дома блог страница 1076

(Видео) За среќа ставени под контрола: Попладнево пожари се закануваа да ги зафатат манастирот кај Зрзе и селото Кошино

Попладнево на територијата на Општина Долнени избувнаа два пожари. Првиот, над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон с. Зрзе. Вториот пожар е над с. Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото – информираа од Центарот за управување со кризи.

Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваа да воспостават контрола над пожарот од земја, пристигнале два Ер трактори на ДЗС и хеликоптер на МВР, кои помогнале да бидат ставени под контрола краците на пожарот кои ги загрозуваа селата.

Од ЦУК велат дека не постои опасност кон манастирот Св. Преображение над селото Зрзе.

Предводени од бравурозниот капитен Велески, прилепчани го спакуваа Бутел: Со победа започнува патот за излез во Европа

Со одлично второ полувреме и голема пожртвуваност, ракометарите на РК Прилеп забележаа победа на стартот од суперлигашката сезона.

Во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” вечерва гостуваше РК Бутел, каде тренер е поранешниот репрезентативец на Македонија од Прилеп, Горан Кузманоски – Таста.

Иако на полувремето губеа со 11:13, амбициозниот тим на прилепчани, предводен од капитенот Филип Велески, ги консолидираше своите редови и возврати со пожртвувана игра, па со 17:14 во второто полувреме, домашната екипа стигна до вредна победа од 28:27.

Ова е одличен почеток, ако се има во предвид дека РК Прилеп летово донесе повеќе засилувања, ги задржа добар дел од своите искусни ракометари, а потписот со нов генерален спонзор е мотив повеќе екипата да атакува на место во горниот дел табелата ,и да се надева на излез на европска сцена.

Потег вреден за поздравување! Поранешна репрезентативка на Македонија во атлетика од Прилеп нуди бесплатни тренинзи за болни од рак

Фото/Instagram/anafit.mk

“AНА – ФИТ” e студио за аеробик, степ аеробик и пилатес во Прилеп, а е дело на поранешната атлетичарка и репрезентативка на Македонија, Александра Оровчанец. Она што цел нејзин живот е опсесија, на што посветуваше огромно внимание, време и трпение, сега со задоволство го споделува со секој кој сака да се посвети на своето тело и да вложи во своето здравје. Александра е дипломиран професор по физичко образование, зад себе има огромни успеси во трчање и се’ уште е рекордерка на Македонија во дисциплина 300 м. Steeplechase.

Оровчане неодамна започна хумана акција за бесплатни тренинзи за сите болни од рак за време на лекувањето. Александра оваа вест ја објави пред неколку дена на  својот Инстаграм профил каде напиша:

„Поради многуте придобивки од вежбањето за време на хемотерапија, сите болни од рак (за време на лекувањето) сега ќе вежбаат бесплатно во Ana Fit“

Во продолжение појаснува дека дел од придобивките од редовното вежбање кај пациентите заболени од рак се:

-Помало оштетување на срцето;
-Намалување на чувството на замор;
-Намалување на болката и гадењето, подобрување на менталното здравје, како и 100.000 други причини.

Секоја чест!

(Видео) Дојде да се буни против Европската комисија, па доби торта во лице

Мајкл О’Лири, извршен директор на ирската авиокомпанија Ryanair, за добредојде во Брисел доби две торти во лицето.

Гардијан пишува дека две активистки, кои се борат за заштита на природата, го нападнале додека О’Лири се подготвувал да протестира пред зградата на Европската комисија против серијата штрајкови организирани од контролорите на летање во ЕУ.

Oдлука за новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за половина денар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 остана непроменета, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 ден/лит.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,158 (денари/килограм)

Уште само 200 карти во продажба: Голема стенд-ап турнеја на Бојан Велевски: „Све ли ја да мислам?!“

Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија.

Познато е дека Бојан потекнува од Прилеп, па затоа и премиерата на новото шоу е закажана токму овде, во Марко Цепенков на 13ти (среда) септември во 20ч. Карите и оваа година се симболични 200ден, а може да се купат во Арт кафе Апореа.

„Прилеп е мојот град. Градот од каде што носам потекло и по мајка и по татко. Затоа и тргнувам од тука, од моите корени, а ќе завршам таму каде шо се родив – Скопје. Два пати ја наполнивме салата минатата година, не се сомневам и овој пат во поддршката од прилепчани“, открива Велевски.

Остануваат помалку од 200 карти до овој момент во продажба во Апореа. Побрзајте, реприза нема да има.

Ова е атмосферата од последното гостување на Бојан во Прилеп.

(Видео) Изгубил милиони преку ноќ, па заминал да живее на пуст остров со своето куче

Дејвид Глешин (78) веќе 25 години престојува на оддалечен остров во северна Австралија. Пред да се пресели на овој остров, тој беше успешен претприемач кој тежеше околу 30 милиони долари. Тој вели дека поседувал две јахти, неколку имоти на брегот и се дружел со титаните на австралиската трговија.

Денес живее сам и ретко се враќа во цивилизација. Прашање кое мачи многу луѓе: Што го натера поранешниот мултимилионер да промени луксуз и удобност за живот на пуст остров?

Пред 40 години, Дејвид Глешин имал успешна деловна кариера. Неговото детство било идилично, уживал да биде во близина на пристаништето и опкружен со своето семејство. Откако дипломирал трговија и менаџмент, Дејвид решил да продолжи кариера во тутунската индустрија. Меѓутоа, со текот на времето почувствува дека сака нешто повеќе од корпоративниот свет. Сонувал да ги реализира своите бизнис идеи и да направи нешто свое.

Еден ден, неговиот пријател му пришол со интересна понуда – му покажал мапа која наводно ја означувала локацијата на рудник за злато во Папуа Нова Гвинеја. Верувајќи во богатството што може да се најде на локацијата, Дејвид успеал да собере импресивни 2 милиони долари капитал и да основа фирма за истражување на околината. Фирмата започнала да котира на Австралиската берза, што му донело на Дејвид дополнителен престиж и финансиски успех.

Како и да е, тоа не траело многу долго. Во понеделникот, 19 октомври 1987 година, светот се соочи со драматичен момент кој ќе остане врежан во сеќавањето на многу луѓе во тоа време како „црн понеделник“. На Волстрит, епицентарот на светските финансии, дојде до остар пад на вредноста на акциите, што во рок од само 24 часа доведе до загуба на над 500 милијарди долари капитал. Оваа катастрофа го одбележа еден од најтемните моменти во историјата на светската берза. Следниот ден, Австралија ги почувствува последователните потреси од овој глобален колапс, бидејќи нејзиниот пазарен индекс го следеше Волстрит. Во текот на следните два дена, многу акции на австралискиот пазар паднаа за застрашувачки 40%, предизвикувајќи шок и паника кај инвеститорите, а на тоа не беше исклучок ниту фирмата на Дејвид.

Во овој виор на финансиската криза, Дејвид се соочил со драматични и тешки моменти. Речиси целото негово нето богатство било врзано во акции, а како претседател чувствувал голема одговорност кон своите инвеститори. Сепак, неговите високоризични инвестиции, особено во рударскиот сектор, претрпле големи загуби.

Оригинално и емотивно видео со сите заеднички моменти: Прилепски рапер направи прекрасна песна посветена на неговата ќеркичка (ВИДЕО)

Прилепскиот рапер Борче „Бро“ Блажески, кој кај прилепчани е познат по настапите во клубовите во минатото, а кај балканската јавност стана познат по учеството на реалното шоу “Парови”, направи оригинална песна посветена на третиот роденден од неговата слатка ќеркичка.

Борче важеше за најоригиналниот учесник во “Парови”, а со неговата позитивна енергија жареше и палеше на екраните.

Во продолжение слушнете ја песната “Тато те чува”:

(Фото галерија) Битола подготвена за ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за македонскиот, битолскиот клуб РК Еурофарм Пелистер:

„Завршуваат подготовките во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на новата Лига на шампионите. Со интензивна работа од страна на Општина Битола и во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми и активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од клубот, ги исполнивме потребните, високи европски стандарди. Со дуелот меѓу македонскиот првак, нашиот РК Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, во среда спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за Лигата на шампионите. Нека ни е среќно и успешно битолчани! За нови големи достигнувања во ракометот!“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Две млади момчиња од Прилеп среде бел ден фатени со дрога на клучката од патот за Витолиште

На 09.09.2023 во 11.00 часот на клучка од магистрален пат Прилеп – Битола со регионален пат за с.Витолиште од полициски службеници од Полициска станица Старавина при Регионален центар за гранични работи Југ се лишени од слобода Д.М.(21) и Н.Т.(21), двајцата од Прилеп.

При преглед на возилото „фиат комби“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.