ИЛИНА: (седнува на масата) Кажи ми Јосифе.. синоќа, пак ли доаѓаа, или јас не можам добро да заспијам, па сеништа ми се моткаат низ главава моја и не ми даваат сон да ми дојде..
ЈОСИФ: Што да ти кажам Илино.. кога и јас не знам што е.. Ги слушам, се будам, излегувам надвор, надвор душа жива нема.. Земам и нож со мене, што знам кој е, што ќе направи.. Нема никој, но гласови слушам, мене ми зборат.. Куќава Илино ја сакаат.. и земјата, се! Не тераат оттука..
ИЛИНА: Куќата ја сакаат?
ЈОСИФ: Да, куќата, земјата.. а и бунарот го спомнуваат секојпат.. Бунар да ги удави.. Шубе ми е Илино, комшииве си велам ќе ме чујат, ќе ме видат, резил ќе ме изеде. Ќе се пушти зборот, после враќање нема. Што прави Јосиф со нож во црни темнини, со кого се кара, кого ќе коле! Како да им кажам, кој ќе ме разбере. А ѓаволска работа е.. Знаеш ли дека само ние ги слушаме гласовите? На она викање, на она тупотење од коњи, врескање, кикотење.. Никој не слуша, само ние.. и тоа скоро секоја вечер.. Чудно.. многу чудно.. Ѓаволска работа Илино.. не чини ова..
Денеска ја славиме Св. Великомаченица Екатерина, а именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…
Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија.
Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.
Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.
Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството.
Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година.
Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.
Во Гевгелиско Св. Катерина не се празнувала на 24 туку следниот ден на 25 ноември (с.с.) и се сметала за другарка на св. Варвара.
-Во интерес на добрата соработка помеѓу жителите и правните лица од Општина Прилеп, Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп се обраќа кон сите правни и физички лица одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса најдоцна до 31 Декември 2022 година.
Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица – стои во соопштението од Одделението за администрирање на приходи на Локалната самоуправа – Прилеп
Власта предводена од СДСМ нема да ја има поддршката од коалициониот партнер, Павле Трајанов за прашањето за уставните измени.
-Претседателот на Демократскиот сојуз во вечерашното гостување во емисијата Само вистина одговарајќи на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот устав без реципроцитет од страна на Бугарија, рече дека нема да подржи и со тоа практично нема да гласа.
-Апсолутно не, одговори Трајанов.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски денеска пред учесниците на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана порача дека Северна Македонија продолжува посветено да работи на скрининг процесот и оти очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои, како што вели, уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права.
Се’ е подготвено за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2022“ велат организаторите на турнирот, Здружението на спортови „Марков град 2022 – Прилеп“. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го истакна задоволството што турнирот повторно се одржува:
„По три години пауза, активно се враќа традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2022“. Жалам што при сите обиди, не успеавме турнирот да го организираме во Универзална сала, но како алтернатива, дојдовме до реализирање на овој турнир во спортската сала на ООУ Добре Јованоски . Оваа година покровител на турнирот во мал фудбал е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот. Од 10 до 25 декември ве поканувам да уживате во мајсториите на фудбалерите и во возбудата на турнирот во мал фудбал кој воедно ќе има и хуманитарен карактер“ – истакна градоначалникот Јовчески.
Претседателот на здружението на спортови Марков Град, Александар Крстески смета дека и покрај помалиот капацитет на салата во ООУ „Добре Јованоски“ љубителите на малиот фудбал во голем број ќе присуствуваат на натпреварите. Организаторите очекуваат на турнирот да земат учество над 900 учесници, а ќе има и репрезентативци од футсал репрезентацијата на Македонија.
Македонче Дуртаноски, член на организациониот одбор истакна дека влезниците на турнирот, кои ќе почнат да се продаваат од првиот ден, всушност ќе претставуваат хуманитарни купони, што значи дека сите собрани средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани.
„Влезниците ќе бидат со симболична цена од 50 денари а капацитетот на салата каде ќе се играат натпреварите е од 300 столчиња. Предвидено е турнирот да оди во живо преку “live stream” на натпреварите кои ќе се играат по завршувањето на групната фаза како и ждребот, одосно извлекувањето за групите. Инаку екипите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи, ќе играат по систем секој со секого , а двете најдобро пласирани од групата продолжуваат понатаму.“ – рече Дуртаноски.
Инаку, наградниот фонд на турнирот во сениорска конкуренција ќе изнесува: за освоено ПРВО место 240 000 денари , за ВТОРО место 120 000 денари и за ТРЕТО место 60 000 денари. Што се однесува до пионерските натпревари, наградниот фонд се планира да биде доделен во спортски реквизити , топки и плакети.
Покровител на турнирот е Општина Прилеп, генерален спонзор на турнирот е компанијата Комфи Ангел, а во поддршка се вклучуваат и други општествено одговорни компании како и Регионалната Стопанска Комора.
Јапонските фудбалери уште еднаш ја воодушевија светската јавност бидејќи ја напуштија соблекувалната во беспрекорна состојба.
Официјалната страница на ФИФА објави фотографија од јапонската соблекувална по мечот со Хрватска, а во продолжение покажаа дека Јапонците зад себе оставиле 11 оригами што е симбол на честа во оваа земја.
“Нашето срце е чисто, па трибините мора да бидат чисти. Тоа значи дека тимот ја исполнува својата судбина. Средувањето и чистењето кога заминуваме е манифестација на нашата култура”, објасни еден Јапонец.
Поранешниот претседател на Владата на Албанија, Сали Бериша доживеа невкусен инцидент од страна на граѓанин.
Имено, додека се движеше низ толпата народ, маж му удри бокс на Бериша, но веднаш потоа, поддржувачи и дел од обезбедувањето на поранешниот албански претседател на Влада, му се нафрлија на напаѓачот и почнаа да го удиpaaт.
По добиените информации за почината македонска државјанка Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи соопштува дека преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.
Познатата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа Јанеска била пронајдена мртва со прострелна рана во местото каде што живеела во Јужна Африка. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а пред смртта живеела во Јужна Африка. Без многу детали за причините за смртта, веста ја објавија повеќе африкански медиуми, а преку социјалните мрежи тажната вест ја сподели нејзиното момче, Оми Димпо Мурнс, пејач – рапер од Танзанија.
Јанеска неодамна објави фотографии на нејзиниот инстаграм профил со актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
Од овој месец лјадници граѓаните ќе добијат помош за да се справат во кризата до 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци.
Вкупно со овој закон се опфатени речиси 200.000 лица, наши сограѓани кои се со ниски примања. Со овој Закон помошта се лоцира директно кај оние семејства кои имаат најмногу потреба од помош во време на криза.
Согласно законот предвидено е помош да добијат:
– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.
За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:
– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;
– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.
Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.
Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.
На 05.12.2022 на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Прилеп.
Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од ОВР Прилеп.