how far is far..

фотографија – Шлакески Маринко

„ПИЈАНО“ (2022) – Маринко Шлакески (извадок)

(соба во домот на Кира)

КИРА: (седи покрај пијаното, гледа во подот) Никој не доаѓа.. Ниту јас одам некаде. А каде би одела.. и зошто.. Ќе била зима.. велат. Долга. Подолга од вообичаено. Колку е тоа.. вообичаено? Вообичаено подолга.. (станува, оди до ѕидот.. го допира)

Овде е секогаш.. зима.. освен кога не е.. И мојот роденден е во зима. И на многу кои ги знам. Но не на сите.. Но тие веќе не се овде.. И нема да се вратат.. барем не за скоро. И не треба.. да се вратат.. Затоа зимата ќе е долга.. или можеби ќе биде само.. зима.. Можеби затоа и звукот во оваа соба е студен.. Истото пијано.. истата соба.. a звукот студен.. непрепознатлив.. туѓ..

(ѕвонење и тропање на влезната врата).





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.