дома блог страница 1317

Секоја чест: Витаминка ги израдува дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас со новогодишни пакетчиња

Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола добија предновогодишно изненадување од Витаминка. Новогодишните пакетчиња беа доставени во просториите на Заводот во Скопје и во Битола, каде дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и затоа секое дете треба да ги почувствува оваа радост и задоволство.

„Донацијата на новогодишни пакетчиња во Витаминка стана традиција којашто секоја година ја спроведуваме со посебен фокус на децата од социјален ризик или децата со посебни потреби. Ова произлегува од нашата политика како општествено одговорна компанија да помогнеме онаму кај што е најпотребно и да придонесеме за секое дете да го почувствува задоволството и радоста на новогодишното дарување. Затоа со нашите донации се трудиме да опфатиме што повеќе децата и од целата држава“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје се згрижени 80 деца, додека пак во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, 35 деца. Во овие две здравствени установи се третираат пречките во говорот, слухот и гласот кај децата од целата држава.

Тешко повpeден работник во “Комфи Ангел”, пpeнeceн итно во Скопје

Вчера околу 15:00часот вработен во компанијата “Koмфи Ангел” во Прилеп, додека бил на своето работно место се здобил со тешки телecни повpeди додека работел на машина.

Според неофицијални информации се работи за 50-годишен жител на прилепско село Селце, кој откако се здобил со повреди на раката, рамото и главата, бил итно пренесен во една од државните клиники во Скопје и бил опepиpaн, а моментално се наоѓа на интензивна нега.

Полициjaта влезе во домот на битолчанец: Пpoнajдена дpoга и opyжje

На 21.12.2022 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Т.П.(33) од Битола.

При претрес во неговиот дoм, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и пет куршуми, амфетамин, марихуана и други предмети со остатоци од марихуана и амфетамин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Д-р Оливер Тасески од Прилеп ја заврши познатата “Школа за ултразвук на штитна жлезда” во Златибор

Прилепскиот интернист Д-р Оливер Тасески, успешно ја заврши познатата “Школа за ултразвук на штитна жлезда”, која беше организирана од Српското тироидно друштво, под водство на еминентниот Проф Др Милош Жарковиќ и се одржа во Специјалната болница за штитна жлезда “Чигота” на Златибор.

Тасески е еден од најценетите лекари во Прилеп и постојано го надоградува своето знаење, а најновите сознанија од оваа школа со сигурност ќе ги примени во интерес на неговите пациенти.

Грее од убавина: Новогодишна магиja во Кавадарци (Фото/Видео)

Нашето Кавадарци блесна во новогодишен сјај, пишува доцна вечерва првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалната мрежа Фејсбук објавувајќи видео од имплементираната новогодишна еуфорија в градот.

„И бидејќи новата година ни чука на вратата, можеме да се подготвиме за празнично расположение во кое се добредојдени сите и да уживаме во звуците на најубавите новогодишни и божиќни песни.

Ве чекаме…И бидејќи новата година ни чука на вратата, можеме да се подготвиме за празнично расположение во кое се добредојдени сите и да уживаме во звуците на најубавите новогодишни и божиќни песни.
Ве чекаме“, пишува градоначалникот Јанчев.

Видеото погледнете го ТУКА

Каевски за видеото каде игра игри на Собраниска комисија: „Првпат ми e“

Во изјава за Фактор, Дарко Каевски, пратеникот од редовите на СДСМ кој играше видео игри за време на вчерашната Собраниска комисија додека од говорница говори професорката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова прв пат му се случува.

„Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсустувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом“, изјави Каевски за Фактор.

Денеска без вода до 14ч. ќе бидат овие улици во Прилеп

Водоснабдувањето на ден 22.12.2022 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 280л/с, од кои 238/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 42л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Стеван Д.Ништакот”, ул. “Пиринска”, ул. “Кукол”, ул. “Мечкин Камен”, ул. “Тетовска”, н.м. Волково

На Економскиот факултет во Прилеп свечено доделени дипломите на дипломираните студенти и магистри (Фото)

Во просториите на Економскиот факултет во Прилеп денеска се одржа свечена промоција на новата генерација на дипломирани студенти и магистри.

На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески кој имаше свое обраќање пред присутните.

-Чест ми е што денеска бев на свечената промоција на новата генерација на дипломирани студенти и магистри на Економскиот факултет во Прилеп, кој работи во рамките на еден од најреномираните Универзитети во Македонија Св.Климент Охридски.

Се радувам заедно со вас на постигнатиот успех, бидејќи студирањето и стекнувањето со универзитетска диплома не е само едноставно собирање на знаење по патот на добивањето на квалитетни теоретски и применливи знаења, туку тоа е испреплетено со истрајност, посветеност и многу животни одрекувања. Нeмa лeceн пaт дo нayкaтa. И, тоа треба да се вреднува! Иако и јас и вие знаете, дека, со излегувањето од овие студентски клупи во полето на високо конкурентниот пазар на трудот, вашата едукација нема да заврши тука, бидејќи денеска во ова ново, дигитално и динамично време постојано се бара доусовршување и залагање за самонадоградба. Часовникот на едукацијата никогаш не застанува.

Во оваа насока, почитувани дипломци и магистри, Вие сте нашиот најсилен партнер во креирање на политиките во локалната заедница и во битката кон подобра иднина и подобро утре на целокупното општество, вие сте нашата најголемата надеж за развој на нашиот кревок општествен систем. Вие сте нашата двигателна сила. Вие сте тие кои не‘ обврзувате многу сериозно да размислуваме за иднината на младите образовани кадри и исклучително внимателно да креираме политики за радикални промени во насока на подобрување на општествената и економската благосостојба на Република Македонија и спречување на одливот на млади „мозоци“ од нашата држава.

Затоа мораме заедно да го градиме ова општество, да делуваме и да правиме избор за тоа каде идејно ќе ја обликуваме иднината, со знаење, квалитет и меѓусебно почитување – порача Јовчески.

Kaj прилепско Лагово фатен жител од с. Житоше со гaceн пиштол

На 20.12.2022 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола спровеле координирана акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за контрола на возила и лица.

Притоа, во 11.30 часот на патот Битола – државна граница со Република Грција, на место викано „Трафостаница“, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Р(22) од с.Ивањевци, битолско, и било констатирано дека сообраќајната дозвола на возилото била фалсификувана. Возилото и сообраќајната дозвола биле одземени од лицето за понатамошна постапка.

Исто така, на патот Прилеп – Битола, кај с.Лагово, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(52) од с.Житоше, при што биле пронајдени и одземени гасен пиштол и осум куршуми за гасен пиштол.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Ученици од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп ја китеа елката во претседателскиот кабинет на Пендаровски (Фото)

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и од ООУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, тетовско, беа гости во претседателскиот кабинет на претседателот на државата, Стево Пендаровски, и заедно со него ја китеа новогодишната елка.

-Денеска заедно со нашите гости, ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и од ООУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, тетовско ја накитивме елката во Кабинетот и го проследивме настапот на нашиот светски шампион во модерен танц, Анди Исмаили и на децата од инклузивната група на танцовото студио „ЕУРЕКА“. Им благодарам на нашите денешни гости за веселата дружба и убаво поминатото време заедно – напиша Пендаровски на социјалните мрежи.