дома блог страница 1335

Фатен 29-годишен прилепчанец кој провалил во автомобил и yкpaл повеќе предмети

На 05.12.2022 на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Прилеп.

Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Србија најавува враќање на служењето задолжителен вoeн poк

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци, јави дописникот на МИА од Белград.

-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.

Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.

-Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да, порача српскиот министер за одбрана.

Руската рубља ќе биде наметната како платежно средство во украинскиот регион Херсон

Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи, јави ДПА.

Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, соопшти денеска преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо.

Како причина, пренесува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија“.

Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, повторно под контрола на Украина. Меѓутоа, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници.

Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија.

Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.

Во другите анектирани региони, Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута, пренесе ДПА.

Градоначалникот на Сарај контра министрите на ДУИ: Повеќе се фалат отколку што работат

Градоначалникот на Сарај и организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети упати остри критики кон министрите од неговата партија. Во гостувањето во ТВ21 рече дека тие работат недоволно за реализација на програмата на ДУИ.

Беџети смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, како што се фали за реализираните проекти, така треба да преземе одговорност и за нереализираните проекти.

„Оваа Влада повеќе се фали отколку што работи. Потребно е повеќе да се насочат кон реализација на проекти за доброто на граѓаните. Затоа ние го кренавме гласот, сакаме да вршиме притисок кон Владата за да се реализираат проектите, затоа што се ближат избори, а на избори со нереализирани проекти граѓаните може и да не ве гласаат“, вели Беџети.

Македонија вечна, за да може да се види дури од небото: Само вистински Македонци прават вакви ремек дела (Фото галерија)

-Во атараот на село Горно Дивјаци, на карпите близначки на Шештар,каде повеќе од две години лежи во мир распослано македонското 16 кратно ,,сонце,,со пречник од 10 метри ги плени неговите гости.

А деновиве по иницијатива на Цане Стојковски,покрај сонцето е нацртана и картата на Македонија вечна пред да биде искасапена во балканските војни, од нејзините западно вечни душмани и немилосрдно како стока поделена на нејзините ,,соседи,,.

Картата е со димензија е 5х5 метри. Овие два прекрасни симболи ги нацртаа патриоти, од Организацијата на Македонскиот Народ – пишува на ФБ Симе Стојковски, крушевчанец по потекло кој живее во Скопје.

Шампионскиот пехар доаѓа во Прилеп: Прилепските боксери од “AC” ќе донесат радост за целата спортска јавност под Марковите Кули

После петтото коло во Младинската бокс лига кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, прилепскиот боксерски клуб “АС” се зацврсти на водечката позиција на табелата, и со тоа шампионскиот пехар со сигурност доаѓа во Прилеп.

На табелата во пресрет на последното шесто коло, “АС” е лидер со убедлива предност пред претендентите “Хасан Бег” и “Синди”.

Последното коло ќе се одржи престојниот викенд повторно во главниот град, а оттаму прилепските боксери предводени од тренерот Дарко Чатлески ќе се вратат како шампиони.

Ова е огромен успех за прилепскиот бокс и печат на напорната работа на Чатлески со неговите ученици.

Во однос на резултатите од петтото коло, прилепските боксери имаа две победи и еден пораз:

Во категорија на Кадети до 50 кг., Марко Петрески со 3-0 го победи Ебутали Рушев од “Фaмилија Демирови”, а во истата категорија до 80кг. Матеј Чатлески со технички нокаут во прва рунда го победи Тео Тиков од “Пинк Пантер Тим”.

Во деца до 54кг. Теодор Тошевски загуби од Рушан Алими од “Хaсан бег” со 2-1.

Секоја чест! Прилепските гимназијалци ја покажаа својата хуманост на дело – дapyваа кpв за да cпacaт нечиј живот (Фото галерија)

На 30.11.2022 во просториите на Гимназијата се спроведе крводарителска акција, на која гимназијалците од прилепската гимназија “Мирче Ацев”, во соработка со Црвениот крст ја покажаа својата хуманост и даруваа крв за да спасат нечиј живот.

Kрводарителската акција беше повеќе од успешна, при што собрани се повеќе крвни единици.

Секоја чест за нашите ученици!

Oткако Русија забpaни увоз на македонски јаболка, премиерот им делеше на учениците

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, им делеше јаболка на учениците од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ пет дена откога Русија го забрани увозот од Македонија.

„Успешно се реализира проектот ‘Здрава ужинка за секој ученик’, откупивме 743.000 килограми наши домашни јаболка и ги дистрибуираме до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици. Ќе ја развиваме програмата и во иднина, децата од мали да градат здрави навики и да јадат наши домашни производи од вредните раце на македонските земјоделци“, изјави Ковачевски.

Случајно или не, од 1 декември Русија го забрани увозот на јаболка од Македонија поради пронајдена кафеава мермерна бубачка во нив, „опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето“, како што соопшти Руската агенција за ветеринарен и фитосанитарен надзор Росселхознадзор. Нејзината забрана се однесува и на македонските јаболка што на рускиот пазар ги дистрибуираат извозници од други земји.

Половина од извозниот прилив од јануари до септември годинава бил остварен на рускиот пазар во вредност од 4,3 милиони евра.

Според податоците на „Ворлдтопекспортс“, пак, Македонија во 2020 година заработила дури 20 милиони долари од извозот на јаболка во Русија од вкупно 29,5 милиони, со кои била 26. најголем извозник во светот!

Ќе има што да прочита: Американска амбасадорка доби писмо со дојава за можна кopyпција и кpиминал во врвот на власта

Новата амбасадорка на САД во земјава Ангела Агелер добила отворено писмо од просветниот инспектор во пензија Ѓорѓи Илиевски кој со аргументи и укажува на можен организиран криминал и корупција во врвот на владата на СДСМ и ДУИ.

Илиевски вели дека кога домашните институции под контрола на СДСМ и ДУИ не функционираат тогаш решението за прогон на криминалот треба да се бара на друг начин.

Во продолжение целото писмо на Илиевски кое изобилува со аргументи за кои на амбасадорката ќе и биде тешко да премолчи:

До

АМБАСАДА НА САД ВО МАКЕДОНИЈА

Н.Е.АНЏЕЛА АГЕЛЕР

Почитувана екселенција,

Сакајќи да Ви посакам топло добредојде во мојата Македонија, пред се’ како нов амбасадор на стратешкиот партнер на нашата држава, се одлучив да изберам транспарантен модел со цел и Вие, но и пошироката македонска јавност да има увид во моите постапки и процеси.

Верувам дека состојбите во македонското општество Ви се познати и дека имате и други пријатели овде, имајќи предвид дека Вашата богата дипломатска мисија и кариера покрај многуте други држави во светот, веќе еднаш сте ја реализирале и кај нас.

Мотивиран од оваа сознание, но и од Вашата сериозна забелешка околку изборот на шеф на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се одлучив концизно и објективно да Ви пишам и за коруптивните состојби во една многу значајна област за иднината на државата – за образовниот криминал и корупција.

Свесен сум дека Ви е повеќе од познато дека последните четири години нема област која не е инфицирана од корупција, нема институција која не боледува од оваа болест, која ја „убива“ демократијата насекаде кај нас.

Во јавноста се претставува розева слика, боја која е платена со моќта на корупцијата, со тргувањето на влијание од страна на политичките и би рекол партиските центри на власта.

Пипците на политичката корупција го задушуваат граѓанинот овде и се обидуваат да воспостават власт на корупцијата наспроти власта на граѓаните!

Подолг период ги следам негативните појави поврзани со корупцијата во образованието, при што имам напишано бројни колумни, анализи (пет години) за институционалниот систем во Македонија. И покрај моите пишувања за криминалот, корупцијата, непотизмот, партизирани институции, како и јавни настапи, домашните институции си ја тераат она народната – „Кучињата лаат, карванот си врви“.

Па така, отворено ги напишав книгите: „Трулеж на системот“, како и „Македонија со хибриден криминален режим“, а во подготовка ми е и ново издание.

Кога домашните институции, не преземаат ништо за функционален правен систем, почнувајќи во секоја пора од општественото живеење, кога актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ и од „двајцата“ премиери Димитар Ковачевски и Али Ахмети, на виделина ни се случуваат партизирани, непотистички институции. Затоа, не случајно Македонија во Европа е на врвот според стапката на инфлација и стапката на невработеност според т.н. Индекс на мизерија во септември, и е втора на листата (33,2) на Европа. Овие факти го утврдуваат економското страдање на една земја, според инфлацијата и невработеноста и доволно зборуваат за економската беда и социјалното страдање на македонските граѓани. Загрижувачка и алармантна состојба!

Меѓународните институции, констатираат дека Македонија по перцепција на корупцијата и криминалот се наоѓа високо на ранг листата. Мизериите што владеат во владата по институциите, агенциите, разни второстепени владини комисии си го гледаат само својот финансиски интерес, а најмалку интересот на граѓаните.

Затоа Ви се обраќам Вам почитувана екселенција!

Вашето неодамнешно критикување за изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК) наиде на големо одобрување од сите македонски граѓани, ама сигурно не од носителите на извршната, законодавната и судско-обвинителстата власт.

Со право велите дека: „граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политиката нема место во овие постапки“. И со право истакнувате дека: „резултатите се збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари за обука на обвинители и други во правосудниот систем“.

Почитувана Екселенција,

Еве, како политичко – непотистички работи Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје, а кои синови, ќерка, зет се избрани кандидати во 2022 година. Од страна на политичката партија ДУИ се: од судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи – неговиот син Илир Јакупи, од судија во Апелација Енвер Беџети – неговиот син Јетмир Беџети, од нотарот, Екс директор на Биро за јавни набавки Алмир Садики – неговиот зет Исмаил Исени, претседател на Собрание Таљат Џафери – неговиот син Барлет Џафери.

Од страна на политичката партија СДСМ се: од обвинителот ОЈО ГОК Елизабета Јосифовска – нејзиниот син Драган Јосифовски, од претседател на судски совет Киро Здравев – неговиот син Зоран Здравев, од претседател на совет на обвинители Антонио Колевски – неговиот син Иван Колевски, од обвинител ОЈО ГОК Гордана Смаќоска – нејзината ќерка Билјана Смаќоска. Е, вака работи почитувана екселенцијо Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје. Па, затоа довербата во правосудскиот систем, од македонските граѓани е една голема НУЛА (zero).

Последниот скандал кој се обелодени, го потврдува моето пишување за криминалот, корупцијата, непотизмот, како и судир на интереси.

Имено, синот на Таљат Џафери, претседателот на Законодавниот дом, положил правосуден испит пред да дипломира, утврдила Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), што е спротивно на Законот и условите и начинот на спроведување на испитот. Иронијата да биде поголема ДКСК неможе да отвори предмет за случајот Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата?! Иако документацијата е од траен карактер. Скандал! Ова е организиран криминал, каде што има и судир на интереси, каде што членот на ДКСК Нури Бајрами е баџанак (жените се сестри) со Таљат Џафери. Притоа, покрај магистрирање на еден правник, за да полага правосуден испит, доколку е магистер, истиот треба да има доказ дека една година има практика кај адвокат, нотар, извршител, суд или друго правно лице!!! Поткопан е правосудниот систем и тешко дека оваа состојба може за брзо да се нормализира!

И сега, наместо ДКСК и нејзиниот претседател Билјана Ивановска, да побара објаснување и одговори од Академијата за судии и јавни обвинители, каде што одговорна е Наташа Габер Дамјановска, како и од Државниот просветен инспекторат, да извршат вонреден инспекциски надзор на соодветниот факукултет/универзитет и да се провери Главната книга за дипломирани студенти, кој е меродавен-веродостоен доказ, ДКСК и нејзиниот претседател Билјана Ивановска, смешно, ама вистинито за овој организиран криминал, предметот ќе го затвора?!

Нормално, перцепцијата за работата на институцијата ДКСК, која го затвора предметот е на линија со корупцијата и тргувањето со влијание. Со право македонските граѓани велат и ДКСК е соучесник во криминалот и корупцијата.

Да биде трагедијата поголема Министерството за правда, дава соопштение дека: „Барлет Џафери положил правосуден испит на 05.02.2015 година, а потписот за положениот испит го ставил тогашниот министер Аднан Јашари“.

Наместо ДКСК и претседателот Билјана Ивановска, да побараат одговор од поранешниот министер Аднан Јашари, тој се заканува на новинар да го повлечат текстот кој е објавен и да се извинат. Пази, пази, закани кон новинар?

Па така почитувана екселенцијо, сега во декември, синот на првиот човек на законодавниот дом, треба да ја заврши Академијата на судии и обвинители, и се очекува да потполни некое од испразнетото судиско или обвинителско место.

Затоа почитувана амбасадорка Анџела Агелер, воопшто да не бидете изненадени ако синот на првиот човек на законодавниот дом, биде десна рака на Ислам Абази за гонење организиран криминал и корупција. Тоа може да се случи по наредба на Али Ахмети. Тоа и се очекува од оваа исполитизирана Академија на судии и јавни обвинители, во оваа моја Македонија.

Почитувана екселенцијо, ова е само еден мал момент од криминалните, непотистички и нефункционални институции во Македонија!.

Затоа, почитувана екселенција Анџела Агелер, потребно е да се заложите со обвинителството во Македонија да раководи европскиот јавен обвинител Лаура Ковеси, каде што Законот ќе биде еднаков за сите.

Во очекување!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор

Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Србите

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија, поради лошото однесување на фудбалерите и управата на натпреварот против Швајцарија.

„Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради потенцијални прекршувања на членовите 12 (несоодветно однесување на играчите и официјалните лица), 13 (дискриминација) и 16 (ред и безбедност на натпреварите)“, се вели во соопштението на ФИФА.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија го одбележаа бројни инциденти кои се случија пред, за време и по натпреварот, како на теренот, така и на трибините.

На самиот терен видовме тепачки, провокации и удари од двете страни, а особено бурно беше на крајот од мечот кога Гранит Џака се судри со Никола Миленковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ и уште неколку српски фудбалери.

Останува да видиме каква ќе биде конечната одлука на ФИФА и потенцијалната казна на ФСС.