дома блог страница 1318

Прилеп ќе слави Нова година со огномет и музичка програма: Еве кој ќе настапи во центарот на градот

Прилеп ќе ја одбележи “најлудата ноќ” во годината со музичка програма и огномет на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Граѓаните кои се одлучат Новогодишната ноќ да ја поминат во центарот на градот, ќе имаат можност да се забавуваат со Диџеј Dejan Pete, “Балканика бенд” и најпознатите прилепски рокери “Тhe Hounds”.

Забавата ќе започне во 21:30часот, а ќе кулминира со настапот на “The Hounds” чиј настап почнува во 11:30ч.

Програма ќе има за најмладите со почеток во 11часот, кога ќе се одигра претставата за деца “Дружината на Снешко Белчо”.

3aпленети 2.600 парчиња пиpoтexнички средства во Прилеп (Фото)

Денеска (21.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола- полициската станица од општа надлежност Прилеп на ул „Методија Шаторов- Шарло”, во близина на пазарот во Прилеп, при преглед кај З.М.(37) од Прилеп пронајдени се 2600 парчиња различни видови пиротехнички средства.

Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со З.М е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” добитник на грант во висина од 13.700 евра

ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка” – Прилеп, е добитник на грант во висина од 13700 евра преку Western Balkans Fund.

Доделени се 36 грантови од пристигнати 340 апликации од цел Западен Балкан. Училиштето за прв пат од неговото оформување влегува во нова димензија на соработка со музички училишта од другите држави, како што се музичкото училиште на Источно Сарајево од Босна и Херцеговина и музичкото училиште “Даворин Јенко” од Белград Р. Србија.

Грантот од Western Balkans Fund е уште еден доказ за успешното менаџирање со училиштето. Ова секако претставува ветер во грб и мотивација за останатите училишта во градот и државата.

Секако, кога зборуваме за ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка”, да не го заборавиме и јубилејниот новогодишен концерт кој ќе се одржи во НУЦК “Марко Цепенков” на 22 декември во 19:00 часот.

Вечерва започнува осминафиналната рунда на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп: Еве што ќе гледаме вечерва

На турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022” започнуваат елиминационите рунди. Денеска и утре ќе се одиграат осминафиналните дуели, а двојките се следни:

Натпреварите започнуваат во 19часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, а распоредот за вечерва е следниот:

“Гентерм” донираше машина за перење и машина за сушење во прилепската болница (Фото)

Најголемиот работодавач во Прилеп, компаниајта „Гентерм Македонија“, ја реализираше својата трета донација за ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

-Одличната соработка помеѓу ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп и „Гентерм Македонија“ уште еднаш се потврдува, со тоа што оваа општествено одговорна компанија како најголем работодавач во нашата општина одлучи да донира во болницата. Притоа согледувајќи ги потребите на болницата и она што значи подобро здравје на нашите пациенти, ни излегоа во пресрет и одлучија да донираат машина за сушење и машина за перење, од реномираниот италијански производител на вакви апарати „ИМЕСА“, како и апарати за мерење на крвниот притисок на пациентите во повеќе одделенија.

Денешниот настан е прилика да изразиме голема благодарност на компанијата „Гентерм Македонија“, во име на нашите пациенти, вработените и сите граѓани за гестот и нивната донација во болницата. Машините се наменети за пералната во која се одржува хигиената на постелнината и целиот веш од сите болнички одделенија во нашата установа. Станува збор за високо професионални, енергетски ефикасни машини, кои ќе бидат од голема полза за нашата установа. Во најголем дел ќе ги заменат постојните неколку децении стари машини, со што ќе имаме поголема ефикасност, подигање на степенот на хигена на вешот и секако и заштеда на трошоци.

Во оваа прилика повикуваме примерот на „Гентерм Македонија“ да го следат и другите прилепски компани во поглед на поголема општествена одговорност во средината во која функционираат, апелираше директорката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп Кети Смилеска.

-Како општествено одговорна компанија продолжуваме со нашите напори и активности за подршка на заедницата. Денеска сме овдека со подршка на локалната болница со донација на индустриски машини за перење и сушење, кои се надевам ќе и помогнат на болницата за повисоки хигиенски стандарди а со тоа и услугите на болницата кон пациентите ќе бидат на повисоко ниво. Ова не е наша прва активност и донација кон болницата, а работиме по претходно договорени приоритети и активности. Имаме глобални и локални таргети. Соработуваме и помагаме на јавни институции како училишта, градинки и болници, а оваа донација е во вредност од над 12.000 евра, изјави генералниот менаџер нас „Гентерм Македонија“ Андреј Хафинетс.

Николовски се пофали: Цената на тутунот е за 40-50% поголема од претходните години

Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, информираше министерот Љупчо Николовски.

„Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285,9 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната.“, рече Николовски.

Како што изјави, просечната цена на тутунот е од 40 до 50 проценти поголема од претходните години, или во споредба со 2014, 2015 година кога изнесуваше 117 денари.

„Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија. Најголем дел од откупот е завршен, откупени се 17.5 милиони килограми и исплатени се 3,6 милијарди денари. Годинава имаме висококвалитетен тутун, поради што имаме најголем откуп токму на тутун од прва класа, нешто што никогаш досега не се случило.“, вели министерот Николовски.

(Фото) Преубаво кафе за само 30 денари во центарот на Прилеп – одличен потег и доказ дека може и така

Можело и вака, кафе (еспресо и макијато) за 30 денари, и тоа во центарот на Прилеп. Газдите на новоотворениот локал “Дипломатик” држат лекција во ова кризно време.

Секоја чест!

Денеска започнува зимата, ќе трае 88 дена

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Познатиот прилепски ресторан прослави една година постоење

Еден од најпознатите угостителски објекти, ресторанот “Деспина”, прослави една година постоење.

Во изминатите 365 дена ресторанот го посетија и во нивните квалитетни услоги се уверија илјадници гости, кои уживаа во одличната понуда на специјалитети, супер услуга и разновидна музичка програма.

Ресторанот “Деспина” во изминатите година дена го избраа голем број наши сограѓани за нивните веселби и свечености, а впечатоците на сите се главно позитивни.

-Ви благодариме за вашата доверба, ви благодариме за тоа што вие не избравте нас за вашите прослави, крштевки, веридби, свадби и родендени.. Без вас ние не би постоеле – напишаа сопствениците на ресторанот на ФБ.

Одличен амбиент и ентериер, пријатна атмосфера, храна приготвена со многу љубов и огромно разбирање за желбите на своите гости – ете така би го опишале овој прилепски ресторан, кој полека но сигурно прераснува во бренд.

Им посакуваме уште многу успешни години работа и уште повеќе задоволни гости.

Среќен роденден “ДЕСПИНА”!!!

Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, си играше игрици за време на Собраниска комисија (Видео)

Додека пратничката Гордана Силјановска Давкова говороше, пратеникот Дарко Каевски играше видео игри на денешната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.

Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го објави новинарот на Алфа, Матеја Петровски.