Рускиот амбасадор за инцидентот над Црното море: Кажете сенаторе, сакате ли вojна?

Намерен напад на руски авион во неутрален воздушен простор би бил отворена објава за војна против нуклеарна сила, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

Коментирајќи ги заканите од голем број американски сенатори, особено Линдзи Греам од Јужна Каролина, дека руските авиони во меѓународниот воздушен простор треба да бидат соборени доколку се приближат до американската воена опрема, Антонов посочи дека таквите повици на американските конгресмени „ги надминуваат границите на здравиот разум.“

„ Министерството за одбрана на Русија детално ги објасни причините и постапките на руските пилоти при вчерашниот инцидент над Црното Море. Ќе повторам за оние кои не нашле сила објективно да гледаат на ситуацијата: нашите ловци не дошле во контакт со американскиот дрон. Русија направи се за да спречи такви инциденти – однапред и соопшти на меѓународната заедница информации за границите на областа на привремена употреба на воздушниот простор, утврдени за извршување на специјална воена операција“, објасни Антонов.

„ Се разбира, Пентагон е навреден што губи скапа опрема. Но, во овој случај, кон нив треба да бидат насочени обвинувањата на американската армија за непрофесионалност“, рече дипломатот.

„ Што се однесува до споменатиот сенатор, ова во никој случај не е прв обид на подмолниот сенатор да предизвика опасна ескалација во руско-американските односи. Пред една година тој ги повика граѓаните на нашата земја да го убијат претседателот на Русија. Дали сенаторот сериозно верува дека директен воен конфликт со Русија е во интерес на гласачите кои му ја довериле грижата за нивните животи и благосостојба?“, додаде амбасадорот.

Антонов предупреди дека намерниот напад на руски авион во неутрален воздушен простор не е само кривично дело според меѓународното право, туку и отворена објава на војна против најголемата нуклеарна сила.

„Вооружениот конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави би бил суштински различен од прокси-војната што Американците од далечина ја водат против нас во Украина. Дали тие на Капитол Хил се подготвени да ги изложат американските граѓани и меѓународната заедница на ризик од сеопфатна нуклеарна војна? Одговори ми, почитуван сенаторе!“, праша рускиот амбасадор.

Според него, Русија не сака конфликт со друга нуклеарна сила.

„Ние не бараме конфликт со нуклеарна сила. Продолжуваме да одржуваме контакт, вклучително и преку Министерството за одбрана, за да спречиме ненамерни судири. Би сакал американските политичари да имаат ист однос кон односите со Русија“, нагласи Антонов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.