Водовод Прилеп апелира до граѓаните: Деновиве следете ги овие препораки

ЈКП „Водовод и канализација“Прилеп со препораки и апел до граѓаните за превентивни мерки против замрзнувања на водоводните инсталации и водомери.

Вработените од јавното претпријатие од секторот за техничко одржување и развој препорачуваат, граѓаните на град Прилеп да ги заштитат водните инсталации и водомерите поради бранот на ниски температури во овој период од годината, со цел да не настанат дефекти и да не се предизвикаат трошоци и за физичите лица, но и за самото јавно претпријатие Водовод и канализација- Прилеп.

Со самата претпазливост на сите нас како одговорни граѓани кон еден од најважниот ресурс за човекот, бенефет ќе имаме и како домаќинства со тоа што штедиме вода, но и како јавно претпријатие Водовод и канализација – Прилеп што неискористена чиста и пивка вода нема да се испушта во канализација.

Препораките се однесуваат на тоа,

• да не се заштитуваат инсталациите пред се преку константно испуштање на водата преку славините!

• водомерите во водомерни шахти да бидат заштитени со соодветна изолација од топли материјали!

• надворешните чешми (во дворовите) да бидат испуштени и затворени, а потоа заштитени повторно со соодветни материјали за изолација од ниски температури!

• во подрумските простории каде е видлива водоводната инсталација да биде заштитена со термо изолација, но и да се внимава да нема провев од отворени врати или скршени прозори со цел да не дојде до пукање на стакло на водомери, пукање на цевки и сл.

Во случај на дефект или пукање на водомери од ниските температури на располагање се дежурните служби на Водовод и канализација – Прилеп 24/7!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.