дома блог страница 1309

Рацин.мк – нов медиум со кој ќе се негуваат идеалите на македонскиот великан Коста Солев Рацин

Од денеска медиумското семејство на интернет просторот во Македонија порасна за уште еден член – рацин.мк, портал за расудување на духот на времето.

Порталот Рацин.мк е основан за да го заземе своето место како портал со мисија да понуди информации, длабински анализи и други медиумски формати коишто, во светот преплавен со дезинформации, ќе им обезбедат на читателите содржини на кои ќе им веруваат.

Само нашите вредности ги одредуваат темите што се од интерес и што произлегуваат од нашите основачки вредности и уредувачка политика.

Во име на тие вредности Рацин.мк ги отвора портите за општествените активисти и интелектуалците за критички дебати за предизвиците што стојат пред демократијата во земјата и во светот. Во центарот на нашто внимание и дебатата ги ставаме врвните интереси и цели на нашето општество и држава.

Инспирирани од животот и делото на Кочо Рацин наша определба се темите како што се социјална правда, солидарност, владеење на правото, општество еднакво за сите.

Во фокусот на нашиот новинарски интерес се консолидацијата и развојот на демократијата и демократските процеси, поддршката за зајакнување на капацитетите на институциите како сервис на граѓаните, непоколебливата поддршка и унапредување на концептот за општество еднакво за сите и за интеркултурализам, нашите залагања за социјална правда, нашето место и придобивки во НАТО и учеството во забрзување на евроинтеграциите и регионалните прогресивни иницијативи, поддршка на критичкото јавното мислење, улогата на медиумите, граѓанското општество, и навременото укажување на  заканите од авторитаризам.

Една од нашите принципиелни определби е да им дадеме глас на безгласните, да им обезбедиме видливост за маргинилизираните групи и секогаш да повикуваме на одговорност на оние кои го добиле мандатот на граѓаните за да управуваат со државните и општествените ресурси кои се сопственост на граѓаните.

Уверени сме дека автентичното непристрасно новинарство сѐ уште има моќ со вистинити информации да ја стекне довербата на читателите и да го поттикне просветленото расудување за да создаваме посилно и поправедно општество.

Наша цел и стремеж е да ги почитуваме и следиме највисоките стандарди на журнализмот и на нашите читатели да им го испорачаме најважното на најдобар можен начин.

Рацин.мк ќе преземе активности за да учествува во создавањето на следната генерација новинари и медиумски работници, критичари на времето и политички еманципирани граѓани за да бидат неодминлив фактор во создавањето политики од интерес на граѓаните и општеството.

Рацин.мк силно верува во новите технологии и ќе ги прифати најдобрите практики и алатки за да испорача новинарство и медиумски содржини во духот на времето. Затоа бидете со Рацин.мк и на социјалнте мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Извор: рацин.мк

Брачен пар од Сараево кој нема деца, сака да го посвои бебето родено под ypнатините во Сирија

Веста за бебето кое се роди под урнатините во Сирија го обиколи светот. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво.

Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето.

-Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот, со солзи изјавила младата жена за Аваз.

Мајката на бебето почина, а тоа нема други преживеани членови од семејството.

Mинатата година учениците му приредија шампионски шпалир, а сега малиот Вања од Прилеп освои уште едно вредно признание (Фото)

Се сеќавате ли на Вања Ѓорѓиоски – ученикот во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, кој минатата година учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”?

За потсетување, Вања во септември минатата година се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам… и д 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал.

Неговите другарчиња тогаш му приредија шампионски шпалир во школскиот двор, а ваквиот дочек беше уште поголема мотивација за него.

На литературниот конкурс од baalroom.com. за состав на тема “Божиќна приказна”, Вања Ѓорѓиоски ја освои првата награда, а неговиот соученик Дарио Нанески од VII-1 ја освои втората награда.

Честитки за вредните ученици, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Учествуваше во промената на името на Македонија, па се врати да биде професор во Битола

Доскорешниот министер за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски од Битола, се повлече од политиката и веќе се вратил на старото работно место.

Пред активно да се вклучи во политичките води, Милевски бил професор во средното економско училиште во Битола “Јане Сандански”.

Taму работел од 2004 до 2014 година, а дознаваме дека сега одново се вратил на старото работно место и држи настава.

Милевски беше еден од 81 пратеници во 2019 година кои изгласаа промена на Уставот за промена на името на државата, а неодамна се повлече од министерското место и лидерското место во Либерално демократската партија, каде неговото место го зазеде актуелната пратеничка Моника Зајкова.

АЛАЛ ВЕРА БИТОЛЧАНИ: Не остана празно место на плоштадот “Магнолија” од донациите за нacтpaданите oд земjoтpecoт во Турција и Сирија (Видео)

Стотици битолчани вчера ја поддржаа иницијативата на порталот “Бабам Битола” и сестрите Назар и Налан Салиевски од Будаково, и го преполнија плоштадот “Магнолија” со донации наменети за нacтpaданите семејства од земjoтpecoт во Турција и Сирија.

Храна, хигиенски средства, ќебиња… и се друго што е потребно за погоденото население кое претрпе огромна катacтpoфа.

Уште од 09часот утрото битолчани почнаа да ги оставаат своите донации и покажаа дека се град со огромно срце.

Донации ќе се собираат и денеска од 8-13ч. на пунктовите “Магнолија” и паркинг “Нов Пазар”.

ВИДЕО: “Бабам Битола”

Kaзината и обложувалниците се бунат: Ако објектите бидат на растојание поголемо од 500 метри од училиштата без работа ќе останат 10.000 луѓе

Казината и обложувалниците да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од училиштата, се предвидува со измените и дополнувања на Законот за игри на среќа, што вчера ги усвои Владата.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) смета дека со предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, Владата го отпочна процесот на затворање на игрите на среќа во земјава. Тие предупредуваат дека ќе им се укине работата на 10 илјади луѓе и ќе го осиромаши државниот буџет за 280 милиони евра на годишно ниво. Сето ова во услови на невидена економска криза, најголема после Втората светска војна, велат од АПИС во реакција до медиумите.

„Ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира. Ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект – ниту ќе се намали играњето на игрите на среќа ниту ризиците кои ги носат, туку ќе се отвори ново поле на нелегален профит и ризик за играчите“, рече денеска Васко Илиевски од АСОМ.

Како што додаде тој,доколку од Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обидуваат да го протуркаат законот, тој нагласи дека ќе преземат радикални чекори.

(Видео) Ќе биде ли ова првата Влада во која Македонците ќе станат малцинство?

Македонскиот мнозински народ ќе стане малцински, барем по заспапеноста во новиот владин состав. Ова ќе биде реалноста по се поизвесниот влез на Алијанса во Владата. Ако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари постигнат финален договор, Албанците ќе имаат еден министер повеќе на сметка на Македонците, пишува Алфа.

10 ќе бидат од албанскиот политички блок, седум министри од македонскиот. Таравари сигурно би требало да ги добие Министерството за правда, каде на местото на Тупанчевски, ќе дојде актуелниот член на ДИК, Кренар Лога. Ќе го добијат и здравство, каде на местото на Беким Сали од Алтернатива, ќе дојде инфектолог Фадиљ Цана.

Во зависност од одлуката на Алтернатива дали ќе остана во Владата или не, може да добијат и трето министерско место, она во информатичко општество каде што шеф е Адмирим Алити. Ако партијата на Африм Гаши реши да остане во власта, тогаш можно вицепремиерското место за економски прашања да го загуби Фатмир Битиќи од СДСМ, за да бидат задоволени барањата на Алијанса за Албанците.

Со влезот на Таравари во Владат нема да се промени ништо, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели само во наредниве десетина месеци колку што и остануваат на оваа власт, само ќе видиме неколку нови побогати поличари на сметка на осиромашувањето на обичните луѓе.

Целата статија можете да ја видите ТУКА.

(Видео) Зеленски во британскиот парламент: “Oвде сум во името на храбрите! Знаеме дека Русија ќе изгуби”

„Овде сум во име на храбрите. Во име на нашите воени херои кои се во рововите и ја штитат Украина од непријателски paкети“, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски пред британските парламентарци во Лондон.

Зеленски му се заблагодари на Обединетото Кралство за обезбедувањето опрема на неговите вojници и за обуката на оние кои се наоѓаат на линијата на фронтот, за време на неговата прва посета по руската инвазија на Украина минатата година, пренесува Српски Курир.

– Доброто секогаш победува. Знаеме дека Русија ќе загуби. И знаеме дека нашата победа ќе го промени светот – и ова е промената што светот ја чекаше. И Велика Британија доаѓа со нас. Тоа ќе биде победа над самата идеја за вojна. Секој, секој агpeсор ќе знае што ќе се случи со него ако се обиде да го нападне светскиот поредок, рече Зеленски.

Фатен битолчанец кој извpшил две тешки кpaжби – yкpaденото вратено на сопствениците

Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Д.О.(37) од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Деца за пример: Учениците Искра и Олег од Битола ја претставуваа Македонија на Олимпијада по природни науки во Богота – Искра освои бронзен медал

На покана на градоначалникот, Тони Коњановски, денес, општина Битола ја посетија двајцата ученици од прва година од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Искра Нечаковска (15) и Олег Трајковски (15) кои беа дел од државниот тим на Македонија на 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година. На денешната средба со градоначалникот, Искра и Олег, раскажаа за поддршката од нивните ментори, за големите знаења и искуства кои ги стекнаа во Богота, но и за бронзениот медал кој го освои Искра. На олимпијадата се натпреваруваа 220 учесници од 44 земји од сите континенти.

„Се подготвувавме уште од државните натпревари, бидејќи требаше да одиме и на селекциони натпревари. Беше навистина прекрасно искуство. Благодарни сме за целата поддршка што ја добивме од сите професори и сме горди што навистина постигнавме многу. Имаше три дела од натпреварот и сите беа во различен ден, два теоретски и еден практичен дел со експерименти. Секој дел траеше 3 – 4 часа.“, рече Искра Нечаковска, ученичка во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Општина Битола, овозможи финансиска поддршка за двајцата средношколци кои ја претставуваа Битола во Богота, а преку наградување на успешните ученици, општината продолжува да биде поддржувач на талентираните и трудољубиви млади луѓе:

„Денес имам чест и задоволство да ни бидат гости, двајца млади луѓе со нивните професори, Искра и Олег кои учествуваа на 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, на која Искра освои бронза. Но, тие се сите победници, со самото учество на оваа олимпијада. Тие потврдуваат дека Битола, навистина има големи капацитети. Општина Битола даде поддршка за нивното патување, но и понатаму ќе продолжи да стимулира вакви подвизи, да ги наградува овие млади луѓе. Им посакувам да не презентираат во најдобро светло и да останат да напредуваат во Битола и Македонија. Од минатата година, воспоставивме и нов начин на наградување на талентираните и наградените ученици, за што имавме голем интерес и оваа година продолжуваме со уште попрецизни критериуми, со цел секогаш да овозможиме поттик за успехот на учениците “, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.