дома блог страница 1426

Радикални промени кај земјоделските субвенции – вложените пари да обезбедат значително поголем ефект

Деновиве се претстави нов систем за субвенционирање кој треба да почне да се применува од 1 јануари 2023 година. Ќе има авансни исплати од 30 проценти пред да завршат административните проверки од Платежната агенција.

Во првичната верзија на новиот модел на субвенционирање се предлага разграничување меѓу неврзаните и врзаните директни плаќања. Тоа значи дека кај растителното производство, земјоделците ќе добиваат основни директни плаќања за површината што ја обработуваат, без оглед што произведуваат и во колкава количина. Дополнителни парични средства ќе се исплаќаат само за некои земјоделски култури кои државата заедно со земјоделците ќе ги оценат дека се со стратешко значење. Овие дополнителни исплати ќе бидат условени од прикажување на доказ за продажба на земјоделските производи на регистриран трговец или производител. Вака ќе се намали сивата економија и ќе се оневозможи исплата на некој што, на пример, не го работи лозјето, а го користи за да добива субвенции, примиер што го почочи министерот за земјоделие Николовски.

Кај сточарското производство се предлага исплатата да се однесува по грло, за основно стадо, а се предлага сите исплати да бидат по количина, со што овозможуваме олеснети административни постапки, почести и брзи исплати на субвенциите, но и полесна можност за дополнување на програмата во зависност од потребите. На пример,кај сточарството ова би значело исплатата за сесекој литар предадено млеко да се врши секој месец. На овој начин, стремежот е целото домашно прооизводство да се преработи во домашната преработувачка индустрија.

Програмата за рурален развој треба да прерасне во Инвестициска програма, што се поклопува со новата седумгодишна програма ИПАРД, со која на располагање ни се 97 милиони евра, а заедно со кофинансирањето ќе значат 210 милиони евра инвестиции во земјоделскиот сектор.

Во Програмата за рурален развој останува поддршката за млад земјоделец и за руралните жени, а новина е поддршка за бизнис-план до 10.000 евра, која може да ја искористат регистрираните земјоделци за проширување на нивната дејност.

Од министерството најавуваат дека интензивно ќе се работи на развој на земјоделските задруги за да може производителите да работат здружено и заедно да бараат пласмани.

За проблемите со малиот интерес за осигурување на земјоделското производство, прстот вперен кон осигурителните компании. Иако државата субвенционира 60 проценти од вредноста на полисите за осигурурвање интерес нема и за ова заслуни се агенциите. Затоа од 1 јануари 2024 година осигурувањето во земјоделството ќе биде задолжително, со што би требало да се надминат проблемите од климатските непогоди. Во првите три години полисите целосно ќе бидат субвенционирани, за што се преговара за пари од ФАО.

Со измените во Законот за земјоделство исто така се подготвува основа за давање под наем на напуштено приватно земјоделско земјиште. Во услови кога цел свет се бори за секој грам зголемено земјоделско производство, со цел да се прехрани човештвото, потребно е и кај нас да се обработи секоја педа распложливо земјиште и ништо да не остане напуштено и запуштено. Во законските измени се предвидува и напуштеното приватно земјоделско земјиште да може државата да го даде под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде евидентирано дека е напуштено или не се обработува од сопствениците.

Пpиведен жител од прилепско село: Извршил обљyба врз малолетничка

На 13.09.2022, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода А.Ш.(21) од прилепско село.

Тој се coмничи дека на влезот од селото во кое живее извpшил обљyба врз малолетничка.

Тој бил пpиведен во полициска станица и пpoтив него е поднесена кpивична пpиjaва, а од cyдиja му е одpeдна мepка пpитвop во траење од 30 дена – информираат од СВР Битола.

Во соопштението сепак од МВР не наведуваат за жител на кое прилепско село станува збор.

Се огласи натепаниот гpaдоначалник: Без пpeдyпpeдyвање влетaa и ме нападнaa

Градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими на својот Фејсбук профил објави соопштение по повод денешниот физички напад од страна на три лица.

– Почитувани жители на општина Арачиново и поширока јавност, за жал, денес 13.09.2022 година (вторник), во раните утрински часови на почетокот на работното време, за време на извршувањето на службената должност како градоначалник на општина Арачиново бев предмет на напад од група неодговорни, несвесни и бесрамни лица, кои сега се познати на органите на прогонот. Без никакво предупредување и образложение, групата веднаш влета во напад, кој прво беше вербален, а потоа и физички, што според кривичниот законик на Р.С.М. претставува тешко кривично дело – пишува Ибраими.

Тој додава дека причини за нападот се нереализирање на нивни лични и деловни барања.

– Демек со моите постапки како градоначалник им се уништиле сметките. Најпрво бараат именувањата на директорите на основните училишта да се вршат според нивните барања, без да исполнуваат никакви законски критериуми, но преку кои полесно ќе ги остварат своите цели и ќе бидат во нивна служба. Намерите на оваа група имаат лоша позадина, кои се на штета на жителите на општината, заканувајќи се и уценувајќи ги многубројните екипи кои ги извршуваат своите работни задачи, а кои се дел од разни проекти. На оваа група несвесни луѓе, како и на многу други, известувам дека целта на кандидирањето за градоначалник не беше тоа што дојдов од улица, невработен, ниту да се збогатам или да се поврзувам со валкани бизниси. Mоите и намерите на мојот персонал беа и се благородни и чисти од секаква криминална прашина – вели градоначалникот.

Првиот човек на Арачиново истакнува дека без разлика на природата на нападите, вербални, физички, медиумски или виртуелни, нема враќање назад од овој свет пат што го тргнавме.

Сите што сакаат да имаат корист на сметка на народот нека си го стават ова во глава. И за време на изборната кампања го дадовме нашето ветување дека НИКОГАШ нема да ги разочараме луѓето што ги претставуваме. Затоа, не престануваме да реализираме капитални проекти за жителите на општина Арачиново. Вложуваме максимални напори на секој жител да му понудиме најдобри можни услови за нормален живот. Ваквите напади на овој начин уште повеќе не зајакнуваат, а нè да не заплашат. Оттаму апелирам, прво до најблиските членови на семејството, потоа до пријателите, поддржувачите, до сите кои заедно го следат овој пат, да не станат плен на вакви ниски провокации од неодговорни, несвесни луѓе, бесрамни, кои имаат ја изгубиле животната ориентација, кои ја изгубиле целта на својот живот. Нашиот заеднички пат е „Ние му служиме на нашиот народ со достоинство и чест“. Исто така, бидејќи сега ги имаме сите докази за овој срамен случај, ги повикувам надлежните органи на обвинителството и јавниот ред да ја вршат својата службена должност и одговорните за ова тешко кривично дело да се појават пред органите на правдата и еднаш и за сите, секој што има такви криминални намери, нека ја добие заслужената казна – пишува Ибраими.

Од министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново.

– Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ – стои во соопштението испратено од МВР.

Чатлески се боксерски репрезенти од кои секој треба да учи: Синоќа одржаа тренинг со гостин од Австралија, а настанот го проследи и градоначалникот Јовчески

Прилепскиот боксерски клуб “АС” од Прилеп долги години е еден од главните спортски репрезенти на градот под Марковите Кули.

За огромните успеси на клубот најзаслужни се тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески, но и нивните вредни ученици. Низ годините клубот бележи успеси како на домашен, така и на меѓународно ниво.

Вчера во клубските простории гостуваше Игор Поцев, од австралиската боксерска академија “Лајнос Ден” од Мелбурн, кој одржа тренинг заедно со Дарко Чатлески.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески, кој ја истакна поддршката на општина Прилеп.

-Синоќа ги посетив младите боксери од Боксерскиот клуб „АС“ Прилеп. На мое задоволство проследив дел од тренингот кој што го водеше гостинот, тренер и менаџер Игор Поцев од Боксерската Академија ЛАЈОНС ДЕН од Мелбурн Австралија. Поцев има направено многу успеси со неговите боксери во Австралија.

Целта на оваа соработка е размена на искуства помеѓу боксерските школи и размена на боксери со учество на борби во Македонија и Австралија.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп е основан во 2001 година. Непрекинато работи до денес и е активен во сите натпреварувања. Под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески има направено одлични резултати. Во изминатите години државни шампиони во бокс се Дарко Чатлески, Александар Николоски, Стево Илиќ, Дамјан Талимче, а минатата година во кадетска конкуренција титулата ја освои Матеј Чатлески.

За 2018 и 2019 БК АС го освоија второто место во бокс лигата на Македонија, а оваа година го држат првото место од кои има уште 4 кола до финалните борби. Четвртото коло во месец октомври ќе се одржи во Прилеп во организација на БК АС ПРИЛЕП.

Во името на Општина Прилеп упатив благодарност за се она што го прават како спортски репрезенти на Прилеп и поддршка за сите идни активности и планови – напиша Јовчески на ФБ.

Талат Џафери ќе стане ycтавен cyдиja?

Спикерот Талат Џафери не е ниту Уставен суд, ниту уставен судија, тој треба да го толкува собранискиот Деловник, а не уставноста на иницијативата за референдумот, вели професорката по Уставно право, Гордана Силјаноска – Давкова за Пресинг ТВ.

Оваа реакција доаѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

Според Силјановска-Давкова, Џафери сега се претставува како уставен судија или како Уставен суд.

– Ако е така, па дај да го избереме Џафери наместо Љубомир Јовевски за уставен судија, вели проф. Силјановска-Давкова.

Таа е децидна дека спикерот Џафери мора да ја почитува постапката и иницијативата веднаш да ја проследи до двете надлежни собраниски комисии-Законодавно-правната и таа за политички систем. Дури и нивното мислење да биде негативно за иницијативата, таа сепак мора да се најде на дневен ред на првата наредна собраниска пленарна седница, што директно е наведено во членовите 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието.

Целиот текст во Пресинг ТВ

Министерството за одбрана објави конкурс за 200 нови професионални вojници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава.

– Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected] и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Сончево и топло уште два дена: Еве што ни доаѓа за време на викендот

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување.

(Видео) Миле Талевски гласал за бугарскиот договор оти немал кислород?

Најава за дебата помеѓу пратениците Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Талевски од СДСМ во емисијата “Програми 200” на “Алсат М” телевизија.

Дебатата започнува во 22:00ч, а Талевски веќе стана “хит” на социјалните мрежи.

“Дозлолете Македонија да добие кислород, a со ВМРО-ДПМНЕ добива само јаглерод диоксид” – вели Талевски.

Измамници опepиpaaт низ Македонија: Полициjaта ги подучуваше постарите битолчани да не наседнат (Фото)

Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.09.) во централното градско подрачје во Битола спроведоа превентивна активност со цел превенирање на измами од страна на лица кои најчесто како жртви бираат повозрасни граѓани.

Имено, на граѓаните им беше укажано да бидат особено внимателни во комуникација со непознати, кои најчесто користат измислени приказни, со цел изнудување на парични средства од нив. Сторителите, најчесто телефонски, ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи ги за лажни сообраќајни несреќи, нудејќи купопродажба на возила или станови, барајќи организирање на настани и сл., ги доведуваат во заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист.

СВР Битола апелира до сите граѓани да бидат исклучително претпазливи во комуникација со непознати лица, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат фактите и податоците кои им ги кажуваат на телефон, да не даваат пари на измамниците, на нивни посредници и сл., како и да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација и секако сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Прилепчанец заедно со скопјанец тепале друг скопјанец на Бит Пазар

На 13.09.2022 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар – Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(29) од Скопје од една страна и М.С.(23) од Скопје и И.И.(24) од Прилеп од друга страна во која, според пријавеното, бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.