Жална Македонија: Битолчанецот Благојче го чекаше лекот од 2020 година, а денеска за жал почина од циcтична фиброза

Денес имаме и жална вест: Почина еден од нашите другари, битолчанецот Благојче Илиевски Ѕвончарот кој боледуваше од цистична фиброза и од државата до ден денес не ги доби потребните лекарства. Благојче прости ни, ова не била држава ниту ќе биди – напишаа на социјалните мрежи од битолскиот портал “Бабам Битола”.

Во изјава за “ФАКТОР” неодамна Благојче истакна:

-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам…Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.