дома блог страница 1075

Скандал ја тресе Италија: Погба “падна” на допинг контрола

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг контролата по натпреварот со Удинезе во Серија А. Во крвта му била пронајдена недозволена супстанца, јавуваат италијанските медиуми.

На францускиот фудбалер му е откриено тестостерон во крвта, што е недозволено светот на спортот. Оваа супстанца не се толерира дури и ако се користи за терапевтски цели.

Погба има шанса да се жали на одлуката и да направи нов тест на крвта. Казната за овој прекршок може да биде четиригодишна суспензија од фудбалот.

Нови снимки од ужасот во Мароко: Моментот кога силниот земјотрес прекина венчавка

Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога силниот земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко. На видеото се гледа како пејачката и другите музичари ја напуштаат сцената и трчаат низ вратата на церемонијата во Маракеш, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и неговите предградија беа погодени од силен земјотрес во Мароко, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Се вели дека OCHA „внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да обезбеди поддршка“.

Последните информации покажуваат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2421 лице. Имаше предупредувања дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.

РК Прилеп донесе 22-годишен пикер од Хрватска

Хрватскиот пикер, Томислав Квастек е најновото засилување на Р.К Прилеп.

22-годишниот пикер зад себе има неколку успешни ангажмани во хрватски прволигашки клубови, а почетокот на кариерата му е во Нексе.

Во Прилеп ни доаѓа од унгарскиот клуб Будаи Фаркасок.

Полнете резервоари: Од полноќ ново значително поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%.

Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари.

Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе чини 83,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 83 денари за литар.

И на 63 години Брена е Брена: Елегантна и полна со енергија, на нозе крена илјадници присутни синоќа во Кавадарци (Фото/Видео)

Со голем број музички ѕвезди, карневали, изложба на олд тајмери, илјадници посетители, многу испиено вино и во одлична атмосфера и расположение, помина традиционалниот “Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци.

Имаше за секого по нешто, од најмало до најголемо. Едноставно, невозможно е да се напише во еден текст што се’ се случуваше викендов во градот од Тиквешијата.

Ако не успеавте да присуствувате во живо, целата програма ден по ден најубаво можете да ја проследите на официјалната ФЕЈСБУК СТРАНА.

Секако шлаг на тортата синоќа беше настапот на безвременската балканска ѕвезда, Лепа Брена, која иако во октомври полни 63 години, докажа дека се’ уште зрачи со неверојатна енергија и успеа илјадниците присутни да ги крене на нозе.

Елегантна како и секогаш, Брена ги испеја сите нејзини најголеми хитови, а публиката уживаше од прва до последна минута.

Целата атмосфера во Кавадарци синоќа проследете ја во продолжение:

Казнети близу 100 возачи на територијата на СВР Битола во еден ден: Возеле над дозволеното, а дел без возачка дозвола и пијани

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол.

Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за непрописно престигнување….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од СВР Битола и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Столе го запозна својот идол (ВИДЕО)

На Столе Димитриевски му се оствари желбата да се сретне и да добие автограм од иконата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон. Столе беше вистински хит во пресрет на натпреварот, кога во хотел пристигна со дрес од голманската икона.

На средбата Столе му рече: “TИ си мој идол”, а Џиџи топло го прегрна.

Грк со 5 евра се обидел да поткупи полициски службеник – веднаш бил приведен!

На 10.09.2023 во 20.10 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Имено, Г.К. кој управувал товарно возило “сканија” со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

Летната пауза воопшто не им влијаеше: Шест медали за прилепските борачи од “7-ми Мај” на турнир во Скопје

На 09.09.2023 борачите од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај” настапија на првиот Меѓународен турнир “Бојан Рангелов” во Скопје, каде ги остварија следните резултати:

48кг.Анабела Стојаноска – Трето место
49кг.Ангела Трајкоска – Трето место
49кг.Марија Велјаноска – Трето место
55кг.Елена Дејкоска – Второ место
60кг.Тамара Цветкоска – Трето место
64кг.Јована Мидоска – Трето место

Антонијо Цветаноски со одлични борби не успеја да освои медал.

На ова натпреварување екипата беше предводена од новите тренери: Филип Јованоски, Теодора Димеска и Елена Најдоска.

ДЕНЕСKA Е ТЕЖОК ПРАЗНИК: Отсекување на главата на свети Јован Крстител

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, кој сè уште беше жив.

Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го разобличи Ирод. Заради тоа, Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска, пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада.

Пијан и занесен од таа игра, Ирод ѝ вети на танчерката дека ќе ѝ даде се што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство.

Наговорена од мајка ѝ, Салома ја побара главата на свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место.

Што стана понатаму со главата на светиот Претеча е опишано под 8 март. Набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна.

За да ја измие честа на својата ќерка, кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен, Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија.

Како прогонети, Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 11 септември е востановено затоа што тој ден е осветена црквата што на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија светиот цар Конастантин и неговата мајка, светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.