Владата ги објави платите на советниците и соработниците на премиерот: Љубе Бошкоски, новинари… плати и до 58.000 денари

Владата ги објави платите на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата, покрај оние кои досега беа познати како надворешни советници. До сега единствено беа познати имињата и месечните приходи на 13-те надворешни соработници на премиерот Димитар Ковачевски, кои во меѓувреме станаа 15. Објавени се платите и имињата на уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати.

Пред една година Ковачевски објави дека првично гломазната листа од преку 50 советници на неговиот претходник Зоран Заев ќе се скрати на само 13 надворешни соработници. Но на новите листи, голем број на поранешни советници на Заев сега се впишани како соработници на Ковачевски.

Љубе Бошковски и Аксел Ахмедовски и натаму се советници и дури и платите им се зголемени за околу 2.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.