дома блог страница 1312

Соопштение од општина Прилеп за дојавите за поставени бомби во три основни училишта

Соопштение од општина Прилеп за дојавите за поставени бомби во три основни училишта

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Денес добивме информација за дојави за поставени бомби во основните училишта: „Блаже Конески“, „Добре Јованоски“ и „Гоце Делчев“.

Веднаш после добиените информации за поставени бомби во овие основни училишта во општина Прилеп, воспоставивме комуникација со директорите на основните училишта, а бевме исто така известени и од ТППЕ Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.

Благодарение на брзото постапување на сите вклучени фактори, учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата веднаш се евакуирани на безбедно, а наставата за денешниот ден е прекината.

Во меѓувреме, исто така добивме информација дека од страна на полицијата се превземаат потребните мерки за проверка на дојавите за поставени бомби.

Како градоначалник на општина Прилеп, апелирам на смиреност и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи.

Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите.

Падна одлука: Овие се новите цени на горивата по полноќ

Состанокот на РКЕ заврши и падна одлука за нови цени на горивата, кои ќе важат од вечерва по полноќ.

Бензините се зголемуваат за еден денар, додека дизелот ќе поевтини за еден денар.

Бензинот БС-95 поскапува за еден денар и ќе се продава за 77 денари за литар од полноќ, додека БС-98 ќе се продава за 79,5 денари за литар.

Дизелот поевтинува за еден денар, па така по полноќ ќе се продава за 80 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за половина денар и ќе чини 78,5 денари.

Не само во ООУ “Добре Јованоски”, дојави за поставени експлозивни направи добиле и овие училишта во Прилеп

Како што дознаваме во тек е евакуација во повеќе училишта во Прилеп, откако непознат сторител на е-маил адресите на училиштата испратил дојави за поставени експлозивни направи.

Не само во ООУ “Добре Јованоски” како што информиравме претходно, дојави за поставени бомби има и во OOУ “Гоце Делчев” и ООУ “Блаже Конески”.

Повеќе информации во текот на денот…

За прв пат дojава за пocтавена бомба во училиште во Прилеп

Маркукуле дознава дека утрово дојава за пocтавена експлозивна направа стигнала на е-маил адресата на ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп.

Како што дознаваме во тек е евакуација на учениците и вработените во училиштето.

Повеќе информации во текот на денот.

Младинците на ППК Mладост 96 од Прилеп се вратија со две бронзи од Трофеј на Подгорица (Фото)

Играчите од младинските категории на ППК Младост96 од Прилеп, Давид Јоноски во категорија до 12 години и Васе Богоеска во јуниорска конкуренција до 19 години, освоија бронзени медали на турнирот “Трофеј на Подгорица”.

Васе Богоеска се пласира и во најдобрите 8 во сениорки. На турнирот играа и Лука Огненоски – 1/8 финале во јуниорска и Трајче Маркоски – 1/8 финале до 12 год.

Софија Хасани, која играше за репрезентацијата на Македонија освои две медали – cребрен во сениорска и бронзен во јуниорска категорија.

Овие улици во Прилеп денеска ќе бидат без вода до 14часот

Водоснабдувањето на ден 26.12.2022 (понеделник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 262л/с, од кои 232/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 30л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Димо Наредникот”, ул. “Тетовска”, ул. “Б.Иваноски”, ул. “Цане Коњарец”, Реон Леково

Иcчезнатото лице во Крушевско се уште не е пронајдено

ЦУК преку регионалниот центар во Крушево известува дека исчезнатото лице во Крушевско, денеска (25.12.2022 година), се уште не е пронајдено. Потрагата трае во континуитет од самото пријавување во МВР од 22.12.2022 година и продолжува. Се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места.

И денеска при потрагата, екипи од МВР, членови на семејството и граѓани доброволци во вечерните часови ги пребаруваат градот, населените места (колиби, напуштени куќи, штали) и слични места.

Во текот на утрешниот ден од 09:00 часот ќе се продолжи со потрагата кон шумските појаси. Екипите од МВР, ДЗС и Армијата се повлекоа во 17:30 часот. ЦУК преку регионалниот центар во Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

Јапонска култура во Прилеп: Го освоија турнирот, а потоа ги чистеа трибините во спортската сала (ВИДЕО)

Екипата на Гостилница “Кај Џек” од Скопје го освои Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп, а веднаш после доделувањето на шампионскиот пехар и наградата, фудбалерите ги чистеа трибините по примерот на Јапонците на Светското првенство во Катар.

Секоја чест!

Го имаме победникот! Екипата на Гостилница “Кај Џек” го освои Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп

Екипата на ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“ е победник на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”. Гостите од Скопје во финалето со 1:3 ја победија домашната екипа на СКАРА НА КИЛО „КАЈ КУСИО“ и со тоа стигнаа до шампионскиот трофеј и главната награда во вредност од 240.000денари.

Трофејот и наградата на победниците им ги додели градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Второпласираната екипа пак ќе подели награда во вредност од 120.000 денари.

Честитки за победниците!

Прилепчанка пpиjaвила дека била нападната од жител на Обршани

-На 25.12.2022 во 03.20 часот В.Б.(34) од Прилеп пријавила дека околу 02.00 часот во Прилеп, по претходна расправија, била физички нападната од И.С. од с.Обршани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од ОВР Прилеп.