дома блог страница 1236

Од полноќ намалување на цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на
одлуката од 24.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување за 0,011%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега изнесува 41,266 ден/кг.

Од 28.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,266 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.2.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.

Се бараат работници од Прилеп: Oдлична можност за вработување во реномирана фирма

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Трајанов: Hapoдот не може толку да создаде, колку што влacта може да yкpaде

На скала на 1 до 10, чидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов на Македонија и дава чиста десетка по корумпираност.

Значи 10, има чиста десетка. Имаме силен процес кој продолжува на криминализација, криминалот во оваа држава стана вредносна категорија, а не зло со кое што треба да се справиме. Криминалот полека ја гризе и јаде државата и затоа не функционира. Сега зборуваат фондовите биле испразнети, тешко се затвораат потребните буџетски ставки… Не треба ништо друго, да имаме систем да престане да се краде од оваа држава и тогаш ќе има пари за се. Овој народ не може да создаде толку, колку што власта може да растури, да расипе или да украде. Тоа суштински проблем околу корупцијата и криминалот – вели тој во интервју за Радио Слободна Европа

Фактот дека досега ниту еден функционер на ДУИ не одговарал за ништо го коментира:

Тоа е врзано за неселективната борба против корупцијата и криминалот. Сите институции се партизирани. Во седумте институции кои се одговорни за борба против корупцијата, против тешките облици на криминал, раководат партиски луѓе. Тие не можат да започнат оперативна истрага против носител на јавна функција ако се работи за кадар на ДУИ, бидејќи таа има силен механизам да влијае на тоа дали Владата понатаму ќе опстои или не. И тука е целата работа, тука е браната, тука е влијанието на министрите, на претседателот на Владата врз овие институции, да не отворат случаи, дури и таму каде што е очигледно дека има криминал, да не отворат, да не го проверат, да не го документираат и се разбира да не се поднесе кривична пријава против некои од носителите на високи позиции ако е кадар на ДУИ.

Запрашан дали во реалноста ДУИ е газда во државата вели:

Пред година дена, после формирањето на оваа Владата, посочив дека претседателот на Владата не треба да биде сервилен спрема ДУИ. Значи, треба да се однесува како претседател на Влада, да води сметка за напите стратешки национални и државни интереси и така да се однесува и треба сите министри да си го знаат каде им е местото. Тие треба пред претседателот на Владата, условно кажано, да реферираат, да се договараат како ќе ги имплементираат програмските определби, а не ние во суштина да имаме две влади – една со која што раководи Али Ахмети и друг дел од владата со кој раководи Ковачевски…Како резултат на вака раштиман оркестар како Влада, ние имаме огромно незадоволство од граѓаните. Тие се незадоволни како и на кој начин функционира или не функционира Владата, посебно одделни министерства. Значи, главната забелешка на граѓаните е дека во државата нема ред и дека не функционираат институциите.

Европско знаменцe и за oбложувалниците и казината – Голем број луѓе ќе останат без работа?

Очигледно е дека некој се’ уште не ја разбира сериозноста на последиците кои ќе ги предизвика усвојувањето на овој Предлог закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, предложен од владата. Ниту забелешките на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не ги одвратија од нивните намери. Иако пред две седмици евроамбасадорот Дејвид Гир јавно порача дека европското знаме не смее да се злоупотребува за избегнување на дискусиите за важни прашања, владата не се откажа од намерата да протурка скандалозни и противуставни измени на законот за игри на среќа. Испратени се во Собрание со европско знаме.

Го повикуваме владиниот Секретаријат за европски прашања да одговори на следните дилеми на јавноста:

Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа?
Која ЕУ директива создава предуслови за игри на среќа на црно, без државна контрола?
Која ЕУ директива предвидува 10 илјади луѓе да останат без своите работни места?
Која ЕУ директива овозможува противуставни законски измени?
Која ЕУ директива предвидува бркање странски инвеститори кои доаѓаат од земја членка на ЕУ?

Апелираме до пратениците на сите политички партии да посветат особено внимание на Законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Ниту еден пратеник не треба да наседне на лажниот популизам кои го шират противниците на легалните игри на среќа. Доволно е да си го постават реторички прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола?

Ние имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции кои ги имаме направено во Северна Македонија. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Кога надлежните институции не сакаат да ги слушнат аргументите ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Пред целата јавност ќе покажеме дека и во оваа економска гранка работат обични луѓе, меѓу кои и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

Интегрален текст од реакцијата на АПИС за законот за игри на среќа

Денеска одлука за новите цени на горивата

Регулаторната комисија денеска ќе одлучува за цените на горивата.

Согласно последната одлука, цените на дизел горивото, бензините и екстра лесното масло за домаќинство останаа непроменети.

Намалување имаше само кај мазутот за 1,060 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,202 (денари/килограм)

Денecка е чиcт понеделник: Лecни пocти и чиcта миcла на cите кои до Beлигден ќе пocтат

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

“Каменковци” од ООУ “Блаже Конески” ја освоија гран-при наградата на карневалот “Прочка 2023”

Под водство на наставничката Весна Арсиќ, учениците од петто-3 одделение од ООУ “Блаже Koнески” ја освоија гран-при наградата за најдобра маска на карневалот во Прилеп.

– Секој период од човечкиот живот се разликува, но секој е посебен на свој начин! Сликајќи го животот во камено време од гледна точка на припадниците на работничката класа и нивните семејства, животот е различен, но музиката, играта, интригите, се провлекуваат низ времето.

Предметите од нашето секојдневие се претставени од малку поинакво (камено) гледиште. Но, едно е исто, борбата за живот, опстанокот!

Нашата порака е следна: “Никогаш материјалното пред духовното, никогаш себичноста пред пријателството”. Луѓе, не има многу, но предизвик е да се биде човек! Останува да играме, пееме, да живееме со полни гради- гласи пораката на оваа маска.

Прилеп денеска имаше две Саат кули: Вредните ученици од ООУ “Гоце Делчев” и нивните ментори на карневалот се претставија со една од најубавите маски досега (ФОТО)

Со маската “Срцето на градот” учениците од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп ја освоија втората награда на овогодинешното 21-во издание на карневалот “Прочка”.

Учениците заедно со нивните ментори изработија одлична групна маска каде маршираа како ѕидни часовници, а со нив носеа и изработена саат кула.

За прв пат Прилеп имаше две Саат кули на едно место. Секоја чест! Награда повеќе од заслужена!

Со автомобил yдpил во 85-годишен прилепчанец и избегал – Дедото со тешки телecни повpeди примен во прилепската болница

На 25.02.2023 во 13.00 часот K.A.(85) од Прилеп пpиjaвил дека на 23.02.2023 околу 15.00 часот во Прилеп на ул.“Борка Талески“ патничко моторно возило yдpило во него, по што го напyштило местото на настанот.

Во нecpeќата пpиjaвителот се здобил со тешки телecни повpeди констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извpшен бил yвид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Прогласени најдобрите маски на карневалот “Прочка” во Прилеп: Гран при наградата за “Флингстонови” oд ООУ “Блаже Конески”, a “Хакуна Матата” ги освои сите присутни (ФОТО/ВИДЕО)

Жири комисијата во состав: Кире Миладиноски, Александар Цветкоски, Тони Чатлески ги прогласи најдобрите маски на 21-то издание на карневалот “Прочка” во Прилеп.

Прво место во групна маска освои маската “Семејството Адамс” од OOУ “Добре Јованоски”, второнаградени се ООУ “Гоце Делчев” со маската “Срцето на градот”, а трето место освоија ООУ “Кире Гаврилоски-Jaне” со маската “Хакуна матата”.

Гран при награда појде за маската “Флинстонови” oд ООУ “Блаже Конески”, додека награда за најдобра поединечна маска освои Мила со “Волк-Ајкула”.