дома блог страница 1311

Кај 19-годишник во Прилеп полициjaта пронajде стебла и гранки од канабиc

На 26.12.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П.(19) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

“Јас со тајфа идам” – Нова одлична музичка нумера и видео спот на “Тајфата” во пресрет на празниците

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, “Тајфата” ја израдува публиката со одлична музичка нумера и видео спот насловени како “Јас со тајфа идам”.

Музиката и текстот се дело на Љупчо Трајковски – Фис, аранжманот на Владимир Богоески и Рубин Димкоски, а одличниот видео спот е дело на Фан Продукција – Зоран Пиловски.

Тимот го сочинуваат и пратечките вокали: Викторија Георгиоска и Сара Сурлаџиоска, а од “Тајфата” упатуваат благодарност до фризерското студио “Алек Палада”, “Матадор Прилеп”, “Автоконтрол Прилеп” и “Голд Фелиција”.

Новогодишната магија на семејството Јошески од Прилеп: Нивниот дом го одзема здивот на секој минувач (ФОТО)

Семејството Јошески во Прилеп го има еден од најубаво украсените домови во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

Нивниот дом и двор го красат стотици ламбички кои во ноќните часови го одземаат здивот на секој минувач.

Секоја чест за креативноста и желбата да се направи нешто посебно и убаво за око.

Овие улици во Прилеп денеска ќе бидат без водоснабдување до 14 часот

Водоснабдувањето на ден 27.12.2022 (вторник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење. Вкупната произведена количина на вода е 264л/с, од кои 234/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 30л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Цар Самоил”, ул. “Илија Павлоски”, Реон Леково, Реон Касарна „Мирче Ацев“

Вучиќ порача-ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го коментираше фактот дека на патријархот Порфири му беше забранет влез на Косово и Метохија од Приштина и посочи дека ќе ги преземе сите мерки за да го заштити српскиот народ, по одлуката на Приштина да ја подигне борбената готовност.

-Правиме се од себе да ги зачуваме мирот и стабилноста. За жал, тие не сакаа да не слушаат или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфири му е забранет влез на Косово и Метохија. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислена најава, неважна… Но ќе продолжат да зборуваат само за српски барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој и ништо повеќе. Според тоа, сакам да ве информирам дека сме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме се од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на север. на Косово и Метохија . Во согласност со тоа, и откако ќе ги вооружам Албанците и ќе ја подигнам нивната борбена готовност, ќе ги преземам сите мерки за да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија – порача Вучиќ на Инстаграм.

Битола ќе добие модерен спортски комплекс: Идејните решенија претставени на изложба пред граѓаните (Фото)

По објавувањето на конкурсот за Изработка на идејно решение за спортско-рекреативен центар во Битола, како и Изработка на идејно решение за регулирање на речен ток на река Драгор со каскадно смирување на токот и крајбрежни велосипедско-пешачки патеки со соодветни пропратни содржини, од месност Црн мост до западна граница на опфат на ГУП на град Битола, во Офицерскиот дом се изложени петте идејни решенија за спортскиот комплекс и едно идејно решение за ток на реката Драгор. На изложбата присуствуваа голем број граѓани, заинтересирани лица за понудените решенија.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека овие идејни решенија понатаму ќе дадат поголеми опции и повеќе флексибилност за следните постапки за реализација на проектот.

„Почитувани, во Битола, најмалку 10 години се говори за нов спортски комплекс, кој треба да го издигне градот на уште повисоко спортско ниво. Но, досега, новиот спортски комплекс беше само нечија желба, замисла, или запишано ветување во програмите за кандидатура на одредени избори. И во нашата програма, изградбата на спортскиот комплекс претставува еден од капиталните проекти, но ние веќе направивме чекор кон негова реализација, со изборот на овие идејни решенија. Понудените идејни решенија, ќе го дадат патот на натамошна разработка на проектот. Пред целата јавност, ги ставаме на увид идејните решенија, преку кои во детали може да се видат предложените спортски комплекси, со цел транспарентно, да се избере најдоброто за нашиот град. Понатаму следуваат законските постапки за подготовка на техничка документација, за која општината веќе има предвидено средства во буџетот за 2023 година. Истовремено, ја повикувам Владата, да се вклучи директно во изградбата на овој спортски комплекс, да и помогне на Битола, покажувајќи на тој начин дека градот под Пелистер е високо на листата на приоритетите на Владата за развој на спортот во земјава, како докажан град со врвни спортски успеси“, рече градоначалникот Коњановски.

Целокупната документација според конкурсот, требаше да се изработи во склад со законската регулатива, а Идејниот конкурс ги содржеше сите потребни параметри, кои што треба да бидат исполнети, со цел во новиот комплекс, покрај останатите намени, да може да се играат меѓународни ракометни натпревари по ЕХФ стандардите.

Согласно пропозициите во конкурсот, првонаграденото идејно решение на авторот Ѕвонко Ставревски доби 200 000 денари, второто 100 000 денари, а за третото 50 000 денари. За сите учесници на конкурсот кои доставиле комплетна документација изработена во согласност со конкурсните услови, следува надомест за учество во висина од 30.000,денари.

Изложбата ќе биде отворена до 31.12.2022 година, во периодот од 11.00-18.00 часот.

“Не сме ставка во буџетот, ние сме деца и млади кои сакаат да живеат”, низ солзи порача Ивана Атанасоска од Прилеп на денешниот пpoтecт пред Министерството за здравство

“Ние не сме ставка во буџетот. Ние сме нечии деца и млади кои сакаме да живееме”. Со оваа порака, Ивана Атанасоска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза, и нејзините соборци со цистична фиброза, во 5 до 12 протестираа пред Министерството за здравство, за како што велат да молат за живот.

Бараат навремена и современа терапија за и тие да имаат поквалитетен живот а не со месеци да поминуваат во болничка соба. Се сретнаа со Беким Сали, но ништо освен најави за разговори, преговори и барање пари за лекови.

Со цистична фиброза во моментот во Македонија живеат околу 130 пацинети. Сите се со иста надеж дека еден ден модуларна терапија ќе има за сите, и конечно ќе можат нормално да функционираат, наместо со месеци да бидат во болница. Асоцијацијата за цистична фиброза со 10 илјади потписи минатата година се обиде да побара од здравство да им го обезбеди лекот, но и по толку време се`уште го чекаат одговорот.

Познато за колку ќе поскапат сметките за струја од Нова година

Доколку Регулаторна комисија за енергетика ги прифати барањата на енергетските компании просечната цена на струјата ќе се зголеми од 3,5 до 4 отсто. Заедно со ДДВ-то кое од 1 јануари 2023 година ќе се врати од 5 на 10 отсто зголемувањето на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде околу 9 отсто.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски информираше дека нема увоз на струја за задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Блоковите за домаѓинствата остануваат исти, а воведувањето на блокови за малите потрошувачи се одложува до 1 јули 2023 година.

Тој информираше дека можно е намалување на дистрибутивната маржа со оглед на тоа дека Електродистрибуција побарала за 2,8 намалување на цената за дистрибуција.

Кристијано се сели во Ал-Наср: Клубот веќе му закажа лекарски преглед

Кристијано Роналдо е блиску до преселба во Ал Наср. Клубот веќе одреди датум за медицински прегледи на играчот, објавија некои британски медиуми.

Исто така, резервирано е сместување за Португалецот и неговата придружба.

Саудијците се надеваат дека ќе ги решат сите формалности до отворањето на зимскиот преоден рок. Се известува дека општите услови на договорот се веќе договорени, а сега зборот останува кај самиот играч – тој мора да одлучи дали ќе го потпише договорот.

Беше објавено дека договорот на напаѓачот со саудискиот клуб ќе се пресметува до 2025 година, а неговите приходи ќе изнесуваат 200 милиони евра годишно.

Да потсетиме дека 37-годишниот фудбалер е во статус на слободен играч по раскинувањето на договорот со Манчестер јунајтед.

МВР заврши со проверките: Лажни се сите дојави за пocтавени бомби во училишта во Прилеп

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.