Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја соопшти денес убавата вест на социјалните мрежи. Александар Николоски и неговата сопруга Александра станаа родители на малиот Јосиф:
Толку беше: ДДВ-то на сметките за струја од 10 ќе се врати на 18%, кажа вицепремиерот Битиќи
Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува, одлука ќе донесеме до крајот на јуни, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи утрово во емисија на „Телма“
-Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај, изјави Битиќи. Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.
-Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, вели Битиќи.
Пуштени во продажба картите за Прилеп Фест 2023
– ПРИЛЕП ФЕСТ објавува дека оваа година на 1ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот во салата на Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп. Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот ќе ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори.
Цената на картите е 200 денари, а може да ги резервирате на телефонскиот број 071/497-706 или да ги купите на следниот линк:
https://mktickets.mk/event/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82-2023/
Пратеничка од СДСМ си мисли дека ја гушнал Зеленски…но, не го препознала
Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ на „Фејсбук“ се пофали дека се сретнала со „Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно ја извршува првивремено и функцијата Претседател на Украина, во рамките на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг“.
Снеже го утна и името и функцијата, па самиот функционер под фотографијата ја подучи „драгата Снежана“ дека ниту е Олександар, ниту претседател на Украина.
– Драга Снежана. Ми беше мило што се запознавме. Но, моето име е Руслан Стефанчук. Јас сум Спикер во украинскиот Парламент. Претседател на Украина е Володимир Зеленски.
Девојки не пропуштајте! На 4-ти јуни во хотел “Кристал Палас” во Прилеп – Единствена можност да се запознаете со “Coral Nails Tech”
КОРАЛ НАИЛС е професионална линија на производи за изработка на нокти, и тоа не било каква колекција, туку производи кои ги освоија женските срца ширум светот.
Се работи за бренд без конкуренција, во чиј квалитет досега се уверија голем број познати личности кај нас. Дека тоа е така потврдува и познатата естрадна пејачка и сопственик на козметичкиот салон “ЕН Бјути”, прилепчанката Елена Јовческа.
Таа без двоумење реши да го поддржи и да застане зад КОРАЛ НАИЛС, а она што особено инспирира и му дава еден посебен белег на брендот, е приказната која стои зад истиот.
Идејата за креирање на оваа беспрекорна линија производи доаѓа од едно мало италијанско поморско градче кај Сицилија и приказната за брачен пар кој имале 5 деца. Мајката била вљубеник на коралите и нивното совршенство и од таа причина почетните букви на имињата на своите 5 деца ги формира од буквите кој што го содржат зборот КОРАЛ.
Карло
Оливиа
Рикардо
Андреа
Лоренцо
Таткото бил рибар и вљубеник во морските предизвици, секоја прилика кога бил на риболов успевал да се прикраде до некој гребен и да украде еден корал и да и го подари на својата сакана. Тие животот продолжиле да го живеат во малото поморско селце додека сите 5те деца биле преселени да живеат и рабптат во внатрешноста на Италија.
Мајката за својот 80ти роденден на сопругот му ја кажала својата желба за својот роденденски подарок и посакала да и подари повторно некој Корал, кој ке биде поразличен од сите оние кој што ги имала во својата колекција.
Таткото долго време се трудел да најде начин за да стигне до тој Корал кој незнаел ни самиот како изгледа и по некое време се досетил и за 80от роденден ги повикал сите 5 деца (чии почетни имиња го даваат зборот Корал).
На тој начин и подарил „КОРАЛ“ кој е совршен плод на нивната љубов и со сигурност е поразличен од сите корали кој што ги имала во својата колекција.
Во знак на таа приказна и љубовта кон Коралите, денес името на оваа професионална линија која повторно е симбол на убавината го носи името Корал. Сопсвеност на едно од нивните деца.
„Токму поради сите овие причини и прекрасната приказна од која започнува се, решив да застанам зад овој бренд, кој заслужено можам да потврдам дека е да без конкуренција. Сега како дел од тимот Ви претставуваме мастер левел ап семинар работилница која има еден вид на мала турнеа низ МАкедонија каде како мастер едукатор и добитник на прва награда нашиот мастер едукатор Наталија Павлович ке им даде шанса на сите што ќе се пријават да го почувствуваат светот на професионализмот и ќе им го покаже сито свое искуство зад кое стојат безброј едукации. Да не заборавам да ја споменам првата освоена награда на шампионатот во изработка на нокти во организација на Корал нелс Италија што се случи на 3 мај овој месец. Убавка Петков како менаџер и дистрибутер на брендот, голем професионалец и искусен претпиемач го препозна талентот и потенцијалот на ЕН Бјути студио вклучувајќи го целиот тим и заедно започнавме еден сериозен проект кој тек допрва ќе донесе уште поголеми успеси”, вели Елена Јовческа.
Сите оние кои се занимаваат со изработка на нокти, со програмата на КОРАЛ НАИЛС ќе можат да се запознаат на промотивниот настан, кој ќе се одржи на 04.06. во Хотел “Кристал Палас” во Прилеп.
Убавка Петров дистрибутер на Корал Неилс и Наталија Павловиќ бренд амасадор и едукатор
А потоа ќе следува и промотивниот настан во Хотел “Престол” во Охрид, кој ќе се одржи на 11.06.2023.
Целиот концепт на настаните е објаснат на флаерот во продолжение:
Мицкоски: Ковачевски да ги стави уставните измени на дневен ред, ако нема мнозинство, да си поднесе оставка
„Често пати се чудам на аматерскиот однос кон суштинските и важни прашања за граѓаните и за Македонија на Владата. И секогаш кога мислам дека го допреле дното, јас во суштина сум бил песимиста, тие можеле да одат подлабоко“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени.
Мицкоски додаде дека власта не само што го допре дното туку оди и подлабоко.
„Прво, ги трошат парите на граѓаните ненаменски. Тие експерти добиваат пари од Буџетот за работа за која што во моментов немаат мандат. Они можат да добијат мандат само во случај доколку Парламентот изгласа потреба за отворање на Уставот. Доколку Парламентот во првата фаза не изгласа, а што ќе се случи, потреба за отворање на Уставот тогаш нивната работа е беспредметна. И хонорарите кои што ги добиваат од вас граѓаните ќе бидат практично злоупотреба на финансиските средства на граѓаните бидејќи тие немаат сега мандат да зборуваат за уставни измени“, нагласи Мицкоски.
„Ја користам оваа прилика и го повикувам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети да ги достават овие барања во Парламентот односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат. Еве час поскоро, нели викаат континуирано од минатата година, помина една година, а ние слушаме е сега во септември имаме 2/3 мнозинство, помина септември, дојде октомври, е не до октомври туку до крај на година, па помина 2022 година, е не било до крај на година, било до февруари, помина февруари, сега викаа мај, еве го и мај поминува. Затоа ајде еве еднашка нека се охрабрат и нека го поднесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски и да изгласаат пратениците, да видиме како ќе гласаат“, повика Мицкоски.
Тој посочи дека тогаш и можеби онаа оставка која што си ја поднесува и за која што зборува цело македонско Собрание Димитар Ковачевски конечно да биде ефектуирана.
„Уставни измени под овие услови во овој Парламент ќе нема“, укажа Мицкоски.
Teшка сообраќајка на ул. “Филип Втори Maкедонски” во Битола: Се судрија три возила, 5 лица повредени
На 25.05.2023 во 07.37 часот било пријавено дека во Битола, на ул.„Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.
Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Прва национална Олимпијада за вселената: Сите ученици од овие градови можат да се пријават за натпреварот во ПРИЛЕП!
2. Ученици од 1ва до 4та година од средните училишта
Тимот на Првата национална олимпијада за вселената
„Ja прекинувам Задруга во рок од 10 дена“ соопшти Жељко Митровиќ: „Оваа одлука ја донесов по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“
„ЈА ПРЕКИНУВАМ ЗАДРУГА ВО рок од 10 ДЕНА“ соопшти Жељко Митровиќ: „Оваа одлука ја донесов по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“
– По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата „Задруга“ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Сметам дека единството на Србија и оценката на претседателот на Републиката се поважни од секаков вид на интерес на Пинк или мој личен интерес – објави Митровиќ на својот Инстаграм профил.
“Tотален хорор за еден обичен Влаф во Скопје”: Сведоштво на млад човек кој ги користел новите тротинети
Фејсбук статус на Антонио Димитровски, кој имал лошо искуство со новите електрични тротинети во Скопје
-Драги пријатели, избегавајте ги услугите на Bin Bin тротинетите. Поради мојата радозналост имав тотално негативно искуство со истите. Во неделата после 00-00 часот ја активирав апликацијата и земав тротинет пред Централен регистер.
Поради тоа што не можеше да развие брзина повеќе од 10 km/h го возев само 2 минути и го оставив под железничка. Со 10 km/h те касапат на минутажа.Една минута е 9 денари. 30 минути пробував да излезам од апликацијата. Иако не го возев, тајмерот си вртеше и си збираше пари.
Тотален хорор за еден обичен Влаф. Префрлањето на пари во wallet-от беше блокирано. End ride не работеше.
Телефонската поддршка не беше достапна (работи само до 23-00 часот). Го оставив без да го исклучам, немаше друга опција. Ми зарачунаа околу 360 денари дека сум им должен.
360 ебени денари од Централен регистер до Железничка. За тротовите што ги фрлиле во река или контењер не жалете, осигурани се 100%. Уште една шема за финансиско касапење на недолжна клиентела – напиша младиот скопјанец на својот Фејсбук профил.












































