17-годишната Мелиса од Прилеп ќе ве освои со нејзниот ангелски глас – Ова е идната македонска музичка ѕвезда (Видео)

Македонија е вистински расадник на музички таленти кои освојуваат со своите гласовни способности. Тука нескромно ќе кажеме дека Прилеп предничи, а 17-годишната Мелиса Зијадиќ е уште еден доказ за тоа.

Мелиса е ученичка во СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп, а музиката ја негува од свои 11 години. Ја сака и најчесто ја пее македонската музика, особено народната, но и’ лежи и се’ друго.

Често настапува во “ИН” ТВ во Охрид, а има гостувано во повеќе емисии и талент шоуа. Каде и да се појави освојува со својот глас и ги воодушевува сите музички имиња кај нас.

Во продолжение слушнете неколку од нејзините настапи и уверете се:

Засега толку, а во иднина верувајте допрва ќе се слуша за нејзе и нејзините успеси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.