дома блог страница 1270

МВР: До 12 февруари 2024 година мора да се сменат регистарските таблички со ознака „NMK“

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“.

Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.

(Фото) Комитите со порака: Стани Македонче, потребна е акција – 04.02, сите!

Комитите кои се во огромен број во СЦ. Јане Сандански, истакнаа парола и повикаа сите Македонци да станат и дека е потребна акција на 04.02.

Навивачите на Вардар кои се над 800 во овој момент, на крајот од првото полувреме испееаја песна за Гоце Делчев и со самото тоа добија аплауз од присутните во салата, кој се над 4000 на дуелот против РК Партизан во рамките на СЕХА-лигата.

„Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација”, гласеше паролата на Комитите.

Инаку, Вардар на полувреме во супер атмосфера води против Партизан со 16-14.

Вилијам Михајловски:”Не сакам амнестија, сакам само правично судење – не сакам да ме амнестираат за нешто што не сум сторил”

Фејсбук статус Вилијам Михајловски – Гајда – осуден на 13 години казна затвор за настаните од 27 април

Јас Вилијам Михајловски еден од осудените за настаните за 27 Април, односно осуден за чл.313 ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК од КЗ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА јавно кажувам дека амнестија не барам и не сакам да бидам амнестиран за членот 313 од КЗ.

Доколку ЈО за организиран криминал има докази дека ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок со моето влегување во Собрание на Република Македонија, во кое влегоа уште 5000 луѓе слободно можете јавно да ги објавите и судовите нека судат но да знаете нема само Македонија судии има меѓународни судови на кои оставам да одлучат дали ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок.

Доколку амнестијата е со цел да потпишам дека сум го сторил делото и ме амнестираат за ТЕРОРИЗАМ тоа НИКОГАШ нема да го потпишам. Јас тврдам дека во ниту еден момент не сум имал умисла и во ниту еден момент не сум го ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАГРОЗИЛ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК на Р.Македонија.

НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОСТАНУВА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ТЕРОРИСТИЧКИ СУМ ГО ЗАГРОЗИЛ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК. Јас 6-та година лежам за тој член 313 и сеуште не сум појден ниту на викенд, ниту саати, ниту користам некаква погодност поради тој чл.313. Затоа останувам да лежам и преку правни алатки ќе оставам тие од ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ нека докажуваат дека ТЕРОРИСТИЧКИ сум го загрозил уставниот поредок. ПОВТОРУВАМ УШТЕ ЕДНАШ, ДОКОЛКУ ЦЕЛТА Е ДА НИ ДАДАТ АМНЕСТИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ, НЕ ФАЛА НЕ МИ ТРЕБА АМНЕСТИЈА ЗА НЕШТО ШТО НЕ СУМ СТОРИЛ.

НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ОВИЕ СУДОВИ И ОБВИНИТЕЛИ АМА ИЧ, ОВДЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ Е КОРУМПИРАНО И СЕ ИГРААТ ПИШИ БРИШИ СУДИИТЕ. ЕПА ГОСПОДО СУДИИ ЈАС НЕ СУМ БИЛ ДРЖАВЕН ФУНКЦИОНЕР ДА ИМАМ ПАРИ ДА ПОДМИТУВАМ. НАЈБИТНО МИ Е ПРЕД БОЖЈИОТ СУД ДА БИДАМ ЧИСТ БОГ Е ТОЈ ШТО МОЖЕ ДА МИ СУДИ. МОЕ БАРАЊЕ МОЖЕ САМО ДА ГЛАСИ ДЕКА БАРАМ ПРАВЕДНО СУДЕЊЕ, А НЕ АМНЕСТИЈА!!!

После 30 години Битола не е последна дестинација на железничката линија од Скопје, ама се’ уште е далеку Солун

По повеќе од 30 години, денеска, во 10:30 часот, од железничката станица во Битола се возобнови железничкиот правец од пругата која води кон соседна Грција, но во оваа фаза редовниот превоз на патници со воз од Битола ќе се одвива до железничката станица Жабени, каде се наоѓа истоимената индустриска зона.

Со реактивирањето на железничкиот превоз на патници од Битола до Жабени, се поместува последната станица на возот, а наскоро Битола ќе биде поврзана со Лерин и Солун, посочуваат од Македонски железници.

– Поврзувањето на двете соседни држави од македонска страна е завршено, а наскоро се очекува да биде рехабилитирана желеничката пруга која ги поврзува Лерин и Солун од грчка страна со што по повеќе од 30 години повторно и целосно ќе биде воспоставен железнички сообраќај од Битола до Солун, потврдија за МИА од Железници на Република Северна Македонија.

Како што е познато првата железничко-патна врска на Битола со Солун е воспоставена на 13 јули 1894 година кога на населението му било овозможено непречено патување, размена на стоки и престој во двата града.

Првата посета на Битола во 1911 година, тогашниот Султан Мехмед V Решад ја направил со доаѓање користејќи воз за што сведочи филмуван материјал од браќата Манаки, а со воз во Битола, во 1967 година пристигнал и тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, се сеќаваат нашите соговорници, во пресрет на реактивирањето на како што велат последната станица на возот.

Железничката пруга од Битола до границата со Република Грција, во должина од 18 километри почна да се обновува во 2015 година и притоа со средства од ЕУ и од македонската влада поставени се нови шини, сигнализација, изградени се 9 мостови, 30 безбедни железнички премини, нова станична зграда и други придружни елементи за непречен железнички сообраќај и превоз на патници.

Вработените во образование со 3,4 % повисоки плати од овој месец

Наставниците и техничкиот персонал овој месец со платата за јануари ќе го добијат ветеното покачување, така како што договори СОНК и неговиот Претседател Јаким Неделков на преговорите со Владата минатата година.

За жал и со незначителното покачување наставниците ќе земаат плата пониска од просечанта…

Според последниот извештај на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година изнесувала 33.011 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец била 49.397 денари.

Со најновото покачување

Eден од најпознатите македонски историчари, д-р Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев

Во однос на тоа дали треба заднички да се слави Гоце Делчев помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, мојот одговор е дециден-не! Зошто велам не? Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија.

Ова меѓу другото во интервју за „Република“ го изјави универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, спроти 4 февруари, кога ќе се чествува 151-годишнината од неговото раѓање.

Според него, целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

Целиот разговор кој со проф. Жежов го водеше Предраг Димитровски, погледнете го ТУКА

Традиционално: Мицкоски присуствуваше на празнувањето на Атанасоен во Љубанци (Фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на прославата на Св. Атанасиј во скопско Љубанци.

-Народот ја сака и почитува својата традиција што покажува дека Македонија има историја и верба која е за почит, напиша Мицкоски на ФБ.

Брилијантен ФБ статус: “Македонците не си отидоа, туку ги набркаа чорбаџиите”

Отселувањето и натаму во фокусот на јавноста. Александар Симонов со став на темава со кој многумина се соглаија во целост.

Реалноста пресиликана во фејсбук статус изгледа вака:

Од „ќе ги вратиме младите назад“ до „ќе овозможиме ‘увоз’ на работници од странство“ и тоа внимавај, по барање на чорбаџиите!

Е сега, само од Штип се испишани 81 ученик од осмолетка, поради иселување во странство, за едно полугодие. Во истиот тој град чорбаџиите плачат дека им фалат работници (најмногу во текстилна, но и во други индустрии) и спремаат терен, башка подмачкуваат секаде каде што е потребно, за да добијат закон за „увоз“ на работна сила, по своја мерка! Да друже, истите оние чорбаџии кои се бунат против секое покачување на плата, чие изживување со години го трпеле многу работници, кои условите за работа што ги овозможуваат се под секој достоен човечки минимум, се жалат дека „нема работници“!

Чорбаџиите секогаш биле отуѓени од човекот и ќе останат како такви, а уназадувањето што го нанесуваат на народот, нацијата и државата, не се мери нит во светлосни години! – Како тие ја менуваат демографијата, па тоа веќе не може ниту пописен фалсификат на СДС и ДУИ да го скрие!

И сега, додека е дигната бука за чив е Гоце, и дали постојат Македонци или не, да забележиме дека Македонците не си отидоа, туку ги набркаа, и тоа нит зли соседи или „црни врани“, туку чорбаџиите, што домашни, што странски, претставени како месијантски филантропи што не спасуваат од бездната која сами сме си ја направиле.

p.s. Нека му објасни некој на „Министерот“ дека ниска невработеност е под 5%, а не 14%.

Николоски: “Целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 год., тие не признаваат македонски народ и јазик”

-Се сруши како кула од карти политиката на оваа Влада на СДСМ и ДУИ, политиката на попуштање ги удира темелите на македонскиот народ

Целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 години, тие не го признаваат македонскиот јазик и засебноста на македонскиот народ, истакна во гостувањето во дневниот на ТВ “Сител”, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Внимавајте, МВР следи се’: Жител на Македонски Брод ќе одговара за поттикнување омpaза и нacилство поради коментар на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(73) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 20.07.2022, на објава на портал на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот поставил коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од МВР.