дома блог страница 1329

Елена Велевска во друштво на најбогатиот прилепчанец во Америка (Фото)

Прилепчанката Елена Велевска деновиве заедно со колеги од естрадата е во Америка, а водителот Јанко Илковски објави нејзина заедничка фотографија со уште еден прилепчанец, кој важи за еден од најбогатите Македонци во САД.

Фотографијата е направена на празникот Водици, а друштво на Елена и прави Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Важно известување: Поради одрон на патот Прилеп-Ресен сообраќајот пренасочен

Поради одрон на камења на патниот правец Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот од 1:10 часот се пренасочува низ централното градско подрачје.

Фото/илустрација

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Пресека, во Маврово и Ресен, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Новинарка на “Еуроспорт” го штипна Новак за да провери дали е човек (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ убедливо го доби денешниот осминафинален дуел на Австралија Опен против домашниот тенисер Алекс Де Минор.

Повредата на ногата речиси и да не се забележа кај Новак па тој победи со 6:2, 6:1 и 6:2 и обезбеди 13-то четвртфинале во Мелбурн.

После натпреварот новинарка на Еуроспорт му честиташе на Новак, а пред тоа го штипна за како што рече, да провери дали е човек.

Ние како најработни најмногу одмараме во годината: Еве која земја во регионот по колку неработни денови во годината има

ТРТ Балкан Македонија направи анализа во врска со тоа, која земја во регионот има најмногу неработни денови. Па согласно нивните објавени податоци, можеме да заклучиме дека Македонија е на врвот.

Имено, со 28 неработни дена во текот на годината поради различни државни и верски празници, Северна Македонија е на првото место во регионот според неработните денови. Најмалку неработни денови имаат граѓаните на Албанија и Хрватска, односно 14.

По Северна Македонија, следуваат Црна Гора и Косово каде граѓаните имаат по 21 неработен ден поради различни празници.

Во Србија во календарската година има вкупно 19 неработни денови по основ државни и верски празници. Исто така, во Србија има и пет различни празници кои се празнуваат работно. Државјаните на Босна и Херцеговина имаат 18 неработни денови поради празниците.

Збогум сиромаштијо: Просечната плата во Македонија достигнала 33.011 денари

Просечната плата во месец ноември 2022 година изнесувала 33.011 денари и таа бележи раст во споредба со истиот месец минатата година.

Сепак, споредено со октомври 2022 година имаме благ пад на просечната плата, бидејќи според податоците на Државниот завод за ститистика, во окотомври просечната плата изнесувала 33.104 денари.

Како што објаввуа ДЗС, растот во ноември 2022, споредено со истиот период претходната година се должи на зголемување на исплатена нето-плата во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (17,3 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 49.397 денари.

БЛАСКАМЕ: Најдобро се справуваме со енергетската криза од сите во регионот, вели премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека Северна Македонија најдобро се справува со енергетската криза од сите земји во регионот.

Тој кажа дека сите капацитети кои произведуваат струја се во погон и дека дури се продаваат вишоци на електрична енергија.

„Најдобро се справуваме со енергетската криза од сите земји во регионот. Од почетокот на грејната сезона, сите производствени капацитети се ставени во погон за производство, иако не веруваа аналитичарите. РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, како и сите хидроцентрали. Тоа овозможи во деновите кога има најголема потрошувачка енергија, Македонија да не увезува електрична енергија, што значи дека оние компании кои се на регуларниот пазар и домаќинствата добиваат субвенционирана електрична енергија. Според закон ЕСМ треба да испорачува 60% на регуларниот пазар, со одлука на ВЛада, ЕСМ беше задолжено да испорачува 100%. Дополнително одлучивме дел од компаниите да се снабдуваат од ЕСМ, меѓу кои училиштата, компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти и болниците. Дополнително поради кризата, а особено здравствениот сектор, а особено после кризата, Владата исплати долгови за струја кои ги имаше здравствениот сектор. Се јавуваат вишоци, ЕСМ ги објавува и на аукција која компанија сака д ги купи. Секоја копанија која се занимава со трговија на електрична енергија, може да се јави на аукција и да ги купи“, рече Ковачевски.

Фатен кpaдец во Битола: Влегол во куќа и собрал се’ што можел

Денеска (23.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со С.Р.(46) од Битола.

Тој се сомничи дека на 20.01.2023 извршил тешка кражба во куќа на ул.„Димитар Влахов” во Битола, при што одзел разни предмети.

Тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова се новите цени на гopивата во Македонија кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 0,888%, кај екстра лесното масло за 0,799% и кај мазутот за 0,848%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,102%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.

Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,042 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Ви се случило ли да ја промашите клучката за Прилеп и да продолжите за Гевгелија? Кинезите имаат решение за полукружно свртување на автопат (Видео)

Ви се случило ли некогаш да го згрешите излезот на автопат и да мора да поминете дополнителни десетици километри за да дојдете до следниот излез и да ја исправите грешката?

Кинезите имаат решение. Познати по своите импозантни градежни решенија, Кинезите смислија начин и овој проблем да се реши.

Во провинцијата Гуејџоу, која е планинско подрачје, изграден е автопат кој во најголем дел е подигнат над земја.

На овој автопат има изградено полукружен надвозник на кој се вози со 40 км/ч и важи за едно од најимпресивните патни решенија во последно време.

Следете во живо: Еве дали вее снег на Копанки и Ниже Поле

Eве ви линкови во секое време и во живо да си проверите дали вее снег на Копанки и Ниже Поле: