Толку тивка кога зборува, а гласна и моќна кога пее: Слушнете го прекрасниот настап на Михаела од Прилеп, со кој освои второ место на светски фестивал (Видео)

Ученичката од петто оддление во ООУ “Климент Охридски” Прилп, Михаела Пурдеска минатата недела како најмлада учесничка зеде учество на WAF АWARDS 2022 и WAF CONTEST 2023, концерт кој се одржа под покровителство на Светска асоцијација на фестивали. Михаела ја претставуваше Македонија, а настапи со Евровизиската композиција ,,Fire” од Мила Москов.

Натпреварувачите беа поделени во 5 категории, а Михаела во силна конкуренција на натреварувачи од над 20држави, во категорија од 11 до 15 години го освои второто место од стручното жири.

Тивка во разговор, но силна и моќна кога пее. Слушнете ја 11-годишната Михаела Пурдеска, со оригиналната снимка од WAF AWARDS 2023.

Ова беше прв настап и освоено второ место од стручното жири, во изведувачи од 11 до 14 години, за нашата сограѓанка, со глас и техника на пеење како возрасен изведувач. Моментално посетува настава по пијано во Музичкото училиште,, Ордан Михајлоски Оцка”, но нејзина желба е да продолжи да го усовршува гласот во соло пеење. Воедно, Михаела посетува и часови по пеење во приватното училиште “Матрикс”. Во телефонскиот разговор ни рече дека нејзини омилени пејачи и се Адел и Тамара, но во последно време ги слуша и се воодушевува од песните на Калиопи, а за Евровизиската композиција од Калиопи,, Црно и бело”, вели дека Македонија и Калиопи го заслужувале првото место.

-Сакам кога ќе пораснам да звучам како Калиопи, таа пее дури и нејасни тонови за мене, кој верувам во иднина ќе ги научам со моите професори, зашто уште сум мала. Пробувам песни и од Витни Хјустон, Тамара, Тоше. Иако се тешки за моја возраст, сепак тоа ми лежи, онаму каде неможам запирам, зашто мојот ментор Денис Димоски ме советува да го чувам гласот, додека не созрее, ни рече Михаела во телефонскиот разговор.

Инаку, Михаела е скромно и воспитано девојче, тивка во гласот при разговор (едвај ја слушавме на телефон), а толку гласна и моќна кога пее.

И’ посакуваме уште поголеми во иднина и веруваме дека еден ден дури и ќе заблеска на некоја голема светска сцена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.