дома блог страница 1328

Aмериканската амбасадорка Агелер на баклава и боза во Гостивар (ФОТО)

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Прајс Агелер, постојано објавува фотографии од вкусната македонска храна од секој град што ќе го посети.

Денеска амбасадорката го посети Гостивар каде проба гостиварска баклава.

– Баклава во Гостивар е секогаш добра идеја, напишаа од американската амбасада на Фејсбук каде споделија фотографија од Агелер со гостиварската баклава.

how far is far..

фотографија – Шлакески Маринко

„ПИЈАНО“ (2022) – Маринко Шлакески (извадок)

(соба во домот на Кира)

КИРА: (седи покрај пијаното, гледа во подот) Никој не доаѓа.. Ниту јас одам некаде. А каде би одела.. и зошто.. Ќе била зима.. велат. Долга. Подолга од вообичаено. Колку е тоа.. вообичаено? Вообичаено подолга.. (станува, оди до ѕидот.. го допира)

Овде е секогаш.. зима.. освен кога не е.. И мојот роденден е во зима. И на многу кои ги знам. Но не на сите.. Но тие веќе не се овде.. И нема да се вратат.. барем не за скоро. И не треба.. да се вратат.. Затоа зимата ќе е долга.. или можеби ќе биде само.. зима.. Можеби затоа и звукот во оваа соба е студен.. Истото пијано.. истата соба.. a звукот студен.. непрепознатлив.. туѓ..

(ѕвонење и тропање на влезната врата).

Газдата му дал 23.500 евра да ги предаде на колега, а тој ja дувнал со парите

Скопјанец противправно присвоил 23.500 евра од фирмата каде што работел, соопшти МВР.

Имено вчера во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје – вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата.

Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде на друг вработен, кој бил во Струмица.

Како што било пријавено, С.С. не ги предал парите и наредниот ден се јавил на сопственикот и рекол дека ги нема парите, по што одбивал секаков контакт.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мицкоски за српска “Политика”: “Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот”

Со своето постоење „Политика“ ги помина сите тестови на времето и предизвиците што ги носи. Можам да ви честитам на вашата упорност и професионалност. „Политика“ денес е еден од најрелевантните извори на информации за состојбите во Србија, но и во регионот. Од таа гледна точка, вашиот медиум секако придонесува за поблиска соработка меѓу двете земји, но секако има простор за уште поголема и поинтензивна соработка на полето на пренесување информации за актуелните настани. Најпрво треба да се размислува „Политика“ повторно да биде достапна за македонските читатели, не само преку веб сервис, како што е сега. Ваквото вмрежување не може да биде штетно, а достапноста до повеќе информации секако ќе биде од корист, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Политика.рс“.

„Кога станува збор за соработката меѓу нашите две земји, исто така има простор за подобрување, особено во областа на инфраструктурата, енергетиката и економијата воопшто. Посебен фокус треба да се стави на проекти кои ќе придонесат за подобар живот на нашите граѓани и нивна поперспективна иднина. Изградбата на подобра железничка и патна врска меѓу овие две земји и гасоводна врска што ќе гарантира енергетско поврзување е услов за поголема благосостојба на граѓаните на Србија и Македонија. Нашите земји традиционално имаат добри економски односи, Србија е еден од нашите најважни економски партнери. Доста ги кршевме копјата за историјата и политиката, време е да се натпреваруваме кој ќе направи подобар економски и инфраструктурен проект кој ќе не зближи со соседите“, вели Мицкоски.

Сведоци сме на големи промени во светскиот поредок, кои, за жал, беа иницирани од војната. На кој начин мирот може да исплива од вителот на овие настани на светската политичка сцена? Дали е ова шанса за малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“?

Македонија, како ниту Србија, ниту Албанија, не е одлучувачка сила во овие процеси. Тие мора да бидат многу внимателни и да ги застапуваат нивните интереси кои се стратешки релевантни за овој регион. На тој фронт ништо не зависи од нас, но секако е важно да се поддржат стратешките процеси кои би обезбедиле мир. Овие тешки времиња за Европа и светот бараат многу мудрост, ладни глави и внимателни изјави. Ние од овие простори знаеме што значи уништувањето предизвикано од војните и какви последици остануваат после нив. Господ да не чува од такви времиња!

Ние сме мали земји од кои не зависат многу глобални процеси, но одлуките што ги носат политичарите на овие процеси многу влијаат на животот на нашите граѓани. За доброто на животите на нашите граѓани и нашата иднина треба да работиме на градење мир овде и на тој начин да придонесеме за мирот во Европа. Еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител, како што кажавте, заедно, без поголеми последици. Единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија во оваа криза е да покажеме дека ги научивме лекциите од минатото и да градиме подобра заедничка иднина.

Оваа година, Македонија претседава со ОБСЕ и Јадранската повелба. Таа е членка на НАТО и води политика усогласена со политиката на ЕУ. На кој начин ќе се залагате за мир во светот и каква стратегија ќе препорачате како парламентарна опозиција, со оглед на тоа што Русија е таа која спроведува специјална воена операција на територијата на Украина, а е членка на ОБСЕ и ОН?

Македонија ја одреди стратешката насока. ОБСЕ е колективна организација и, како таква, не остава простор за солирање на ниту една земја. Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена. Очекувам дека Македонија и сите земји-членки на ОБСЕ ќе работат да запре војната во Украина. Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна макар и еден ден. Решенијата се секогаш во разговори, а не во судири.

Како го гледате натамошниот развој на европската интеграција на Западен Балкан и Македонија?

Копенхашки критериуми – тоа е мојот одговор. Европската интеграција на која било земја не треба да биде условена со субјективни политички критериуми, туку исклучиво да зависи од општи и објективни критериуми кои важеле за сите. Непринципиелноста раѓа неправда, а неправдата раѓа фрустрација и апатија кај граѓаните. Земјите од Западен Балкан имаат сериозен предизвик пред себе да ги достигнат Копенхашките критериуми, иако сум убеден дека тие се многу поподготвени во оваа фаза отколку другите земји кога се приклучија на ЕУ во минатото. Имаме сериозен предизвик: да се справиме со борбата против организираниот криминал, владеењето на правото, економските и социјалните прашања кои ќе не доближат до европските вредности. Тоа беше нашата домашна задача на која требаше да ги насочиме нашите капацитети и енергија.

Продолжувањето на европската интеграција на Македонија зависи од исполнувањето на бугарскиот услов, т.е. на француско-германскиот предлог за решавање на спорот меѓу РСМ и Бугарија, што подразбира натамошна промена на Уставот на РСМ. Зошто не се согласувате со промена на Уставот и барате вонредни парламентарни избори?

Ќе повторам, нашата енергија треба да ја насочиме кон исполнување на европските стандарди. Ова е наш приоритет – затоа што ќе го подобри животот на луѓето и ќе не приближи до Европа. Верувам во теоријата на мандатот, што значи дека една партија оди на избори со програма и ветувања кон своите гласачи, за што ќе работи во наредниот период. Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период. Би додал дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на владата и нејзините политики. Не се задоволни од економијата, владеењето на правото и исполнувањето на европските критериуми. Ова е дотолку повеќе што треба да имаме избори за одлучување за нова влада, која ќе добие мандат од граѓаните да решава проблеми и предизвици. Во спротивно, Македонија губи време. Доколку не се одржат изборите, ние како држава нема да видиме ништо поразлично од она што го гледаме последните пет-шест години додека оваа влада на СДСМ ја води државата. Затоа треба да имаме избори, нов мандат, нова влада и јасна насока на државата кон посигурна иднина.

Владата ги објави платите на советниците и соработниците на премиерот: Љубе Бошкоски, новинари… плати и до 58.000 денари

Владата ги објави платите на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата, покрај оние кои досега беа познати како надворешни советници. До сега единствено беа познати имињата и месечните приходи на 13-те надворешни соработници на премиерот Димитар Ковачевски, кои во меѓувреме станаа 15. Објавени се платите и имињата на уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати.

Пред една година Ковачевски објави дека првично гломазната листа од преку 50 советници на неговиот претходник Зоран Заев ќе се скрати на само 13 надворешни соработници. Но на новите листи, голем број на поранешни советници на Заев сега се впишани како соработници на Ковачевски.

Љубе Бошковски и Аксел Ахмедовски и натаму се советници и дури и платите им се зголемени за околу 2.000 денари.

Eве кој зема најголеми плати во Македонија

Најголема просечна нето-плата во Република Македонија добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во ИТ индустријата во ноември 2022 година земале нето-плата во просек од 84.018 денари, по што следи секторот Воздухопловен транспорт со нето-плата од 63.289 денари, додека по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со плата од 53.243 денари.

ДЗС, исто така, објави дека просечната нето-плата по вработен во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари.

Вучиќ: “Ми рекоа дека мораме да го прифатиме планот за Косово, во спротивно…” (Видео)

Планот за Косово веќе не е само француско-германски план, туку многу повеќе од тоа, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста. Тој посочува дека на состанокот на „големата петорка“ му било кажано дека мора да го прифатиме планот, а дека во спротивно Србија ќе се соочи со прекин на евроинтеграцискиот процес, запирање и повлекување на инвестициите и сеопфатни мерки во економска и политичка смисла.

Тој вели и дека ќе има голема борба за Заедницата на српските општини, како и дека е загрижен дека нема порационален пристап за решавање на проблемот.

Претседателот на Србија рече дека во втората реченица на состанокот на „Големата петорка“ му било кажано дека мора да го прифатиме планот.

„Во втората реченица што ми беше соопштена, беше речено – мора да го прифатите овој план, а ако не го прифатите, бидејќи сметаме дека мора да се прифати, ќе се соочите – под еден со прекин на евроинтеграциите, под два со запирање и повлекување на инвестициите и под три со сеопфатни мерки во економска и политичка смисла кои ќе нанесат голема штета на Република Србија“, рече претседателот Вучиќ.

Тој вели дека ова му било повторено трипати во текот на разговорот.

Вучиќ изјави дека во следните неколку дена ќе ги покани на разговор сите претставници на пратеничките групи за да ги информира што се случува и да им даде повеќе информации за тоа како напредувале преговорите за Косово.

Мицкоски: За само дваесет дена буџетскиот дефицит изнесува околу 110 милиони евра

Буџетскиот дефицит за само 20 дена е околу 110.000.000 евра, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За само дваесет дена во 2023 година од 1ви до 20ти Јануари, буџетскиот дефицит е околу 110.000.000 евра. Нов долг за идните генерации. За да може неколкумина да крадат, цела држава е заложник. Ова не се европски вредности ова се криминални вредности. Доаѓа денот на одговорност за криминалците во политиката!, пишува во својата објава Мицкоски.

Денеска ќе бидат објавени номинациите за најновото доделување на Оскарите

Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави номинациите за престижните „Оскари“.

Одличјето е претставено со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми. Годинешното, 95-то доделување на наградите ќе се одржи на 12 март, во 24 категории.

Свеченоста на прогласување на победниците е една од најпрестижните доделувања награди во светот на филмот.

Филмот „КОДА“ на режисерот Шан Хедер беше минатогодишен добитник на главниот „Оскар“ за најдобар филм.

Елена Велевска во друштво на најбогатиот прилепчанец во Америка (Фото)

Прилепчанката Елена Велевска деновиве заедно со колеги од естрадата е во Америка, а водителот Јанко Илковски објави нејзина заедничка фотографија со уште еден прилепчанец, кој важи за еден од најбогатите Македонци во САД.

Фотографијата е направена на празникот Водици, а друштво на Елена и прави Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.