“Две срца вљубени” – Слушнете ја новата песна на прилепчаните Христијан Крстески и “Тикса бенд” (ВИДЕО)

Христијан Крстески & “Тикса бенд” од Прилеп имаат нова песна насловена како “Две срца вљубени”.

Песната е комплетно дело на авторот и продуцент Славко Ристески, а е снимена во неговото студио Prosound Production Studio.

Христијан и неговиот бенд направија и видео запис за истата, кој од денеска може да проследи на на нивниот јутјуб канал, како и на социјалните мрежи.

Христијан и Тикса не застануваат тука, па најавуваат и нови песни и видео записи за во скоро време, како авторски, така и проекти во живо.

Слушнете и уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.