Машините забрчија во три населени места: Во една недела асфалтирани три улици во општина Кривогаштани (ФОТО)

Деновиве во населените места на општина Кривогаштани се одвива засилена градежна офанзива. Општината и градоначалникот Николче Мискоски ги користат сите расположливи средства и механизми за да го подобрат животот на жителите од оваа мала пелагониска општина.

Во населеното место Пашино Рувци се асфалтираше улица “Борис Трајкоски”, која е во должина од 800 метри и тоа беше првата од трите асфалтирани улици во изминатите 7 дена.

Следуваше асфалтирање на улицата “Методија Патчев” во населеното место Боротино, во должина од 300 метри, а денеска пак се заврши со асфалтирање на првата фаза од улицата “Македонски Просветители” во Кривогаштани, во должина од 150 метри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.