дома блог страница 1057

МВР објави оглас за нови 600 полицајци: Ова се условите кои треба да ги исполнувате

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.

Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност, а во потребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии (3,5 см х 4,5 см), како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

iNFOMAX

Насловна / Македонија
Објавено на: August 10, 2023
Биди дел од македонската полиција: МВР вработува 600 полицајци, еве кои услови мора да ги исполнувате
t

По спроведената постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата и инспекторите ги подбраа дивите продавачи на земјоделски производи во Битола: Одземената храна предадена на Затворот

Денеска (09.08.2023) во периодот од 10.00 до 11.30 часот, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и инспектори од Државен пазарен инспекторат Битола, во рамки на „Безбедно лето 2023″, спроведоа акциска контрола по Законот за јавна чистота.

При контролата биле констатирани прекршоци по Законот за јавна чистота, продажба на земјоделски производи на јавна површина, кои биле одземени и предадени во Казнено-поправната установа Затвор Битола.

Исто така, биле констатирани и неколку прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Хулиганите од Загреб планирале бегство преку море: Пред контролата се претставиле како туристи, но еве што ги издаде

Грчката ЕРТ објави детали за апсењето на петмина Хрвати кои се обиделе со брод да ја напуштат територијата на Грција.

При контролата се претставиле како туристи, но со оглед на тоа што во земјата биле само два дена, а немале куфери или лични работи, полицијата се посомневала и ги привела, јавуваат грчките медиуми.

Да потсетиме, дуелот во Атина беше одложен поради навивачкиот конфликт што се случи во понеделникот вечерта во главниот град на Грција, во кој животот го загуби 29-годишен навивач на АЕК.

Одложениот натпревар од третото квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу грчки АЕК и Динамо Загреб ќе се одигра на 19 август во Атина, одлучено е со договор меѓу клубовите и Европската фудбалска унија (УЕФА).

Свештеник го изорал фудбалскиот терен поради лошите резултати на локалниот клуб

Се потсетуваме на една урнебесна приказна од југот на Србија, поточно лесковачкото населено место Долно Синковце.

Во главната улога е свештеник и страстен фудбалски навивач, а повремено и играч на натпреварите на неговиот локален клуб. Незадоволен од арбитражата и резултатот на својот клуб, по натпреварот земал трактор и го изорал теренот!

Локален свештеник, кој повремено играл фудбал, бил исклучен од игра поради неспортско однесување, пишува Ало.

Познат датумот кога ќе се одржи 20-то јубилејно издание на “ПИВО ФЕСТ”

Maркукуле прв дознава кога ќе се одржи овогодинешното 20-то јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”.

Фестивалот секоја година се одржуваше во средината на јули, веднаш по Петровденските пости, но оваа година датумот се помести за крајот на летото.

Според неофицијални информации, “Пиво фест” ќе се одржи од 1-3 септември, а за организацијата ќе се погрижат од AWARD Продукција од Скопје.

Засега нема информации околу програмата и кои познати ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Ќе се одржи шаховски турнир во спомен домот на “Блаже Конески” во Небрегово

НУ Завод и музеј – Прилеп, КЕЦ „Небрегово“ и Шаховскиот клуб од Прилеп организираат Шаховски турнир по повод 75 години од основањето на Шаховскиот сојуз на Македонија, чиј прв претседател беше Блаже Конески.

Турнирот ќе се одржи во Спомен домот ,,Блаже Конески“ во с. Небрегово на 19-ти август (сабота), со почеток во 10 часот.

На турнирот ќе земат учество 16 шахисти од Република Северна Македонија.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Величенствена Света Архиерејска Литургија во храмот Св. Петка во Прилеп – Доделени благодарници на сите кои придонесоа за неговата велелепна убавина

Со соборност и великолепие вчера беше чествувана славата на нашиот преубав храм посветен на Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка. Свеченостите започнаа со вечерната богослужба во понеделникот, на која беа осветени повеќе петолебија. Вчера на праникот, чествувањето продолжи со празнична утрена богослужба и Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г.Петар во сослужение на архиерејскиот намесник за Прилеп, протоереј Влатко Ристески, старешината на храмот Св. Петка, протоереј Љупче Петрески, ереј Јове Тренчевски, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски и ѓакон Кирил Данев. Литургиското чествување пропратено со ангелските гласови од храмовиот хор, се одвиваше под отворено небо, на платото пред храмот кое беше исполнето од верните прилепчани.

Митрополитот Петар одржа и пригодна празнична беседа во која го истакна големото значење на мачениците во православниот свет. Една таква голема маченичка е и Св. Параскева – Петка Римјанка чиј што спомен го празнуваме денес. Тој додаде дека православната вера се темели врз маченичката смрт на светителите. За да се освети еден храм потребни се мошти од светители врз кои подоцна се служи Светата Литургија. Нивната вера во Христа распнатиот секогаш треба да ни биде пример како се сака и почитува православната вера за да добиеме Царство Небесно.
По завршувањето на Светата Литургија нашиот архиереј го благослови славскиот колач од годинешните кумови односно домаќини.

Потоа, од страна на храм Св. Петка а со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, на сите оние, кои на било каков начин се вложија, ставајќи камче по камче во овој огромен мозаик односно помогнаа да се изгради и разубави овој велелепен дом Божји од страна на нашиот архиереј, им беа врачени благодарници. Поради огромниот број на луѓе кои се вложиле во помагањето, а не можејќи во еден ден на сите да им врачи благодарници, од храмот искажаа намера ова да премине во традиција, па така секоја година на храмовата слава да доделува по неколку Благодарници. „Невозможно е во еден ден да доделиме толку многу Благодарници, затоа ве уверуваме дека никого не сме заборавиле, и на секого благовремено ќе му доделиме Благодарница.“ – рече претставникот на храмот, чтецот Дамјан Трпкоски. Па така, оваа година, изразувајќи ја својата благодарност, храмот Св. Петка додели благодарници, на:

Прилепска Пиварница, акционерско друштво од Прилеп и Витаминка, акционерско друштво, за нивната опшествена одговорност, како компании кои се докажале како постојани помагатели во полза на храмот, но и општото наше добро. Ве уверуваме дека без нивната несебична помош не би можеле денес да се насладуваме на велелепието на овој храм.

Благодарница на фирмата Ибо-под и благодарница на г-дин Саше Цветаноски, за нивната несебична помош во механизација и човечки ресурси, за уредувањето на паркинг просторот и партерното уредување на нашиот храм.

Благодарница на Дар-Дам градина, градинарски центар, за нивното проектирање, изведување и хортикултурно уредување на паркот при нашиот храм. Без нивното чувство за убаво уреден двор, денес нашиот храм немаше да биде, еден од најубаво уредените храмови во нашата татковина.
Благодарница на Александар Десоски односно, ФОТО ЗРАК, за неговата несебична и пожртвувана љубов кон храмот, која постојано го поттикнува да излегува во пресрет на нашите можеби некогаш и чудни и претерани барања, кои често пати се со многу краток временски период. Но, тој и неговите вработени постојано не испреваруваат со нивната иновација, посветеност и брзина.

Благодарница на Фамилијата Станчески и Фамилијата Поповски. На Зоре и Роберт, Господ им дал талант за распознавање на убавата црковна уметност. А, ние ве уверуваме дека тој талант го искористиле полезно и тројно го умножиле. Без нивната несебична помош и труд во овие тешки времиња и разбирањето и поддршката на нивните семејства, нашиот храм не би бил украсен со толку многу фрески и икони.

Благодарница на г-дин Трајче Андреески и Благодарница на г-дин Добре Јосифоски. На рамењата на мајсторот Трајче се надвиснале многу години, но неговиот дух не живее во границите на годините, па постојано се труди да придонесе со неговото мајсторски искуство и вештини околу градежните работи на храмот. Но, во носењето на тој товар негова десна рака е мајсторот Добре кој постојано му е телесна и духовна поткрепа околу сите градежни активности.

Финансиите се потребни нешта, но нивната вистинска вредност ја добиваат кога има луѓе кои знаат правилно и полезно да ги наметнат. Такви луѓе се нашите настојатели. Благодарница на црковниот одбор кој го сочинуваат проф. др. Трајче Мицески, човекот кој се труди околу нашите служби, без кој нашите служби се незамисливи. Г-дин Марјан Митрески, нашиот шеф, човекот кој е онаа клучна алка која ги поврзува двата краеви на јажето. Г-дин Благоја Ангелески, човекот кој својот сон го скратува за да дојде и да помогне околу потребните активности во, и околу храмот. Г-дин Тони Тинтоски е човекот кој постојано сите ги поткрепува телесно со неговите мајсторски вештини, и духовно со неговата молитвеност.

Благодарница на г-дин Марјан Ристески. Доајенот од нашето време. Човекот за кога ние немаме доволно зборови да го опишеме негово дело за храмот, а доколку би имале зборови, тогаш тоа секако ќе биде во неколку томови. Господинот Ристески е пример и образец за личност која неуморно работи за зачувување на нашите христијански вредности и традиции. Човек кој како градоначалник на градот несебично се вложи за општото наше добро. Ликот и делото на Марјан треба да биде пример за сите, сегашни и идни градоначалници, какви треба да бидат и како да работат, пред се како личности, а потоа и како градоначалници.

Митрополитот Петар им се обрати на донаторите поттикнувајќи ги и понатаму да продолжат со донирање за доизградба како на овој така и на други православни храмови, а водилка да не им биде надежта нивните имиња да бидат впишани во изградбата на земниот храм ами во Небесната Црква.

Митрополитот на самиот крај направи панихида за починатите прилепчани кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година на Карпалак.

Не им иде умот: Казнети 73 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола

На 08.08.2023 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

“Плодност” донесе на свет 500 ангелчиња до почетокот на август! Нека бидат 1000 до крајот на годината (ВИДЕО)

Во болницата “Плодност” во Битола на свет дојде 500-то ангелче за оваа година. Ова не е ништо ново за нив, затоа што по 500 родени бебиња имале и во минатите години, но оваа година веројатно ќе стигнат и до многу повеќе, затоа што 500 принова стигна на 07.08., а за споредба минатата година до оваа бројка стигнале на 18.09.