дома блог страница 1333

Бугарија и Грција ќе подигнат споменик на Делчев во Баница, Македонија никој не ја споменува

Бугарија и Грција заеднички ќе подигнат споменик на Гоце Делчев во селото Баница каде што е убиен, најавија бугарските медиуми. Иницијативата доаѓа од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу. Во овие договарања Бугарија и Грција со ништо не ја споменуваат Македонија, иако Делчев е водач на македонското револуционерно движење и наспроти фактот што неговите посмртни останки се наоѓаат во во Македонија, во нејзиниот главен град Скопје.

„Ќе ја поддржам иницијативата за подигање спомен плоча на Гоце Делчев во селото Баница во денешна Грција по повод 120-годишнината од неговото убиство, што ќе се случи во 2023 година“ -изјави бугарскиот претседател Радев.

„Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратегиско партнерство и разбирање“ – додава бугарската држава.

„Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле“ – рече Радев.

Некогашното македонско село Баница, или преименувано како Кариес, се наоѓа во регионот на Серес, во Егејска Македонија, во Северна Грција, и во него во 1903 година загинал македонскиот револуционер Гоце Делчев. Баница денеска речиси и да не постои.

Извор: “Eкспрес.мк”

Испливаа нови информации за мистериозната cмpт на инфлуенсерката Маја Јанеска

Пиштолот пронајден крај телото на Маја Јанеска бил на нејзиниот партнер. Пишtoлот што беше пронајден покрај безживотното тело на македонската државјанка Маја Јанеска, во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниот партнер, Кајл Филипс, кој, патем, е во тутунската индустрија, утврдила истрагата на јужноафриканската полициja која сè уште е во тек, објави порталот „Њуз24“. Јанеска викендот беше пронајдена со пpocтрелна paна во главата, а Филипс, како што објавија медиуми во Јужна Африка, бил во куќата.

Порталот „Њуз24“, повикувајќи се на полициски избори, објави дека Филипс наводно одбил да се подложи на преглед од државен патолог кој е задолжен за спроведување на обдукцијата на Јанеска. Додека разговарале и се обидувале да утврдат дали има некакви траги по телото, се додава во веста на медиумот, тој „буквално бил опколен од своите телохранители“.

Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

За време на престојот во Скопје, таа одржала и мотивациски говор пред студенти на ФОН на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка, пренесува ТВ Телма.

Колкави се платите на премиерот, претседателот и министрите?

Државата планира следната година да ги зголеми платите во дел од институциите, според наведеното во Предлог-буџетот за 2023 година, а поголема просечна бруто плата ќе има и кај Претседателот на државата, во Владата, но не и во Собранието, пишува Радио слободна Европа.

Претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието и пратениците имаат месечна плата од околу 1.500 евра. Тоа е трипати повеќе од просечната плата во земјата која изнесува околу 500 евра, се наведува во прилогот на РСЕ.

Целиот прилот можете да го прочитате на Радио Слободна Европа.

Удрен пешак на булевар “Гоце Делчев” во Прилеп

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с.Мало Коњари.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Koмпанија за пример: СН Осигурителен Брокер донираше за уредување на влезната патека на градинката во Долно Оризари

Детската градинка „Пинокио“ во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ додели благодарница за СН Осигурителен Брокер АД Битола како општествено одговорна компанија.

Ова следи откако со поддршка на компанијата извршено е уредување на влезната патека, односно монтирана е настрешница на влезот на установата.

Со ова се подобруваат безбедносните услови за сите деца кои ја посетуваат градинката во населбата Долно Оризари во Битола, а кои сега со новата настрешница нема повеќе во врнежливите периоди да се движат по лизгава патека.

Директорката на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревскa благодарницата им ја врачи на Александра Петровска, раководител на експозитури на СН Осигурителен брокер АД Битола и Иванчо Дафовски, директор на СН Сообраќаен Центар како признание за придонесот на компанијата во заедницата како дел од стратегијата за општествена одговорност.

Врзyвajте ги домашните миленици: Битолчанец дебело ќе одговара, затоа што неговото кyче кacнало малолетник

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”.

На 21.10.2022, пријавениот не го врзал кучето – домашен миленик, кое излегло од неоградениот двор и каснало малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Мицкоски: Новиот увоз на струја е за 4 дена, а ЕСМ за овој увоз „херојски“ ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра

Продолжува увозот на струја, продолжуваат “хероите” на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со “херојските” авансни провизии, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8ми до 11ти Декември, а ЕСМ за овој увоз “херојски” ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000€. Од 7ми Ноември до 11ти Декември или за само 35 дена потрошени се вкупно 36.688.848€ за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и “херојски” делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1ви Ноември за да проработи Битола 3 уште не е ни во Македонија. Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност! Истакна Мицкоски.

Дојава за бoмбa во Народна банка

Девет средни скопски училишта добиле дојави за поставен експлозивна направа. Освен училишта, денеска пријава за бомба добила и Народната банка, пренесува ПРЕСС24.

Од МВР за Прес24 велат дека веднаш по добиената пријава, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случаите во скопските училишта.

-Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Инаку, засега само еден малолетник доби кривична пријава за тероризам кој инспириран од претходните пријави, дојавил дека е поставена бомба во училишта. МВР мака мачи да ги најде лицата кои речиси еден месец пријавуваат наводни експлозивни направи во школите.

29-години од cмpтта на Блаже Конески: “Јазикот е единствената наша татковина…”

Денеска, 7 декемврви (1921 – 1993 г), се навршиуваат 29 години од смртта на Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература, како и во областа на културната историја на македонскиот народ.

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово; основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп (1934), а виша гимназија во Крагуевац (1939). Студиите во Белград ги почнал прво на Медицинскиот факултет, потоа на Филозофскиот факултет, на отсекот за Словенска филологија, a славистичките студии ги продолжил во Софија, каде што и дипломирал (1944). По војната работел како лектор во Македонскиот народен театар во Скопје, а во 1946 година станал предавач на Филозофскиот факултет, во Скопје, каде што, во 1957 година, станал и редовен професор и предавал историја на македонскиот јазик, при што во текот на сиот свој работен век бил шеф на Катедрата за јужнословенски јазици; бил декан на Филозофскиот факултет (1952/53) и ректор на Скопскиот универзитет (1958/60). На 13 февруари 1947 година бил избран за прв претседател на новооснованото Друштво на писателите на Македонија, а истата функција ја вршел уште во два мандата (1948, 1951/1952), бил и претседател на Сојузот на писателите на Југославија (1961/64) и прв претседател на МАНУ (1967/1975). Исто така, бил дописен член на сите поранешни југословенски академии на науките и уметностите, како и почесен доктор на Универзитетот во Чикаго (1968) и на Универзитетот во Вроцлав, Полска. Учествувал во составувањето на првиот Правопис на македонскиот литературен јазик (1945), бил редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик (1961/66), а автор е на голем број студии за средновековната и современата македонска писменост и приредил голем број едиции на стари македонски текстови. Во одделни периоди ги уредувал и списанијата „Нов ден“ и „Македонски јазик“.

За својот книжевен опус добил високи награди и признанија, и тоа: „Годишната награда“ на ДПМ (1953), наградата на Сојузот на писателите на Југославија (1956 – за стихозбирката ,,Везилка“), некогашното највисоко сојузно признание АВНОЈ (1966), Хердеровата награда за литература, како и наградите „11 Октомври“ (1961 – за редакцијата на првиот том на „Речникот на македонскиот јазик“; 1965 – за делото „Историја на македонскиот јазик“; 1974 – за стихозбирката „Записи“; 1979 – за животно дело; за поетската книга „Записи“ ги добил и наградите: „Браќа Миладиновци“ на СВП-1974, „Кочо Рацин“ (1974) и „Његошева награда“ (1975); исто така, бил лауреат на наградите „Кирил Пејчиновиќ“ (1976 – за преведувачки опус), наградата за книжевен опус на книгоиздателството „Мисла“ (1981), „Златен венец“ на СВП-1981, „Бранко Миљковиќ“ (Ниш), „Скендер Куленовиќ“ (Приедор, 1985), „13 Ноември“ (1986 – од областа на науката, за книгата „Македонскиот 19. век“), „Вуковата награда” на КЛЗ на Србија (1987), „Рациновото признание“ (1988 – за „Дневник по многу години“), како и на наградата „Книга на годината“ (1989 – за стихозбирката „Сеизмограф“).

Издавачката куќа „Табернакул“ во Скопје, во 2003 година, ја издаде неговата „Собрана лирика“ во три томови. Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во земјата и во странство, а посебни книги со избори од неговото поетско творештво се издадени на германски, англиски, француски, турски, руски, украински, романски, грчки, унгарски, полски, дански, италијански и на други јазици.

На македонски јазик Конески ги превел: „Горски венец“ од Његош (1947), „Лирски интермецо” од Хајне (1952), „Отело” од Шекспир (1953), „Поезија“ од Александар Блок (1966), „Крштавање на Савица“ од Прешерн (1980).

Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.

Книжевен опус на Блаже Конески (1974), Огари и нови иесни (1979), Места и мигови (1981), Чешмите (1984), Послание (1987), Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989), Небеска река (песни и препеви, 1991), Црн овен (1993); Раскази: Лозје (1955); Прозни записи:

Дневник по многу години (1988). Едночинка: Гладна кокошка просо сонуе (1945); Лингвистички и научни трудови: Македонски учебници од 19. век (1949 – прв дел; 1959 – втор дел), Македонската литература во 19. век (1950 – прв дел; 1952 – втор дел), Граматика на македонскиот литературен јазик (1952 – прв дел; 1954 – втор дел); Историја на македонскиот јазик (1965), Јазикот на македонската народна поезија (1971), Македонскиот 19. век, јазични и книжевноисториски прилози (1986), Тиквешки зборник (1987), Прилепскиот говор, Историска фонологија на македонскиот јазик (2001 – постхумно во превод на македонски јазик); Есеи: За македонската литература (1961), Беседи и огледи (1952), Ликови и теми (1987), Македонски места и теми (1991), Светот на легендата и песната (1993); Редакција: Речник на македонскиот јазик (1961 – прв том; 1965 – втор том; 1966 – трет том).

Починал на 7 декември 1993 година.

Урнебесно видео: Како изгледаше групната фаза на Светското првенство

Како изгледаше групната фаза на Светското првенство во Катар: