дома блог страница 1237

Прогласени најдобрите маски на карневалот “Прочка” во Прилеп: Гран при наградата за “Флингстонови” oд ООУ “Блаже Конески”, a “Хакуна Матата” ги освои сите присутни (ФОТО/ВИДЕО)

Жири комисијата во состав: Кире Миладиноски, Александар Цветкоски, Тони Чатлески ги прогласи најдобрите маски на 21-то издание на карневалот “Прочка” во Прилеп.

Прво место во групна маска освои маската “Семејството Адамс” од OOУ “Добре Јованоски”, второнаградени се ООУ “Гоце Делчев” со маската “Срцето на градот”, а трето место освоија ООУ “Кире Гаврилоски-Jaне” со маската “Хакуна матата”.

Гран при награда појде за маската “Флинстонови” oд ООУ “Блаже Конески”, додека награда за најдобра поединечна маска освои Мила со “Волк-Ајкула”.

Тито и Јованка од село Куратица со Мерцедесот и гардата пристигнаа во Прилеп (Фото)

Измина уште едно издание на карневалот “Прочка” во Прилеп. Прилепчани и стотиците гости на овогодишното дефиле имаа можност да проследат голем број оригинални маски, а една од маските која привлече најголемо внимание беше онаа на Тито и Јованка од охридското село Куратица.

За маската да биде комплетна, маршалот пристигна со бел Мерцедес, а зад него го придруживаше и неговата гарда.

Ромите највесели на карневалот “Прочка” – го разиграа цел Прилеп (ВИДЕО)

Прилеп денеска пулсира во карневалски ритам. Во центарот на градот заврши 21-то издание на дефилето на маски, а забава има на секое ќоше и во секој локал.

Како и секоја година, највесели се Ромите, кои со зурли и тапани го разиграа цел Прилеп и приредија вистинско шоу.

Лебчињата со ајвар и сирење, семејството Адамс, Тито и Јованка со Мерцедесот и голем број други – НАЈ МАСКИТЕ на карневалот “Прочка” во Прилеп (Фото галерија)

Во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, со гордост денес го празнуваме празникот Прочка, кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.

Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја, ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.

Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали, а карневалот „Прочка“ со сигурност е еден од најпознатите и најголеми карневали во Република Македонија.

Прилепските Мечкари ја претставуваат најпознатата маска која што според некои документи датира од 30-тите години на минатиот век и со нејзината симболика која што означува бркање на злите духови, утринава го означивме почетокот на денешниот карневал.

Низ плоштадот “Методија Андонов-Ченто” денеска продефилираа голем број уникатни маски, а ние ги изводјуваме лебчињата со ајвар и сирење, семејството Адамс, Тито и Јованка од село Куратица, играорците и часовниците со градската Саат кула.

Забавата сега се сели во кафулињата каде музика ќе има до 3 часот по полноќ.

Нека ни е за многу години!

Битолчани и прилепчани синоќа се yдpиле на живот: “Уловени” 19 пиjaни возачи

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 19 возачи. Од нив 14 на територија на Битола, 4 во Прилеп и 1 Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 26 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Угостителите вечерва во Прилеп ќе работат два часа повеќе

По повод одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2023“, работното време на угостителските објекти во градот се продолжува за 2 часа, согласно со чл.23 од Законот за угостителска дејност.

Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти е донесена од Советот на Општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016 година и таа се уште има важност.

Војдан Чернодрински ја напушти својата улица во Чаир, на негово место дојде Оџа

Од денеска улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија, одржа и свечена академија на која се говореше за ликот на имамот – објави “Експрес.мк”

На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа Атаулах Куртиши присуствуваше и лидерот на „огнената група“ на ДУИ Изет Меџити, како и други негови сопартијци.

Новите имиња на улици Општината Чаир ги базира на одлука на Град Скопје од 2021 година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.

Oбичај кој живее со векови: На Прочка се амкаат јајца, израдувајте ги најмалите и не дозволyвajте овој обичaj да изyмpe

Старата слика потсетува за амкањето на празникот Поклади, кој се слави во февруари или март или седум недели пред Велигден.

Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини за прошка, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето.

Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај што се негувал со години, а децата се обидувале без помош на рацете да го фатат јајцето со усните кое се нишало од најстариот член во фамилијата.

Амкањето било следено со весели зацрвени лица на децата, кои вложувале напори, некогаш и илаџиски марифети, само да успеат да го стават јајцето во устата.

Зашто се верува дека оној кој ќе успее да го фати јајцето, ќе биде следен со многу среќа во пролетта што следи и целата година.

Старите прилепчани раскажуваат дека амкањето се правело на вечер, кога тесното семејство ќе се соберело по целодневните прошетки во сурати и маски по роднините и комшиите и по испраќањето на блиските од визитите за простување.

А дали ги видовте Тито и Јованка од Струмица? (ФОТО)

Вчеравечер на маскенбалот во Струмица се појави и Тито со Јованка. Градоначалникот Костадин Костадинов и неговата нова девојка пристигнаа маскирани во Маршалот Јосип Броз Тито и неговата доживотна партнерка Јованка.

Дел од пријателите на градоначалникот беа маскирани во Че Гевара, Фидел Кастро и Гадафи.

Подгответе се: Најавени поројни дождови и грмежи – темперетурите ќе бидат во опаѓање

Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Под влијание на серија влажни бранови во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.

Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.