дома блог страница 1056

(Фото галерија) Турист од Кичево со автомобилот се вози низ Старата чаршија – МВР спие?

Тотален хаос во сообраќајот во центарaлното градско јадро, а не е поштедена ниту познатата Стара прилепска чаршија.

Дрскоста заминала до таму што денес некој “ербап” од Кичево за малку ќе продолжел да вози и меѓу уличките.

Ваков хаос не се памети со години низ градот под Марковите Кули…

Полицијата влезе во домот на 41-годишен битолчанец: Пронајдени предмети кои тој претходно ги украл

Денеска (10.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на ул. “Ваташа”во Битола во дом и простории кои ги користи Г. Т. (41) од Битола, при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба.

Лицето е лишено од слобода ,а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

И вчера се возело лудо на територијата на СВР Битола: Казнети 89 возачи

Вчера (10.08.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од вкупно 89 возачи, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

(Видео) Нова група туристи тргна кон вселената

Ракетата на Virgin Galactic полета од САД, носејќи 80-годишна поранешна британска олимпијка, студентка од Абердин и нејзината мајка.

Летот на Virgin Galactic 02 беше закажан за 08:30 часот по локално време (16:30 по средноевропско време). Ова е првиот туристички, но втор комерцијален лет на Virgin Galactic. Првиот беше во јуни кога италијанските воздухопловни сили и научниците спроведоа експерименти во бестежински услови во мисија од 70 минути.

Мисијата се смета за уште еден тест за тоа колку е одржлив вселенскиот туризам. Анастасија Мајерс и нејзината мајка, Кеиша Шахаф, освоија карти за летот на Virgin Galactic на наградна игра.

Повредените во несреќата кај Росоман се борат за живот: Обвинител нареди возилата да се однесат на технички преглед, ќе се утврдува и присуство на алкохол кај учесниците

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на луце место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во живорна опасност се префрлени на лекување во Скопје, известува Обвинителството.

– Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата, а нареди и да се изврши технички преглед на сите возила, соопшти Обвинителството.

Наредено е испитување на присуство на алкохол кај учесниците во несреќата.

Затвореници ја уценувале мајката на својот цимер, да им дава пари за да не го тепаат: Им дала 15.000 евра, кога повеќе немала го нападнале

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, извести МВР.

– Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра, соопшти МВР.

После тоа, тие и побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син, додаваат од Министерството.

Ученици од две прилепски училишта ќе ја збогатат годинешната меѓународна манифестација, “Поетско Маркукуле 2023”

Ученици од две основни училишта од нашиот град, Климент Охридски и Кире Гаврилоски, ќе ја збогатат меѓународната поетска манифестација Поетско Маркукуле 2023.

Петтоодделенците Марија Колевска, Марија Крстеска, Петар Јованоски и Марко Макалоски со свои лични творби ќе се претстават на литературното читање што ќе се одржи на Камената бина на 12.08.2023 во 18ч во присуство на докажани познати домашни и странски поети.

Манифестацијата за прв пат е одржана во 2007 година и секоја следна година станува побројна со домашни и поети од другите држави.

Огромна чест за нивните ментори Катерина Макалоска и Фросина Ристеска, е што ги поттикнуваат и најмладите да творат и ја збогатуваат ризницата на македонската поезија.

55-годишен прилепчанец го загуби животот во денешната страотна сообраќајка кај Камен Дол: Загинато е и женско лице од Штип

Денеска (10.08.2023) околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе. Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Одлична можност за вpaботување: Реномиpaна компаниja бара работници од Прилеп

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат, или да контактираат на телефонскиот број: 070/258-439.

Од утрово во прекин сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка: Неофицијално има загинати?

Од 06:40ч сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата “Камен Дол” – информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Засега нема подетални информации, но неофицијално има загинати.

Повеќе информации во текот на денот.