дома блог страница 1060

(Видео) Страшна сцена на познато туристичко место во Грција

Капач на грчкиот остров Лефкада денеска е спасен од морето на познатата плажа Порто Кацики, откако спасувачите слушнале дека туристот се дави!

Како што пренесуваат тамошните медиуми, спасувачите Орест и Јоргос имале полни раце работа бидејќи големи бранови во текот на целиот ден ја зафатиле речиси целата плажа и биле на готовност во случај на инциденти.

Храбрите спасувачи кон крајот на смената почнале да ги пакуваат своите работи, подготвени да се упатат дома, кога капачите ги пресретнале и пријавиле дека турист се дави во морето.

– Без ниту еден збор и двајцата се нурнаа и успеаја да го извлечат италијанскиот турист жив и здрав – известија сведоците кои со овации ги поздравија спасувачите.

Туристичка агенција ги наплатила аранжманите и пропаднала: Не потпишувале договори, па избегнале да ги вратат парите

Туристичка агенција од Нови Сад завчера ги известила своите клиенти дека е затворена поради финансиски проблеми, а сите аранжмани се откажани. На неколку адреси стигна веста дека нема да одат на патувањето кое го платиле со месеци однапред и дека е неизвесно дали ќе можат да си ги вратат парите.

– Се уште не можеме да веруваме што се случи. Станува збор за агенцијата преку која неколку пати одевме на одмор, имавме фер соработка, иако имаше моменти кога можеби ќе имавме причина да се сомневаме во исправноста на работата, но тоа не го направивме бидејќи врската беше заснована на доверба . Пример за ова е кога ни кажаа дека нема место во одморалиште во кое сме биле неколку пати, а потоа дознавме дека има место. Но, не беше голем проблем за да мислиме дека вака ќе нè измамат, вели еден од клиентите за српски Курир.

– Првиот пат кога се обратив до агенцијата беше кога ми требаше договор, односно документ за да го оправдам годишниот одмор во тој период. Ми рекоа дека не е проблем, брзо ќе го добијам договорот, но тоа не се случи. Не продолжив да инсистирам бидејќи во меѓувреме престанав да работам на таа работа и повеќе не ми требаше тој документ – објаснува клиентот.

Избегната трагедија: Прилепски пожарникари дошле да го изгаснат пожарот кај манастирот во Зрзе, за малку ќе изгубеле глава

Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп во саботата се упатила кон манастирот Св. Преображение кај селото Зрзе, по повик да интервенираат на пожар во околината, кој му се заканувал на светилиштето.

Според информациите кои ги добивме, додека пожарникарите се движеле кон местото на пожарот, голема топола паднала врз нивното возило, а гранките од дрвото низ шофершајбната навлегле внатре, па еден од пожарникарите се здобил со повреди, за што потоа бил згрижен во прилепската болница.

За среќа избегната е поголема трагедија, а повредениот пожарникар е во добра здравствена состојба.

Ова е уште еден доказ дека пожарникарите се вистински херои кои секојдневно се соочуваат со разно разни предизвици, често опасни по нивниот живот, а со цел да помогнат да се заштитат приватните, природните и културните добра.

На повредениот пожарникар му посакуваме брзо закрепнување, а на ТППЕ Прилеп им честитаме за храброста и ризикот, кои често ги пеземаат дури и со ограничени ресурси за интервенција.

Aпсење во Македонски Брод: Полицијата пронашла пушка, пиштол и муниција кај 61-годишник

На 06.08.2023 во 07.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.З.(61) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно “ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Концерт на КУД “Дримкол” пред платото на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 8 август 2023 г. /вторник/ од 20.00 ч. на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани. Концертот е во рамките на програмските активности на Центарот за 2023 година.

Податоци за КУД „Дримкол“

Уметноста која ја создаваме не води кон иднината, со неа растеме, се оформуваме и учиме, а сето тоа го работиме со огромна љубов и посветеност. Генерациите поминати се само доказ за квалитетот и сериозниот пристап на здружението – Културно уметничко друштво „Дримкол“ со кое растеме ние и нашиот менталитет, нашата иднина – децата, кои од најмлади започнуваат, а веќе како оформени благородно ја шират традицијата на следните генерации кои не градат нас како личности за гордо да ја претставуваме нашата држава и да постанеме незаменлив дел од неа. Нашата љубов е огромна, за сите нас, луѓето, уметноста е незаменлива и апсолутно потребна и корисна за градење на светла иднина која започнала од пред многу години и ќе трае за многу години, засекогаш ќе биде незаменлив дел од Вевчанците, и сите Македонци кои некогаш твореле, а нивниот дух сеуште до денес живее во нас, и толку силно го чувствуваме, што наша задача е да го негуваме, и никогаш да не го заборавиме. Нема да го заборавиме, бидејќи ние постоиме, а тој постои во нас. Ние го негуваме, оформуваме и горди го претставуваме, она што произлегло од пред нас и е дел од нас, она нашето, традиционалното, Македонското, Вевчанското! Театарските претстави на учителите во Вевчани, поезијата на легендарни Вевчански поети, песните и ората на училишните и младинските фолклорни групи, звуците на музичките состави, актерската игра на актерите од Патувачкиот театар, хорските изведби на училишниот хор и оркестар, пејсажите на Вевчанските сликари… се доказ дека културата и уметноста во Вевчани биле составен дел од живеењето и не само тоа туку и пример како истото треба да се прави. Токму по таквиот урнек и како продолжение на таа вековна традиција која води корени уште од 1947 година на полето на културата, настанува и Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани кое со своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.

Денес КУД „Дримкол“ е сериозна културна институција која ја негува, развива, и промовира народна култура во нашата држва и надвор од неа. Во рамките на ова здружение членуваат 150 активни членови кои се распоредени во неколку уметнички целини и тоа: Фолклорниот ансамбал „Дримкол“ , Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ , Пејачката група „Каданка“, Оркестарот на народни инструменти. Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ за тоа се и освоените награди, дипломи и признанија на бројните домашни и меѓународни фестивали.

Моштите на Св. Климент Охридски два дена ќе бидат изложени во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп

Покана од црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис

Благочестиви христијани торжествено славејќи го споменот на застапникот на македонскиот род, но и постојанен молитвеник пред престолот Божји за нас, нашиот патрон св.Климент Охридски, сакаме да ве ПОКАНИМЕ и известиме дека во нашиот храм Св.Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), на ден 08.08.2023 година, вторник, со почеток од 17 часот, ќе се отслужи празнична вечерна богослужба , а на ден 09.08.2023 година во среда со почеток од 08.00 часот, кога се слави и неговиот спомен ќе се служи Света Литургија и двата дена, како и секоја година, ќе бидат изложени МОШТИТЕ на Св.Климент Охридски во храмот, на кои можете да се поклоните и да се помолите за ваше здравје и спасение.
Со Божји благослов од свештеничкото братство при храмот свети Кирил и Методиј.

Компанија од Прилеп вработува: Oтворени 30 работни места

Поради зголемување на обемот на работа компанијата Arini од Прилеп објави оглас за вработување на 30 лица, и тоа: 10 работни позиции за паковање, 10 работни позиции за оверлак и покривни машини и 10 работни позиции како оператор на машини за плетење.

Компанијата обезбедува: оброк, превоз, редовни примања, осигурување на полно работно време, стабилна работа со можност за напредување, исплати на регрес за годишен одмор, исплати на минат труд.

За информации и пријавување во просториите на АРИНИ ФЕШН, секој работен ден од понеделник до петок, од 10 до 15 часот.

Филмска броктница во Прилеп: Полициски автомобил излетал од патот откако во него удриле дрвокрадци со товарно возило

Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот, се наведува во соопштението на МВР.

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За храмовата слава архиерејска богослужба на отворено во црквата Св. Петка во Прилеп

Соопштение од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп:

Почитувани верници, браќа и сестри во Христа, и ова 2023-то лето Господово на ден 08.08 (вторник) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во понеделник (07.08.2022) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во вторник (08.08 2022), со Архиерејска богослужба која ќе се одржи под отворено небо, односно на платото пред храмот, а со Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Фотографиите се направени од МЕРИ БОШКОСКА

Кој ќе чисти снег сред лето: Временските услови се целосно променети

Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд ја зафати  Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.

Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период порасна околу 30 сантиметри.

Речиси цела Европа се справува со тешките временски услови деновиве. Наглиот пад на температурите, како и временските непогоди кои го зафатија регионот Венето, донесоа снег на врвот Мармолада во Италија.

Минималната температура беше минус шест степени, додека дневната не се искачи над четири. Во котлината температурата се намали за повеќе од десет степени, а целиот регион беше зафатен од лошо време, невреме и обилни дождови.