дома блог страница 1327

Џамбаски се закани: “Педнаровски да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ”

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски упати сериозни закани кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој побара власта да забрани влез во Македонија за него и за неколку други бугарски државјани.

Џамбаски во интервју за софиската Нова ТВ најави дека секако ќе дојде на 4 февруари во Скопје иако не го планирал тоа. Додава дека сега е решен да го посети гробот на револуционерот Гоце Делчев, бидејќи „коминтерновецот“ Стево Пендаровски бара да му се забрани влез во Македонија. На Пендаровски му испрати порака преку која тој би требало да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ и што за тоа во поглед на ВМРО вели историјата (кралот беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година, н.з.).

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.

Јовчески: Доделивме по 100 евра за новороденчиња на 400 семејства во Прилеп

Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари за новородено дете, помогнавме во 400 семејства во Прилеп во изминатата 2022 година – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Врз основа на мојата предизборна програма во делот на социјална заштита, предвидено беше да се доделува еднократна парична помош во висина од 6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп, почнувајќи од 01.01.2022.

После донесувањето на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп, го започнавме овој значаен проект со кој што дополнително им помагаме на сите млади родители во Прилепскиот регион.

Продолжуваме и во оваа 2023 година да бидеме посветени на нашите сограѓани и како Локална самоуправа да имаме позитивно влијание за поттикнување на наталитетот, зголемување на природниот прираст во нашата општина и да помагаме во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата – напиша Јовчески.

Зајкова: Јас сум по потекло од Кукуш, говорам македонски јазик и секогаш ќе бидам горда Македонка

Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите. Ние сме свесни дека уставните измени како обврска треба да значат отворање на поглавје во ЕУ, што може и нема така брзо да ги затвориме, рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус” на 21 тв.

– Ние можеме хипотетички да кажеме дека можеме и без Европската унија и без НАТО и без политички партии, меѓутоа граѓаните се оние коишто ја сочинуваат државата и само без граѓани не може да постои една држава, но мора да сфатиме дека ЕУ значи подобро секојдневие на секоја индивидуа и затоа и толку се стремиме кон тој Европски пат, додаде таа.

Според Зајкова не треба реториката да се однесува на тоа дека уставните измени се за само за внесување на Бугарите во Уставот, но да ја гледаме поголемата цел, а тоа е конечно она што ни изгледаше апстрактно, а тоа е влезот во Европската Унија да стане реалност односно да започне втората фаза од преговорите, а тоа е отворање на поглавјата.
– За да си ја исполниме таа цел, нормално дека имаме и обврски, притоа како Либерално-демократска партија ќе бараме при отворањето на Уставот во Преамбулата да се внесе како дел од народ и еврејскиот народ, а тоа иако можеби е последната пречка, е онаа најнеболната што треба да ја отклониме за да почне веќе македонската евроинтеграција за која зборуваме 30 години. Затоа треба да покажеме сериозна зрелост политичка, но и да покажеме дека сме спремни за носење на државнички одлуки, затоа што ќе зборам конкретно еве за мојата генерација, мислам дека повеќе нема време за оној, бавен развој затоа што со тој бавен развој видовме дека го губиме она што значи супстракт на државата, а тоа се младите луѓе, додава Зајкова.

Таа додава дека нејзината генерација пораснала со визијата за Европа и веќе се преполови заминувајќи во перспективни европски земји.

Се согласи дека се потребни реформи и во правосудството и образованието и во други области меѓутоа никој не покажал поширока политичка волја за одредени реформи да се спроведат. Нови избори не би го решиле овој проблем, бидејќи секогаш со нови избори не се направиле никакви промени. Проблемите ставени во фиока до избори, никој нема да ги реши со магично стапче ни по изборите.

– Треба да научиме да покажуваме државничка свест, едно е да се разликуваме во идеолошките политики, друго е да го трасираме заедно патот на државата и треба да седнеме да го загрееме столчето и да наоѓаме решенија и да ја движиме напред државата, а не да трошиме постојано ресурси и време на предвремени избори, истакна претседателката Зајкова.
Таа потсети дека Собранието донесе заклучоци кои што се еден вид декларацијата за црвените линии и никој не спори дека не сме за македонскиот јазик да се преговара.

– И гледавме и со потпишувањето на договорот од Фронтекс дека во формулацијата македонскиот јазик е чист, а гаранции дека некој ќе ни обезбеди е небулозно барање и видовме со последните случувања и во Европа, односно ветото кое што Австрија го стави на Бугарија и Романија за влез во шенген, дека такви гаранции не постојат. И сега не може ние да чекаме и да бараме гаранции дека ќе ни биде патот поплочен со мермер меѓутоа, треба да ги отклонуваме пречките и посериозно да работиме на тој пат и реформирање на државата, додава Зајкова.
Според неа ние не треба да преговараме воопшто со Бугарија за реципроцитет, туку со ЕУ.

– Да бидеме реципрочни во финансиите, во реформите, во образованието, кадровата политика, а нормално дека еден ден со самиот чин што го покажуваме на демократичност и отворање кон малцинствата може да се случи да бараме и во Бугарија, веќе како членки во унијата, реципрочно да ни се признаат и на нас одредени права. Затоа што, во спортот секогаш тимот што победува не значи дека на крајот победува. Исто и во политиката. Затоа треба да се покаже истрајност и упорност за да се направат крупни и развојни чекори, бели Зајкова.

Според неа ако само гледаме дали ќе добиеме одредени политички поени на одредени прашања, немаше да го имаме ни Рамковниот договор, кој што резултираше со развој на мултиетничкото општество, немаше да го имаме ни Преспа кој резултираше со влез на државата во НАТО, кој што сега гледаме дека стратешки бил многу важно, со оглед на тоа што се случува на глобално ниво.

Ги рушат стереотипите во Македонија: Дома се мајки и девојки, а на работа професионалци посветени на државата и безбедноста (Видео)

Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме. Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.

Ова го објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност, напиша Спасовски.

Денеска, објави министерот за внатрешни работи, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот.

Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките, пишува на фејсбук Спасовски, се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.

ВИДЕО сторијата е на 360 степени

Николоски ги подбра Бугарите пред Советот на Европа во Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците (Видео)

Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците, истакна во своето обраќање во Советот на Европа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски.

Во продолжение интегрален текст и видео од говорот на Николоски:

Мислам дека ова е многу важна дебата што ја имаме вечерва. Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно напишано и тука дека солидарноста и издржливоста на европските демократии, почитувањето на човековите права, почитување на владеењето на правото се најдобри гаранции за меѓусебниот просперитет, безбедноста и сигурна иднина.

Исто така, треба да го реафирмираме единството околу заедничките вредности на оваа организација каде што сме членки, како и мултилатерализмот заснован на меѓународното право. Треба да поставиме напредна агенда на Советот на Европа ставајќи го интересот на народот на прво место.

Дами и господа,

Европскиот суд за човекови права е еден од клучните елементи на Советот на Европа. Тоа е место каде што стотици илјади европски граѓани бараат правда. Мора да разговараме и мора да поставиме цврста агенда која ќе создаде ефикасен механизам што ќе ги натера земјите-членки да ги спроведат одлуките и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Бидејќи многу често се донесуваат пресуди- одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права и земјите членки истите не ги спроведуваат.

Можам да споделам еден пример поврзан со Македонците и македонското национално малцинство во Бугарија. Во овој момент има шеснаесет пресуди или одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не се спроведуваат во Бугарија. Шеснаесет не се спроведуваат, не една, не две туку шеснаесет пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права не се спроведуваат!

Овие пресуди, овие одлуки се поврзани со правото на самоидентификација, со правото на собирање и здружување, со правото на учество на избори, со правото на учење на мајчин јазик и со правото на заштита на националниот интерес во културата.

Овие одлуки се носат овде во Стразбур, Софија одбива да ги спроведе и со тоа ги лишува основните човекови права на граѓаните на Бугарија кои се декларираат како Македонци.

Ова е нешто што не треба да се толерира и нешто што е лош пример во 21 век. Тоа е лош пример и за Советот на Европа, бидејќи луѓето дојдоа овде, дојдоа во Стразбур, беа во Европскиот суд за човекови права, бараа правда, тие ја добија правдата, но таа не се спроведува во нивната држава.

Затоа мора да се создаде ефикасен механизам за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и да се дискутира на самитот во Рејкјавик, дециден е Николоски во своето излагање.

Му остана последното прашање, искористи џокер повикај пријател и направи нешто неверојатно пред да стане милионер (Видео)

Швеѓанецот Јонас фон Есен без никаква помош стигна до последното прашање во квизот „Дали сакате да бидете милионер“. На последното прашање побарал помош „повикај пријател“, но го прашал нешто што никој не го очекувал.

Овој 31-годишник, кој е двократен светски шампион во помнење, импресионираше со своето знаење, па дури стигна до последното прашање за еден милион шведски круни (околу 90 илјади евра) без помош.

На последното прашање ја искористи помошта на пријател. Гледачите и водителот очекуваа Јонас да му го прочита прашањето од милион долари на пријателот, но тој имаше друга идеја.

-Дејвид, дали имаш планови за следната сабота? Би те поканил на забава, рекол Јонас, кој очигледно го знаел одговорот и на последното прашање.

Водителката и публиката се можеа да се воздржат и се смееја цело време додека тој разговарал со пријателот.

За секој случај, Јонас ја искористил и помошта од „пола-пола“ и потоа го кажал одговорот. Знаејќи дека е во право, скокнал на столот и славел.

Тој за шведскиот весник Aftonbladet изјави дека кога го видел прашањето, бил прилично сигурен дека го знае одговорот.

-Седев и размислував што можам да направам, бидејќи го знаев одговорот. Зошто да не се забавувам. Би било навистина апсурдно да грешам, рекол тој.

Со парите ќе купи шарени чорапи, а ќе се посвети на работите што ги сака.

Денеска ќе наполнеше 42 години: Toше има само датум на раѓање!

Македонија денеска одбележува 42 години од раѓањето на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.

Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот.

Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори.

Тоше загина на 16 октомври 2007 година. Тој не беше само македонска, туку и балканска ѕвезда. Неговите песни станаа хитови кои се пејат и денес.

Соработуваше со композитори од Балканот и светот како Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински и Ања Рупел.

ТОШЕ ИМА САМО ДЕН НА РАЃАЊЕ!

“Да ги фател на лице место и со упаљач да трчал по нив” – Kpaдци со туби кpaдат нафта од камион во Прилеп (Видео)

По фејсбук групите кружи видео, на кое можат да се видат двајца крадци како излегуваат од автомобил и со туби се упатуваат до товарно возило, од каде украле нафта.

Според коментарите крадците се снимени од сигурносна камера во Прилеп, а ова не е прв пат граѓани да се пожалат на вакви кражби.

Како што пишува нашиот сограѓанин, крадците возеле автомобил марка “Сеат Леон”.

Видеото погледнете го ТУКА

Македонија денеска ќе игра за 27. место на Светското првенство – противник ни е Јужна Кореја

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со Јужна Кореја во натпревар за пласман на 27/28 место на Светското првенство во Полска/Шведска.

Средбата ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.

Денес на Мундијалот ќе се одиграат и натпреварите од четвртфиналето:

Данска – Унгарија (18:00 часот) Норвешка – Шпанија (18:00)

Франција – Германија (20:30) Шведска – Египет (20:30).

На гости кај градоначалникот Костадинов во 21 век (Фото галерија)

Село Просениково се наоѓа на 4км во североисточен правец од Струмица и е едно од поголемите населени места со околу 1.200 жители.

Ама жителите си имаат една голема мака. Кал до колена, дупки колку сакаш, не можат од дома да излезат…

Иван Стојанов жител на ова Просениково преку фотографии го повика прво градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, а потоа и останатите политичари и медиуми со цел да се изнајдат начини и животот на овие луѓе да се подобри.

А 21 век сме, велат ќе сме оделе во Европа…Вака?! Не би рекле! Погледнете ги фотографиите во продолжение: