Владиката Петар: “Денеска имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј”

Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј. Тоа прашање час поскоро мора да го поставиме на дневен ред пред Синодот и да го решиме, предупредува владиката Петар.

“Денеска имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј кој превзема ингеренции, дури и мои како претседател на одделот за соработка со православните цркви. И секако дека тоа прашање мора час поскоро да го ставиме на дневен ред на Синодот во цел состав и да го решиме. Зошто јас имав слобода да му кажам пред нашиот архиепископ Тимотеј, пред архиепископот Климент, ред цилибрскиот митрополит Максим, кој има студирно и докторирано во Белград, и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, свештени лица, преведувачи итн. да му пренесат на неговата сесветост, ние нема да дозволиме да имаме парацрковна организација во лицето на епископот Партениј заедно со структурата негова во Бигорски и со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија, јавно кажувам и им порачувам да се тргнат од мојата епархија и повеќе да не ми прават таму проблеми, зошто сериозна е ситуацијата а за другите епархии нек си водат сметка надлежните архиереи. И ова е веќе сериозен проблем на нашата црква” – соопшти во интервјуто на ТВ СОНЦЕ Архиепископот г. Петар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.