дома блог страница 1319

Пpeтpec во домот на битолчанец: Одземени 1.500 парчиња пиpoтexнички cpeдcтва

Денеска (20.12.2022) од страна на полициcки cлyжбеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен cyд Битола, извpшен е пpeтpec во домот на Ф.Ф. од Битола.

При извpшениот пpeтpec пpoнajдени се 1488 пapчиња различни видови пиpoтexнички cpeдcтва. Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Двајца прилепчани фатени со кpaден накит во Скопје, едниот бил ocyден за yбиcтво

На 16.12.2022 во 14.30 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, со судска наредба, го лишиле од слобода Д.К.(37) од Прилеп.

Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторени кривични дела по член 123 став 1 и член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување шест години и еден месец од казната. При лишувањето лицето се идентификувало со лична карта на друго лице од Прилеп.

Во исто време, на ул.„Петар Ацев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода и Д.К.(37) од Прилеп.

Притоа, кај двајцата биле пронајдени и одземени повеќе парчиња накит и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и предмети со кои ги извршувале делата.

Приведениот Д.К. на ул.„Венјамин Мачуковски“ бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ѓорѓиевски не толерира самовластие во Кисела Вода – Погледнете како брзопотезно реши ситуација каде жител узурпирал државно земјиште (Видео)

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска, по добиени претставки од граѓаните, изврши увид на улица ,,Банско”.

Имено, жител од оваа улица узурпирал државно земјиште паркирајќи го своето возило и го попречувал движењето на останатите жители од улицата.

Како што вели Ѓорѓиевски на земјиштето има предвидено улица според Деталниот урбанистички план, па веднаш ќе се пристапело со пробивање на улицата и поставување бекатон плочки, а паркираното возило беше отрстрането од пајак службата.

„Јас сум на страната на мојот народ, на праведните и законот и истиот важи за сите во Кисела Вода, подеднакво. И тоа ќе биде така се додека јас сум градоначалник! Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам! И без разлика кој на која позиција се наоѓа, кој на кого е пријател, другар или роднина – никој нема право од позиција на моќ да узурпира државен имот и со тоа да малтретира десеттици фамилии кои се попречени да стигнат до своите домови. Денес, долгогодишната голгота на жителите на улица ,,Банско” завршува. Од денес се надевам дека ќе има мир, а со сигурност ќе има нова улица на местото кое досега беше узурпирано. Кај мене нема повластени, заштитени и дискриминирани. За мене сите се исти, бидејќи Кисела Вода е наш заеднички дом!“, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

37-годишна жена починала во прилепската болница

37-годишна жена од Албанија починала во прилепската болница, во саботата.

-На 17.12.2022 во ОВР Прилеп, од болницата ,,Борка Талески“ во Прилеп било пријавено дека со здравствени проблеми кај нив била донесена Џ.П.(37) од Рeпублика Албанија, со живеалиште во с.Алинци, прилепско, која по укажаната лекарска помош починала, соопшти вчера полицијата.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

26-годишен прилепчанец синоќа си го yбил својот татко во семејниот дом

Прилепското ОЈО започна иcтpaжна пocтапка пpoтив А.М. (26) од село Селце, прилепско, по поднесена кривична пpиjaва од полициjaта поради тоа што му нанел cмpтни повpeди на неговиот татко М.М. (52) кој од нанесените повpeди починал.

Според информациите, полициcки службеници од ОВР Прилеп вчера околу 22 часот на ул. “Димо Наредникот” во Прилеп, го лишиле од cлобода 26-годишниот А.М. кој бил пpиjaвена дека околу 20 часот во семејниот дом во село Селце, по претходна расправија, со ocтap предмет му нанел повpeди на неговиот татко 52-годишниот М.М., кој подоцна починал.

Од ОЈО Прилеп е побаран пpитвop во траење од 30 дена за ocoмничениот.

Стефан Неделкоски од Прилеп заврши медицина во Скопје со пpoceк 10,00 и доби стипендија од Фондацијата “Трајче Мукаетов”

За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари.

Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии, во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

За учебната 2022/2023 година Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која ја доделува Фондацијата дванаесетта година по ред за првенците на генерациja на двата факултети, годинава им припадна на Филип Горачинов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,19) и на Стефан Неделкоски од Прилеп од Медицинскиот факултет (со просек 10,00), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во мај 2007 година ја формиравме Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ со една единствена цел: да биде додадена вредност на македонското здравство и фармација. За 15 години постоење, стипендирани се 619 студенти по фармација и медицина на државниот универзитет во Скопје, доделени се 24 еднократни парични награди на првенци на генерациите на двата предметни факултети, за кои активности инвестирани се близу 120 милиони денари. До денес, 97 стипендирани студенти ги отпочнале своите кариери во фармацевтските оддели на ‘Алкалоид’. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, програмите за практикантство, за парцијално-дуално образование и слични проекти се насочени кон подигање на квалитетот на образовниот процес, стимулирање на студентите кон повисоки достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни професионалци. Нашите операции се комплексни и засновани на научни методи, а за нив потребни се стручно профилирани кадри. Благодарение на високата селективност при регрутирањето и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес конкурентно и достоинствено се носиме на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Почнувајќи од 1 ноември 2022 година, во согласност со одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, износот на стипендијата, наместо досегашните 6.500 денари, ќе изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и ќе се засметува линеарно на постоечките и новите стипендисти.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е „Алкалоид“ АД Скопје, е формирана за целите на поддршка на проекти од сферата на фармацијата, медицината и науката, пред сѐ преку стипендирање млади, амбициозни кадри кои својата кариера им ја посветиле токму на овие дејности.

Лазаров: Ќе дадеме сѐ за пласман во вториот круг!

Одбројувањето до нов ракометен јануари почна официјално денеска, со првиот собир на машката репрезентација, кој означи почеток на подготовките за Светското првенство во Шведска и во Полска. Кире Лазаров и минатата зима ја предводеше Македонија на големо натпреварување (во Дебрецен, на ЕП), но сега првпат ќе кова стратегија за СП, како „пензиониран“ репрезентативец и најважно – конечно со подмладена репрезентација.

Лазаров вели дека ќе црпат мотивација од успешните квалификации, кои ѝ влеаја самодоверба на селекцијата. Македонија ќе настапи на големо натпреварување 12. година во низа, почнувајќи од ЕП во Србија во 2012 и на шесто СП едноподруго.

„Имавме тешка работа да се пласираме на ова СП, за првпат имавме два баража, кои ги поминавме успешно против две квалитетни репрезентации како Романија и Чешка, кои вложуваат многу во ракометот. Успеавме во нашата цел за време на процес на смена на целата генерација. Го одржавме континуитетот со пласманите на големите натпреварувања во последната деценија и затоа сум горд на целиот тим и федерацијата. Пред нас е нов предизвик, мислам дека имаме многу млада и талентирана репрезентација, иако можеби е неискусна за вакви натпреварувања затоа што квалификациски натпревари се едно, а големи натпревари се друго. Имаме доволно време да се подготвиме, ме радува тоа што сме речиси комплетни од почетокот“, вели Лазаров.

На првиот собир селекторот ги пречека, речиси, сите репрезентативци, со исклучок на двајца интернационалци, Никола Митревски од Порто и Филип Кузмановски. Првиот ќе се приклучи во текот на неделава, а вториот ќе дојде на 28 декември, еден ден штом завршат обврските во Бундеслигата. Нивниот придонес ќе биде клучен во натпреварите во тешката група во Краков.

„Имаме тешка група, каде што е една Норвешка за која нема потреба да се трошат зборови, Холандија која е во страшен подем и игра модерен и брз ракомет, како и Аргентина која на последното првенство направи проблеми на многу големи рерпезентации. Ќе тргнеме скромно, посакувам да останеме здрави до почетокот на првенството. Кај ракометарите постои огромна желба и мотивираност, а тоа ме радува. Успех е и самиот пласман на самото Светско, меѓутоа ќе дадеме сè да се пласираме во вториот круг, иако нема да биде лесно. Ќе се обидеме да направиме некое изненадување како аутсајдери“, истакна Лазаров.

Подготовките ќе течат во „Борис Трајковски“, а до 11 јануари, кога стартува СП, предвидени се четири подготвителни средби, две со Црна Гора пред Нова Година и со Хрватска и со Израел по 1 јануари.

Вечерва последни натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп

На турнирот во мал фудбал “Свети Никола” денеска ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза, а потоа во среда и четврток ќе се играат осминафиналните дуели.

Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ од 18 до околу 23 часот се дуелите: Сквер кафе Ресен – Фреш Бо-То, Виталија Ветаџока – Паша лим, Виталија Ветаџока – Најс травел, Андринико – Паркетар Горан, Андринико – Рустика кетеринг, Коколе Изофаст – Кафе Лули.

Резултати од синоќа: Мебло трејд – ВИК Македонија 0:3 (сл.), Ресторан Хризантема – Трисоро 1:4, Гостилница кај Џек – Фасада Чајник 3:1, Гостилница кај Мече – Кафе Лули 3:0, Гостилница кај Мече – ВИК Македонија 4:2.

Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ е под постојано незаконско следење и физичко и електронско, пишува во својата колумна за Фокус потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби.

Збор два за „Пегазус“, тој претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот.

Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот.

Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји.

Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа, пишува Николоски во колумната.

Ангеловска–Бежоска: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто

Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции, заклучи гувернерката на НБСМ во интервју за белградски „Вечерње новости“.

Таа оцени дека НБРСМ има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарот и денарот во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји.

Ангеловска Божоска рече дека централните банки на Северна Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат на еврото.

-Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји на овој план покажаа добри перформанси, што укажува на висок степен на подготвеност. На крајот на краиштата, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите констатации, рече гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Божоска за „Вечерње новости“