дома блог страница 1061

(Видео) Ракетен напад на украинските сили: Оштетен мостот кој ги поврзува Крим и Херсон

Мостот Чонгарски, кој ги поврзува Крим и Херсонската област, е оштетен од ракетен напад на украинските сили, соопшти денеска кримскиот лидер Сергеј Аксјонов.

Аксјонов на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот.

– Непријателот изврши ракетен напад во областа на мостот Чонгар на северот на Крим. Некои од проектилите биле соборени од противвоздушни сили. Коловозот на мостот е оштетен, веќе се работи за поправка. Жртви нема – изјави Аксјонов, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Дрцко е бренд и дел од прилепската историја – a сега ја отвори и најсовремената месарница (Фото/Видео)

Прилеп од вчера ја доби најмодерната и најснабдената месарница. Сопственици се семејството Иваноски, мајстори на својот занает, кои на граѓаните сега им нудат буквално се’ oд месни производи во еден одлично уреден простор и по прифатливи цени.

За месото не треба да се прави многу муабет. Тоа е секогаш квалитетно и како никаде на друго место свежо. Месарницата “ДРЦКО” се наоѓа на улицата “11-ти Октомври” отспротива на белите згради кај “Табана”, или поточно во просторот на поранешната продавница за играчки “Колибри”.

Kај ДРЦКО ќе најдете извонредна понуда и голем избор на секаков вид на месо, кременадли, удина, колбаси, печеница, чаден врат… умот да ти зајде од убавини, а и ќе заборавевме, тука е и нивниот специјалитет ролованата сланина, за која вистинските гурмани ќе ви кажат дека кога еднаш ќе купите, нема да престанете.

За прв пат во Прилеп, тука можете да си купите и свежо прасе за печење, исчистено, погодено, дирек за во фурна.

Семејството Иваноски се познати по своето гостопримство. Важат за граѓани кои се почитувани, вистински еснаф луѓе кои секогаш знаат да излезат во пресрет на своите муштерии и да ги задоволат нивните потреби. Па, така пазарењето кај нив со сигурност ќе ви претставува задоволство.

На прилепчани им ветуваат дека месарницата секогаш ќе биде добро снабденаи ги повикуваат граѓаните да се уверат во квалитетот на нивните производи.

Нека им е аирлија новиот бизнис и нека ги прати среќа и успех!

15 пијани возачи улови синоќа полицијата на подрачјето на СВР Битола

-На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци – информираат од СВР Битола.

Taтко од Битола го поттикнал својот малолетен син да ограби 70-годишен дедо

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.

Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Силно невреме го зафати регионот: Штетите непроценливи

Ситуацијата во Словенија е драматична откако синоќа jа погоди силно невреме. Поплавени се голем број на места, а стотици пожарникари и членови на други служби за итни случаи се на терен.

Во разорните поплави во четвртокот и петокот загинаа три лица, а уништени беа голем број на патишта, мостови и домови. Погодени беа речиси две третини од територијата на државата.

Метеоролозите за попладнево најавуваат ново невреме во Словенија, додека во поголем дел од земјата се отстрануваат последиците од поплавите.

Настапот на летото во Прилеп го имаше Алекса Петрески: Цел град во еден глас заедно со него, ги пееше песните на единствениот Тоше Проески (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во Прилеп летово е највесело во четврток, а за тоа се погрижија од локалната самоуправа преку поддршка на проектот “Од 0 до култура”. Повеќемина изведувачи и групи досега настапија на камената бина на плоштадот “Александрија” со свои настапи во чест на домашни и странски изведувачи.

Но, најмногу народ да собере на едно место се чини му успеа на младиот вокал Алекса Петрески, кој во четвртокот настапи со свој “трибјут” за Тоше Проески.

Стотици прилепчани, од најмладо до најстаро, заедно со Алекса ги пееја сите најголеми хитови на нашиот ангел. Но, најбројни беа најмалите, кои беше убаво да се видат распеани и насмеани.

Одличниот вокал на Петрески беше надополнет со клавијатурите на Дејан Трајкоски, тапаните на Филип Јездиќ, гитарата на Христијан Ристески и бас гитарата на Емануел Петрески.

Ви пренесуваме дел од атмосферата пред камена бина низ фотографии:

Прекрасно: Изведба на македонско оро од леринско на Универзитетот „Македонија“ во Солун (ВИДЕО)

Македонскиот активист Стилијан Самарџиев од егејскиот дел на Македонија сподели на Фејсбук инструментална изведба на македонското Пуштено (Пушчено) оро од леринско, од страна на млади музичари на виолина и на хармоника, на катедрата за музичка наука и уметност при Универзитет „Македонија“ од Солун.

(ФОТО) И оваа година литија со моштите на Св. Климент Охридски во Крушево – сите верници се поканети да учествуваат

Kaко и изминатите две години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево ќе одржи литија со моштите на Св. Климент Охридски и други светители низ улиците на градот.

Во продолжение поканата од храмот до сите верници кои сакаат да земат учество на настанот:

-Благочестиви христијани, на 06.08.2023 година, недела, во 17:30 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево. Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.

29-годишен прилепчанец затекнат од полициски службеници додека крадел во стан во населба “Точила”

Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(29) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Имено, на 04.08.2023 околу 03.00 часот, П.Т. со употрена на подесен алат влегол во стан во населба Точила во Прилеп и одзел пари, но бил затекнат од полициски службеници. Притоа, тој се обидел да избега и ги нападнал полициските службеници, но набргу бил совладан и лишен од слобода.

По консултација со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судијата на претходна постапка определена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Приведен 25-годишен прилепчанец – со намера опожарил возило

На 04.08.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп.

Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.