дома блог страница 1310

Слики полни со среќа: “Мајмуни” традиционално ја посетија посебната паралелка во ООУ “Климент Охридски” и на дечињата им подарија пакетчиња

Традиционално како секоја година така и оваа година, членови од навивачката група “Majмуни” ја посетија посебната паралелка во ООУ “Климент Охридски”.

-Како и секоја година така и оваа со една иста порака..бидете умни здрави живи и среќни,за останатото ние како група сме секогаш поддршка ваша.

Благодарност до директорот Ахил Јаков и вработените за нивната почит кон нас како група и пренесувањето на децата сета добрина која ја има во нив – стои во соопштението од “Мајмуни”.

Само на едно место во Прилеп ќе има најдобра забава за новогодишната “реприза”: Резервирајте на време!

Во изминатите 365 дена ресторанот “Деспина” прерасна во вистински репрезент на градот под Марковите Кули, а дека тоа е така зборуваат стотици и стотици задоволни гости кои го посетиле.

“Деспина” неодмана прослави една година постоење, а успешната приказна продолжува. Во празничните денови кои претстојат сопствениците ќе понудат богата музичка програма и богато мени по вкус на сите гости.

Ако сте за незаборавна новогодишна забава, тогаш во недела треба да си резервирате, и тоа што поскоро. За втората новогодишна вечер ќе ве забавуваат Зорица и “Tик-Так” бенд.

Резервирајте на телефонскиот број: 072/209-996

Уживајте во празниците со вашите најблиски во ресторан “Деспина”. За многу години и наздравје!

Џабе ви се сите “бемвиња”, “џипови” и разни други лимузини – овој прилепчанец пак ќе биде поголем фраер од сите (Фото галерија)

Џејнат Зекир од с. Дебреште ја има најуникатната лимузина која некогаш поминала низ улиците на Прилеп.

Своето преубаво фиќо Џејнат го има украсено со новогодишни поклончиња и ламбички, а сето тоа изгледа прекрасно и плени сечиј поглед.

И навистина многумина ќе речат дека ова “фичуле” е поубаво од голем број луксузни автомобили, кои секојдневно ги гледаме низ улиците на Прилеп.

Секоја чест мајсторе!

Предновогодишно УЈП вработува 100 луѓе – плата од 28 до 38.000денари

Управата за јавниприходи вработува 100 луѓе. Огласот е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.

Во него се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.

Се бараат инспектори, даночни советници, соработници, асистенти, a платите се движат меѓу 28 и 38.000 денари.

За секој оглас е прецизно наведено кои услови треба да исполнува кандидатот, во смисла на образование, работно искуство. Огласот може да го погледнете на следниот линк.

Учениците од СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” Прилеп ги израдуваа децата од ООУ “Климент Охридски” и дневниот центар “Ѕуница” (Фото)

Денеска учениците од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп имаа можност да се дружат и да ги израдуваат своите пријатели од ОOУ „Климент Охридски“ и Дневниот центар „Ѕуница“.

Учениците ги разделија новогодишните пакетчиња кои ги подготвија од продажбата на новогодишните украси. Тие беа топло пречекани од домаќините и имаа можност да им посакаат Среќни празници на сите.

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп уште еднаш упатува голема благодарност до сите кои придонесоа оваа предновогодишна хуманитарна акција да биде успешна.

Прекрасно! Во центарот на Прилеп поставена Бадниковата пештера (ФОТО)

Денес во центарот на Прилеп беше поставена нова Бадникова пештера од страна на Локалната самоуправа на општина Прилеп.

Здружението „Бадникови поворки“ во соработка со Општина Прилеп, се подготвува за одржување на традиционалната Бадникова поворка во нашиот град, која што се одржува по повод големиот христијански празник Бадник и симболично се најавува раѓањето Христово!

-Општина Прилеп е подготвена за новогодишните и божиќните празници – велат во соопштението од општината на ФБ.

Утре во МАНУ и официјално за нов член ќе биде промовиран прилепчанецот проф. д-р Валентин Мирчески

Македонската Академија на науките и уметностите упати покана за пристапното предавање на новоизбраниот член во работниот состав на Академијата, проф. д-р Валентин Мирчески од Природно-математичкиот факултет во Скопје, на тема: “За трите света”.

На настанот пригодна реч за дописниот член ќе одржи академикот Глигор Јовановски. Настанот ќе се одржи на 28.12.2022г. го во 12 часот во амфитеатарот на МАНУ.

Mирчески е прилепчанец и досега има работено за повеќе универзитети ширум Европа. Професорот Мирчески е вистински амбасадор на Прилеп и Република Македонија, а неговото знаење и искуство е богатство со кое се стекнал секој негов студент.

Пред две години професорот Мирчески, заедно со Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски (уште еден прилепчанец), Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на топ 2 проценти највлијателни научници во светот, која што ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД.

Студијата вклучува рангирање на над 7 милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе во предвид возраста на научниците, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Идеја на годината во Македонија! Кој има нека донесе, а кој нема нека понесе (ФОТО)

Пилјара “Кај Кецот” од Гевгелија ја заслужи наградата за нај идеја за 2022 година. Пред нивниот дуќан се наоѓа закачалка на која тој што има повеќе може да донесе и закачи ќеса со производи, а тој што нема може да си понесе тоа што му треба.

-Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите – напишаа сопствениците на овој дуќан на ФБ.

Секоја чест за креативноста и идејата! Нека биде пример за голем број сопственици на бизниси и дуќани.

Реновирана спортската сала во ООУ “Круме Волнароски”, а во OOУ “Добре Јованоски” таблети за учениците од социјално ранливите семејства (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска ги посети основните училишта “Круме Волнароски” во населеното место Тополчани и ООУ “Добре Јованоски”, каде во пресрет на празниците се реализираа инвестиции за подобрување на наставата на учениците.

-При мојата денешна посета на ООУ „Круме Волнароски“ во Тополчани извршивме увид на комплетно реконструираната спортска сала во училиштето. Променет под со нова подлога, нови спортски реквизити, зголемен фондот на книги во училишната библиотека и нови училишни клупи и столчина. Радост за сите ученици, а гордост за раководниот тим и сите вработени во училиштето.

Во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп, денес им ги предадовме на користење 22 таблети набавени за социјално ранливите категории на граѓани од ромската заедница. Проект одобрен од Министерството за локална самоуправа, врз основа на Стратегијата за Ромите во Република Македонија. Во овие претпразнични денови убаво е чувството кога ќе се презентираат вакви проекти за подобрување на условите за работа во училиштата и за целокупниот општествен развој – напиша Јовчески на ФБ.

“Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Пачешкоски, со новогодишен трансфер од земјоделие оди да помогне во УЈП?”

Нов револт во СДСМ Прилеп, бидејќи пребирањето на работни места како да нема крај. Како хокејарски измени се менуваат новите работни маста на неколкумина главашини во партијата, велат прилепчани.

Одговорот на ова го дадоа граѓаните со катастрофалниот пораз на локалните избори од 7.500 разлика и новата анкета на IRI на која СДС нема ни 9% рејтинг.

Гласно се коментира дека партијата во Прилеп е во распад и дека ова е “бомбона” за залажување на Пачешкоски, кој пак имал аспирации да биде нов пратеник од Прилеп.

Очекуваме деновиве Пачешкоски да се појави на новото работно место во УЈП Прилеп.