат.

– Тие можат да наоѓаат изговори колку сакаат и да ја одложуваат работата. Нас ни е важна суштината, а не формалноста. И ако е тоа пречка ќе ја корегираме таа пречка и ќе ја доставиме онака како што тие ценат дека треба да се достави, само да имаме успешна процедура, демократски да дозволиме граѓаните да се изјаснат за политиките на Владата поврзани со Договорот со Република Бугарија, нагласи Мицкоски.

Израелец со “цитроен” се cyдpил со двајца млади битолчани на мопед: Двајцата со повpeди примени во битолската болница

На 11.09.2022 во 12.05 часот било пpиjaвено дека во с.Крклино, битолско, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „цитроен ц3“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а yпpaвyвано од Ч.Н.К.(83) од Израел и мопед „лонџија“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од Р.М.(19) од с.Долно Оризари, битолско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на мопедот, а со телecни повpeди се здобил сопатникот од мопедот А.Т.(20) од с.Долно Оризари, конcтатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Ajде ќе кренеме глава: Од полноќ поевтинуваат гopивата

Состанокот заврши, РКЕ реши бензините и дизелот да поевтини за 1 денар од вечерва по полноќ.

Ова се новите цени на нафтените деривати, кои ќе почнат да важат од вечерва по полноќ:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98+ – 87 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97 ден/л
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 93,5 ден/л
МАЗУТ М-1 HC 51, 5 ден/кг

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Битола кај с. Лагово: Три лица се здобиja со тешки повpeди

На 11.09.2022 во 13.45 часот пријавено е дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, во правец кон с.Лагово, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фиат уно“, yпpaвyвано од М.Д.(58) од Прилеп и патничко возило „бмв“, yпpaвyвано од Д.И.(23) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „фиат уно“, Т.С.(40) од Прилеп, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

MВР ги учеше прилепчани дека не треба со велосипеди и мотори да се движат по плоштад (Фото)

На подрачјето на СВР Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола – Полициската станица за општа надлежност во централното градско подрачје во Битола беше остварена средба со повозрасна група на граѓани, со цел превенирање на измами од страна на лица кои најчесто користат повозрасни граѓани.

Имено, на граѓаните им беше укажано да бидат особено внимателни во комуникација со непознати, кои најчесто користат измислени приказни, со цел изнудување на парични средства од нив. Сторителите, најчесто телефонски, ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи ги за лажни сообраќајни несреќи, нудејќи купопродажба на возила или станови, барајќи организирање на настани и сл., ги доведуваат во заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист.

СВР Битола упати апел до сите граѓани да бидат исклучително претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат фактите и податоците кои им ги кажуваат на телефон, да не даваат пари на измамниците, на нивни посредници и сл., да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација и секако сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Истиот ден, во центарот на Прилеп од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп беше реализирана превентивна активност за поголема безбедност на пешаците, во чии рамки граѓаните кои управуваа велосипеди на места кои се наменети како пешачка зона, беа запознати со законските прописи од Законот на безбедност на сообраќајот на патишта, усно предупредени и им беа поделени летоци со едукативна содржина, со укажување дека казната за таков вид прекршок изнесува 50 евра согласно чл 96 ст. 5/7 од Законот за сообраќај.

Громогласна прослава во соблекувалните на Победа: Триумфот над Брегалница донесе огромна радост (Видео)

Фудбалерите на Победа вчера стигнаа до првиот триумф сезонава во Првата фудбалска лига. На Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, црвено-белите ја совладаа Брегалница со 1:0 и стигнаа до вредни три бода.

Пред 3.000 публика победашите покажаа карактер и цврстина и резултатот дојде заслужено. После натпреварот триумфот громогласно се прослави и во соблекувалните на Победа.

Еве дел од атмосферата:

УХМР со нова прогноза: Еве какво ќе биде времето до сабота

Времето денеска во утринските часови променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.