дома блог страница 1074

Прилепчанец заработи кривична пријава: Неговите пит були искасале 79-годишен дедо

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(24) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.11.2022 во нас.Влае во Скопје, две кучиња од расата пит бул, сопственост на пријавениот, кои шетале без надзор, го нападнале Б.С.(79) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди – информираат од МВР.

Aплицирајте! “ВИТАМИНКА” доделува 4 стипендии за студенти на Технолошко-металуршкиот факултет

Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп, објавува оглас за стипендирање 4 /четири/ студенти, со потекло од прилепскиот регион, запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ, насока: Прехранбена технологија и биотехнологија (ПТБ). Стипендијата е наменета за студенти во било која година на студирање.

Рок за аплицирање: 05.10.2023 година.

Потребни документи за аплицирање:

-Молба за добивање стипендија со кратка биографија за кандидатот (со податоци за контакт);
-Копиja од индекс, вклучително и копија од последно заверен семестар;
-Потврда за студирање издадена од ТМФ.
-Изборот ќе се изврши во рок од 10 /десет/ дека од крајниот рок за аплицирање. Компанијата може да одлучи да организира кратки интервјуа за апликантите, во случај да бидат примени поголем број апликации.

Висината на стипендијата изнесува 9.000,00 МКД на месечно ниво и се исплаќа 12 /дванаесет/ месеци во годината. Компанијата доделува и еднократен надоместок во висина од 9.000,00 денари на почетокот на академската година, за набавка на учебни помагала.

Стипендијата се исплаќа под услов студентот редовно да ги исполнува факултетските обврски, што значи на редовна основа да запишува нареден семестар. Со завршувањето на предвидените семестри, престанува исплатата на стипендијата.

Стипендистите ќе имаат уникатна можност да реализираат феријална пракса во компанијата, во договор со квалификувани ментори, како и можност да работат на проектни задачи од интерес за нивното образование и компанијата.

Со изборот, студентот потпишува договор за стипендирање со компанијата.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на тел. 048/407-428, 407-449 или писмено на е-mail: [email protected]

Тешка ноќ во општина Долнени: Се уште гори кај Зрзе и Костинци, а во Рилево синоќа пожарот дошол на 200 метри од куќите

На територијата на општина Долнени активни се следните пожари:

Кај с.Зрзе каде гори во два крака и тоа едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. Опожарена е ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 14 пожарникари и 4 ПП возила и ЈП Национални шуми подружница „Црн Бор“ – Прилеп со 4 вработени со 1 теренско возило. Во текот на денот интервенирале и 2 воздухоплови на Дирекцијата за Заштита и Спасување.

Вчера во попладневните часови пожарот се приближил на околу 200 метри од првите куќи во с.Рилево, поради што во гаснењето се вклучило и месното население.

Во атарот на с.Кошино и истиот се шири во правец на с.Сланско (општина Македонски Брод), каде гори ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 6 пожарникари и 2 ПП возила.

Од вчера активен е пожар на сува трева во атарите на селата Костинци и Зрзе, каде интервенираат ТППЕ Прилеп со 5 пожарникари и 1 ПП возило;

Полицијата ги едуцираше возачите на патот Прилеп-Градско – Врзувајте се со појас и возете внимателно

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2023), на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес, полициски службеници од овие организациони единици при МВР реализираа низа превентивни активности од областите на заштитата на шумите од пожари, имотните деликти и безбедноста во сообраќајот.

Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани, беа спроведени превентивни активности од областа на имотните деликти, а во врска со кампањата тематски насловена „Полицијата и граѓаните заедно“, под мотото „Безбедна заедница, мирна заедница“.

И на подрачјето на СВР Штип, поточно на повеќе локации во Штип полициски службеници реализираа средби и разговори со граѓани на тема “Безбедноста на граѓаните-наша обврска”.

Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, на магистралниот пат Градско-Прилеп своите активности ги насочи кон сообраќајната безбедност преку разговори и укажувања на граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи по однос на задолжителното користење на сигурносните појаси и прилагодувањето на брзината на движење.

Прилепчанец ќе го замени повредениот Столе Димитриевски на денешниот дуел против Малта

Актуелниот голман на Шкендија, прилепчанецот Давор Талески, беше дополнително повикан од селекторот Милевски, за да го замени повредениот Столе Димитриевски.

28-годишниот голман од Прилеп, кој зад себе има богато искуство во повеќе домашни клубови, а еден период настапуваше и во Финска и Грција, сезонава е страндарден помеѓу стативите на клубот од Тетово, па останува да видиме дали Милевски го повика како замена на клупата, или ќе го видиме и на теренот.

За потсетување, Димитриевски заработи повреда на грбот за време на дуелот против Италија, а како причина се наведува лошиот терен на арената “Тодор Проески”.

Натпреварот Малта-Македонија се игра денеска со почеток од 20:45 часот, а нашата селекција го дочекува со четири освоени бодови во досегашниот тек на квалификациите.

Важно известување: Од овие селски чешми во околината на Прилеп, водата не е исправна за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, л.в.с. Беловодица – двор – водоводна мрежа и с.Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Прилеп ја доби најевтината и најдобрата автошкола – Искористете ја можноста сега!

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна.

Покрај обуки за возачки дозволи, во АМД “Прилепец” ќе добиете најповолни услови за регистрација и технички преглед на вашето возило. На едно место ќе добиете услуги за зелен картон, осигурување, меѓународна возачка дозвола, атест, сервис на вашето возило, а кога ќе затреба и шлеп услуги.

Посетете го тимот од АМД Прилепец на ул. “Моша Пијаде” бр. 230, или контактирајте со нив на еден од телефонските броеви: 073/444-100, 070/316-281 и 073/444-200 и искористете ја можноста за плаќање и до 12 рати.

Не чекајте повеќе! Искористете ја оваа единствена можност!

(Фото галерија) Маркукуле во пламен – се уништува културното наследство, се чека акција од МВР

Попладнево голем пожар изби на локалитетот Маркови Кули над Прилеп. Горат нискостеблести дрвца и трева, а пожарот за брзо време се прошири на поголем простор.

На овој дел од Марковите Кули често деновиве се забележува густ чад, а прилепчани велат дека несовесни сограѓани палат кабли и гума. Претпоставка е дека и овој пожар се има проширено од таквите дејствија.

Дали конечно МВР ќе се активира целосно во овој регион и ќе стави крај на ваквото безгрижно уништување на комплексот Маркови Кули и ќе спречи прилепчани и натаму да дишат отров?

А замислете бараме Марковите Кули да се стават под заштита на УНЕСКО….

Скандал ја тресе Италија: Погба “падна” на допинг контрола

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба падна на допинг контролата по натпреварот со Удинезе во Серија А. Во крвта му била пронајдена недозволена супстанца, јавуваат италијанските медиуми.

На францускиот фудбалер му е откриено тестостерон во крвта, што е недозволено светот на спортот. Оваа супстанца не се толерира дури и ако се користи за терапевтски цели.

Погба има шанса да се жали на одлуката и да направи нов тест на крвта. Казната за овој прекршок може да биде четиригодишна суспензија од фудбалот.

Нови снимки од ужасот во Мароко: Моментот кога силниот земјотрес прекина венчавка

Се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога силниот земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко. На видеото се гледа како пејачката и другите музичари ја напуштаат сцената и трчаат низ вратата на церемонијата во Маракеш, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и неговите предградија беа погодени од силен земјотрес во Мароко, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Се вели дека OCHA „внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да обезбеди поддршка“.

Последните информации покажуваат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2421 лице. Имаше предупредувања дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.