дома блог страница 1073

Поплаки за ЈКП Комуналец пристигнуваат од сите краишта на Прилеп: Ова се скалите на “Рид”, вистински змијарник (ФОТО)

Не престануваат да пристигнуваат фотографии до нашата редакција, откако ја објавивме нашата нова рубрика: “Пријави комунален проблем, испрати фотографија или видео”.

Најновите фотографии се од населбата “Рид”, поточно од скалите над скривниците, ако воопшто се гледа дека тука има скали.

Граѓаните од овој дел на градот бараат комуналните служби најитно да интервенираат и да го исчистат просторот од тревата, која достигнува над 1 метар висина.

Со оглед дека Македонија е во портокалова фаза, апелираме ЈКП Комуналец Прилеп своите екипи да ги испрати во раните утрински часови, или во периодот после 17 часот.

Теа Таировиќ им го помати умот на битолчани: Крвав настан после концертот синоќа на Ракометно

Синоќа после концертот на српската турбо фолк пејачка Теа Таировиќ, што се одржа на отвореното Ракометно игралиште во Битола се случил немил крвав настан.

-На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка, која е пријавена околу 00.47 часот.

Според пријавеното, на ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои и малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Едниот ја допирал, другиот снимал со мобилниот: Прилепчанец пријавил грозна случка што ја доживеала неговата малолетна ќерка

На 22.07.2023 во 00.50 часот во ОВР Прилеп, 39-годишен прилепчанец пријавил дека на 21.07.2023 околу 22.00 часот неговата малолетна ќерка била пресретната од две лица, од кои едното ја допирало по телото, а другото снимало со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од СВР Битола, без да се откриваат повеќе детали.

Пет прилепчани каснати од змии, зголемени интервенциите на Итната медицинска помош

о викендот интервенциите и повиците се уште поголеми. Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања.

-Имаме премногу работа и една екипа од тројца- четворица лекари, четири медицински сестри и тројца шофери се снаоѓа како што може. Доволно сме екипирани, но мора да се каже дека е и време на годишни одмори, па и за персоналот. Се обидуваме да комбинираме од смена во смена и да ги опслужуваме сите пациенти. На терен се интервенира секаде. Има многу вртоглавици, најчести интервенции се кај повозрасната група граѓани кои имаат хронични кардиоваскуларни, респираторни хронични болести. Зголемен крвен притисок, астма, хронична белодробна болест, омалаксаност вртоглавици, вели доктор Даниел Аврамовски, началник на службата за Итна помош од Прилеп.

Зголемени се каснувањата од инсекти, крлежи, а последниве две недели имале пет интервенции на граѓани каснати од змии. За среќа, не завршиле фатално, а три случаи се префрлени на клиниките во Скопје.

Во овие две -три недели имавме пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи. Пациентите се жалаат на каснувања од инсекти. Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битно е првилен одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме. Има и каснувања од крлежи, објаснува д-р Аврамовски.

Остануваат препораките да се внимава, да не се излегува на жештините, да се конзумираат течности и при секоја промена да се консултираат со лекар. Прилепската Служба за итна медицинска помош дава здравствени услуги на околу 100 000 жители од Прилепскиот регион.

(Видео) Полноќни коњски трки во Прилеп

Несовесни граѓани и понатаму ги оставаат нивните домашни животни (коњи, магариња, кобили…) да пасат и шетаат слободно низ градот, што дава една неубава слика, а се загрозува и безбедноста на пешаците и сообраќајот.

Видеото е од синоќа, а ни го испратија наши читатели.

Белград: Го фатил на улица 78-годишниот педофил, кој ја допирал неговата 13-годишна ќерка

Д.Н. го фатил В.Б.(78) кој во неколку наврати ја допирал неговата 13-годишна ќерка по интимните делови.

По наредба на основното јавно обвинителство во Белград, во полиција му е одреден притвор до 48 часа за кривично дело недозволена полова активност.

„Девојката пред неколку дена му се доверила на својот татко дека постар маж ја запрел на улица, дека ја допирал по интимните делови, дека ја прашувал каде живее и кој се грижи за неа. Ттаткото денеска го начекал манијакот и го фатил на улица, а потоа повикал полиција“, изјавил соговорник близок до истрагата.

Манијакот утре ќе биде изведен пред обвинител, се истакнува во написите на медиумите.

Среќната околност како што е наведено е што манијакот не го повредил девојчето

Е сега е веќе пореално: Функционерите нема да добијат зголемување на платите од 10%, истакна министерката Тренчевска

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.

Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува.

-Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска.

Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.

-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.

Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници.

-Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска.

Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена.

-Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска.

На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено

Фантазија: Децата со посебни образовни потреби и нивните родители добија прекрасно уредено катче во ООУ “Климент Охридски” Прилеп (ВИДЕО)

-Инспирацијата постои, но треба да ја најдеш работејќи. Секогаш изгледа невозможно додека не се заврши – напиша на социјалните мрежи директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Ахил Јаков, кој објави прекрасно видео од новиот парк за парк за родителите и децата со посебни образовни потреби во нивното училиште.

Погледнете го видеото во продолжение:

Фатени тројца дрвокрадци од Прилеп

На 21.07.2022 во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп.

Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Во понеделник концерт на TRIO DOLCE во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”

На 24.07.2023,понеделник, од 20.00 ч.во ЦК”Марко Цепенков” во фоајето концерт ќе одржи Трио Долче.

„TRIO DOLCE“ е музички состав кој активно и успешно концертира на домашната и меѓународната музичка сцена.
Формиран е во 2016-та година од академски, професионални музичари. Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.

Овој музички состав, во 2021 год. освои неколку меѓународни награди и тоа:

– Прва награда – „LAUREATЕ“ златен медал, на меѓународниот уметнички фестивал во Италија – „Future Stars“ на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика.

– Втора награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави, на еден од најпрестижните Меѓународни музички натпревари во Москва, Русија – International Moscow Music Competition / Second prize winners.

– Прва награда „LAUREATE“ на INTERNATIONAL ONLINE CONTEST “PROMETHEUS” – Болоња, Италија.
Музичкиот состав „TRIO DOLCE“, на реномираниот музички фестивал MUZIKALE DELLE NAZIONI – Concerti del Tempietto во Рим, Италија, минатата година одржа целовечерен концерт во Teatro di Marcello, а во септември истата година одржа целовечерен концерт во „Св.Софија“ во Охрид, во чест на Јубилејот на Митрополит Дебарско-кичевски Г-дин Тимотеј.

TRIO DOLCE го сочинуваат:
Светлана Богданоска Ристоски – флејта
Андријана Дукоска – виолончело
Марија Шамоска Буџаковски – пијано.

Светлана Богданоска – Ристоски е родена во Охрид, каде што го започнува своето музичко образование во О.М.У.,, Методи Патче” – Охрид (класа: Н. Момировска). Средното образование го завршува во Средното Музичко Училиште во Битола (класа: П. Талевски). Дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје (класа: Б. Станковска). Магистрира на Педагошкиот факултет во Битола, од областа на Образованието на надарени и талентирани, под менторство на проф. д-р Љ. Кеверески.

Се усовршува на работилница и мастер-класи кај: Илија Зимбо (со кого има долгогодишна соработка), Луис Меирелес, Елена Стојчевска, Пјер Ив Арто, Гаспар Оџос, Џазмин Чои, Лаура Леваи Аксин, Дамјан Крајачиќ др. Има учествувано на државни и меѓународни натпревари, каде што ги има освоено следниве награди: Втора награда( прва не беше доделена), Јули 2002 год.-“Млади Таленти”-Сан Бартоломео ал Маре, Италија; Прва награда-Државен Натпревар-Април 2003; Прва награда (клавирско трио)- Државен натпревар за камерна музика-Април 2005; Прва Специјална награда-Државен натпревар-Април 2006; Прва награда-“Музички натпревар за млади”-Приштина 2007 и др. Во моментов работи како наставник по Музичко Образование во ООУ,, Дебрца” – Општина Дебрца и професор по флејта во Музичкото училиште во Струга.

Андријана Дукоска е родена во 1987 година во Прилеп. Средно Музичко училиште завршува во 2006 г. во Битола, во класа на Проф. Панде Тунтевски, како музичар изведувач – Виолончелист. Своето Високо образование го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класа на Проф. м-р Живко Фирфов, а го завршува во 2010 г. со највисока оценка, со што се закитува со титулата Професор по Виолончело. Учествувала на повеќе државни натпревари и е добитник на: втора државна награда за соло виолончело во 2004 г. и прва државна награда за камерна музика во 2005 г. Учествувала на мајсторски часови и семинар кај светски познатиот и маестрален виолончелист Јоханес Мозер – Германија. Настапува на многу значајни и културни манифестации низ државава, соло изведби на свечено отворање изложби и промоции на книги, бројни настапи како член во гудачки квартети, камерни и симфониски оркестри и е добитник на повеќе први меѓународни награди (LAUREATE) во Италија и Русија, како член, виолончелист во пијано-трио „TRIO DOLCE“, со кое реализирале целовечерен концерт на Фестивалот „Festival Musicale delle Nazioni“ во Рим, Италија. Работела како Наставник по Музичко образование и Оркестар во повеќе основни училишта во Прилеп. Во моментов работи како Образовен Асистент на дете со попреченост во развој.

Марија Шамоска – Буџаковски е родена во Битола, каде го завршува основното и средното музичко училиште,во класата на м-р Ана Стефановска. Потоа се запишува на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на м-р Милица Шперовиќ – Рибарски, кај која ги завршува и магистерските студии и се стекнува со звањето Магистер. Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари и е добитник на повеќе награди. Учествувала на семинари кај познати пијанисти. Настапувала на повеќе значајни културни манифестации како: ”Денови на македонската музика”, ”Денови на полската култура во Македонија”, ”Ресенско културно лето” ”Денови на битолска ликовна колонија во Скопје”, ”Музички вторник”, ”Хераклејски вечери”, ”Интерфест”, ”Битолско културно лето”, “Прилепско културно лето” и др. Во 2017 и 2018 година одржала сопствени семинари и предавања на теми од областа на пијанизмот и пијанистичката педагогија во склоп на “ЕПТА” пијано – фестивалот и во склоп на културната програма на О. Новаци. Дел е од основачите на здружението на пијанисти.