дома блог страница 1269

Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори, ако е проблем техничката влада подготвени сме и без тоа

Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе раквицата дека не треба да има 100 дена техничка влада и дури не треба воопшто да ја има и веднаш да го смениме законот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата во Битола одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Артан Груби за Албанец премиер и молкот од СДСМ за тоа.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада дури и до истите да остане Спасовски министер за внатрешни работи до избори да ги прави оние дејства што ги прави изминативе 7 години, па дури и министерката за култура да остане и да понижува на отворена сцена.

-Нема потреба од техничка влада, нема потреба од тие 100 дена туку веднаш да одиме на избори. Тоа е мислам разумно. Ако зборуваме за есенски избори, тогаш овие луѓе ако ги прашате дали да има парламентарни избори па претседателски избори следната година, односно државата и бизнисот да бидат во грч повеќе од 10 месеци, сигурно ќе ви речат, не. Односно или сега предвремени избори или заедно во еден трошок претседателски и парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека е свесен дека некој ќе го критикува за ваква изјава, но ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сака и бизнисот да биде поуспешен за да отвора што повеќе работни места и да имаат вработените подобри примања.

-Стоиме на располагање, не мора техничка влада, со истиве министри до избори да одиме веднаш на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Прилепчани одново се покажаа во одлично светло на најновиот мастерс во билијард: Оливер Апостолоски го освои третото место

Изминатиот викенд на 11 и 12.03 се одржа вториот мастерс од Државното првенство во А и Б дивизија во билјард – дисциплина 10-ка.

На мастерсот во Б дивизија учествуваа 48 играчи од цела Македонија, од кои 11 од нашиот град.

Најдобри резултати од прилепчаните покажаа Оливер Апостолоски кој го освои третото место и Стефан Гермов кој заврши како петто пласиран.

Повеќе од очигледно е дека Прилеп располага со добри играчи кои секогаш се дел од завршниците, или ги освојуваат овие мастерси на државните првенства.

Честитки за двајцата прилепчани и желби за уште поголеми успеси на идните мастерс турнири.

Поевтинуваат дел од горивата, ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,888 ден/кг.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,779 (денари/килограм)

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски на средба во Стопанска комора Битола

Денес (16.03.2023) во 12:30 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со претставниците на Регионална Стопанска Комора Битола во хотел „Капри“, Битола.

Пред започнување на средбата, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.

Изјавата може да ја следите во живо на линкот во продолжение:

64-годишна прилепчанка со тешки повpeди донесена во прилепската болница, откако сограѓанин со товарно возило yдpил во нејзе

На 15.03.2023 година во 20.00 часот во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“, товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.И. (61) yдpило во пешакот В.Н. (64) од Прилеп.

Во нecpeќата В.Н. се здобила со тешки телecни повpeди, констатирани во Градска болница – Прилеп.

Увид на местото извpшила yвидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Рускиот амбасадор за инцидентот над Црното море: Кажете сенаторе, сакате ли вojна?

Намерен напад на руски авион во неутрален воздушен простор би бил отворена објава за војна против нуклеарна сила, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

Коментирајќи ги заканите од голем број американски сенатори, особено Линдзи Греам од Јужна Каролина, дека руските авиони во меѓународниот воздушен простор треба да бидат соборени доколку се приближат до американската воена опрема, Антонов посочи дека таквите повици на американските конгресмени „ги надминуваат границите на здравиот разум.“

„ Министерството за одбрана на Русија детално ги објасни причините и постапките на руските пилоти при вчерашниот инцидент над Црното Море. Ќе повторам за оние кои не нашле сила објективно да гледаат на ситуацијата: нашите ловци не дошле во контакт со американскиот дрон. Русија направи се за да спречи такви инциденти – однапред и соопшти на меѓународната заедница информации за границите на областа на привремена употреба на воздушниот простор, утврдени за извршување на специјална воена операција“, објасни Антонов.

„ Се разбира, Пентагон е навреден што губи скапа опрема. Но, во овој случај, кон нив треба да бидат насочени обвинувањата на американската армија за непрофесионалност“, рече дипломатот.

„ Што се однесува до споменатиот сенатор, ова во никој случај не е прв обид на подмолниот сенатор да предизвика опасна ескалација во руско-американските односи. Пред една година тој ги повика граѓаните на нашата земја да го убијат претседателот на Русија. Дали сенаторот сериозно верува дека директен воен конфликт со Русија е во интерес на гласачите кои му ја довериле грижата за нивните животи и благосостојба?“, додаде амбасадорот.

Антонов предупреди дека намерниот напад на руски авион во неутрален воздушен простор не е само кривично дело според меѓународното право, туку и отворена објава на војна против најголемата нуклеарна сила.

„Вооружениот конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави би бил суштински различен од прокси-војната што Американците од далечина ја водат против нас во Украина. Дали тие на Капитол Хил се подготвени да ги изложат американските граѓани и меѓународната заедница на ризик од сеопфатна нуклеарна војна? Одговори ми, почитуван сенаторе!“, праша рускиот амбасадор.

Според него, Русија не сака конфликт со друга нуклеарна сила.

„Ние не бараме конфликт со нуклеарна сила. Продолжуваме да одржуваме контакт, вклучително и преку Министерството за одбрана, за да спречиме ненамерни судири. Би сакал американските политичари да имаат ист однос кон односите со Русија“, нагласи Антонов.

Инспекторите од денес на терен: Казни до 10.000 евра ако не се почитува намалувањето на цените на тестенините и млечните производи

Владините одлуки за намалување на цените на тестенините и млечните производи од денес официјално стапуваат во сила, а трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките, соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.

-Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

-Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.

“Ова нема ни у Београду”: Океански систем во новата детска градинка во Прилеп

Директорката на ЈОУДГ “Наша иднина” oд Прилеп, Христина Трпческа, на социјалните мрежи реагира за начинот на изведба, на се’ уште непуштената во употреба градинка во населбата “Точила” во Прилеп.

-Тој што работи, тој и греши. Не е тешко да се признае. Но, професионалец да ги правда своите грешки зад параванот на Правилник, е крајно несериозно. Претпоставувам и следната слика на тоалет за возрасни во еден се уште неотворен објект ќе Ви покаже какви стандарди и норми се ,,пропишани” во Правилникот… Фактите се следни: 1. Недостатоци има! 2. На Прилеп очајно му е потребна детска градинка – напиша Трпческа како реакција на пишувањата од Архитектот Јовески, кој истакна дека основниот проект за детската градинка е проектиран согласно законските регулативи и правилници.

Инаку, изградбата на градинката во Прилеп ја започна претходната локална власт на 2 април, 2021 и требаше да биде готова за 7 месеци.

Денеска заврши законската обврска за зимска опрема

Од денеска не е задолжително да се носи зимска опрема во возилата.

Законската обврска завршува доколку не биде донесена вонредна мерка за нејзино продолжување што зависи од временските услови.

Според законот за сообраќај на патиштата зимска опрема во возилата е задолжителна во периодот од 15 ноември во претходната година до 15 март во тековната година.

Силна екcплозиja ги вознемири жителите на најголемата прилепска населба

Маркукуле дознава дека денеска околу 11 часот во Територијалната противпожарна единица Прилеп, примена е пријава за запален стан и експлозија во населба Точила, при што веднаш на лице место била испратена екипа.

Пожapникapите потоа утврдиле дека не станува збор за пожap, туку за екcплозиja предизвикана од грејно тело – парно.

Од силината на звукот се вознемириле жителите од околните згради, како и учениците од средното училиште “Ристе Ристески -Ричко”.

За среќа од екcплозијата е причината само материјална штета во станот во зградата Ц3, односно искршени прозорци и оштетена покуќнина.