Тешка ноќ во општина Долнени: Се уште гори кај Зрзе и Костинци, а во Рилево синоќа пожарот дошол на 200 метри од куќите

На територијата на општина Долнени активни се следните пожари:

Кај с.Зрзе каде гори во два крака и тоа едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. Опожарена е ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 14 пожарникари и 4 ПП возила и ЈП Национални шуми подружница „Црн Бор“ – Прилеп со 4 вработени со 1 теренско возило. Во текот на денот интервенирале и 2 воздухоплови на Дирекцијата за Заштита и Спасување.

Вчера во попладневните часови пожарот се приближил на околу 200 метри од првите куќи во с.Рилево, поради што во гаснењето се вклучило и месното население.

Во атарот на с.Кошино и истиот се шири во правец на с.Сланско (општина Македонски Брод), каде гори ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 6 пожарникари и 2 ПП возила.

Од вчера активен е пожар на сува трева во атарите на селата Костинци и Зрзе, каде интервенираат ТППЕ Прилеп со 5 пожарникари и 1 ПП возило;




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.