дома блог страница 1055

ЗАКАНА ЗА БОМБА: Ајфеловата кула евакуирана

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор.

На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.

Почна од Прилеп, ќе се прелее во Скопје: Пензионерската буна ќе кулминира во понеделник (ВИДЕО)

Неиздржливо тешко, а и понижувачки недостоинствено е човек под стари години да моли за попристоен живот. Пензионерските години наместо да бидат најбезгрижниот период од животот, во Македонија станаа секојдневна борба за голо преживување. Ако се купи храна, ќе нема пари за сметки и за лекови, а ако се подмират прво сметките и лековите, ќе треба да се скуси од јадењето“. Ова се само дел од коментарите на највозрасната група граѓани во земјава, а кои, иако навлезени во седмата, осмата деценија од животот, со денови протестираат по улиците под врелото августовско сонце.

„Овие животни трошоци што се зголемија, над 50, 100 посто можеби се зголемија, кој ќе ги издржи ?! Со 10.000 – 15.000 ќе издржат?!“ – прашува еден пензионер.

„Засега, за купување, за пазарење од пазар, дали за лубеница или диња, недостасуваат пари. Нема ни за лекови, па ни за храна“, – реагира друга пензионерка.

„Е, па со 11.000 кој може да живее?! И апчиња да купиш, и ова да купиш, и она да купиш. Може некој да живее? Не може! Па, особено да одам некаде на одмор. Кај ќе одам на одмор, нигде не можам да одам“, – кажа Неџиме Велиоска, пензионерка од Битола.

„Гледајќи ја пред се’ секојдневната инфлација, пензиите не стигнуваат за основните потреби. Пред се’ за купување на лебот и лековите, а каде се другите работи?“ – рече Вера Чакмакоска, пензионерка од Битола. „Верувајте, луѓе, од 13.000 или 10.000 пензија, да ја направиме сметката – 5.000 треба за дрва за еден кубик, а ние треба секој месец да купуваме кубик по кубик, оти немаме пари“, вели Марија Ристеска, пензионерка од Прилеп.

„Најмногу не’ боли тоа што некои се обидуваат да ни прилепат политички, партиски етикети, дека некој не’ манипулирал, небаре ние недоветни сме“, велат пензионерите. „Не знаеме зошто не сакаат да разберат дека ние се бориме за нашата егзистенција, за да не преживуваме како питачи, туку да живееме како луѓе“, додаваат тие.

„Ние овдека сите сме членови на пензионерите на државата Македонија. Партија во ниеден момент не сме спомнале. Значи, овдека нема партија, само пензионери. Притисоци, до денеска, нема од политички партии“, – тврди Верче Јанческа, пензионерка од Прилеп.

Инаку, во Македонија има безмалку 400.000 пензионери, а дури повеќе од половината од нив живеат од минимални пензии до 13.000 денари. Оттука, масовните протести кои во изминативе денови ги имаше во сите градови во земјава, ќе кулминираат в понеделник со голем сепензионерски протест кој ќе се одржи во Скопје од 11 до 14 часот пред ССМ, Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија и пред Министертсвото за труд и социјална политика. Таму, пензионерите ќе побараат прием кај ресорната министерка и ќе ги достават барањата за линерано зголемување на пензиите од 3.500 денари уште од овој месец. На протестот во Скопје се очекуваат повеќе од 100.000 пензионери од цела Македонија.

Каролина Дурло

Извор: “AЛФА ТВ”

Пензионерите го изгубија трпението – голем протест во понеделник во Скопје

Неиздржливо тешко, а и понижувачки недостоинствено е човек под стари години да моли за попристоен живот. Пензионерските години наместо да бидат најбезгрижниот период од животот, во Македонија станаа секојдневна борба за голо преживување. Ако се купи храна, ќе нема пари за сметки и за лекови, а ако се подмират прво сметките и лековите, ќе треба да се скуси од јадењето“. Ова се само дел од коментарите на највозрасната група граѓани во земјава, а кои, иако навлезени во седмата, осмата деценија од животот, со денови протестираат по улиците под врелото августовско сонце, пренесува Алфа.

„Овие животни трошоци што се зголемија, над 50, 100 посто можеби се зголемија, кој ќе ги издржи ?! Со 10.000 – 15.000 ќе издржат?!“ – прашува еден пензионер.

„Засега, за купување, за пазарење од пазар, дали за лубеница или диња, недостасуваат пари. Нема ни за лекови, па ни за храна“, – реагира друга пензионерка.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

(Видео) Се вратила од одмор и во тоалетот затекнала вистинска хорор сцена

Мишел Леспрон од Тусон затекнала вистинска хорор сцена – додека била на одмор, огромна црна змија се населила во нејзиниот тоалет. Како што вели, кога видела што има внатре, силно го затворила капакот и истрчала надвор од куќата.

Иако повикала помош, не и било лесно да ја извлече змијата од нејзиниот стан. Борбата со несаканиот гостин траела два дена, додека не била извлечен од цевката и донесена на безбедно место.

 

“Голема Албанија” се вееше на концертот во Тетово организиран за Курти

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.

-Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.

Претходно во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово – Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

Вистинско чудо се случи на празникот Св. Пантелејмон во истоимениот манастир кај мариовско Полчиште (ВИДЕО)

Сместен на една од најубавите панорамски локации во Мариово, на врвот Панделе во близина на село Полчиште, манастирот Св. Пантелејмон во изминатите години прераснува во едно прекрасно светилиште кое го посетуваат стотици верници.

Иако до самиот манастир не води пристапен пат, управата изминатите години прави вистински чуда да донесе до местото разно-разни градежни материјали и постојано да го осовременува ова прекрасно место.

И оваа година за патронот на манастирот, Св. Пантелејмон, кој се слави на 09. август, беше весело и разиграно. Традиционално пристигнаа повеќемина иселеници од ова село во странство, но и прилепчани кои влечат корен од Полчиште.

Интересен момент се случил за време на аукцијата, кога разни дарови кои верниците ги оставаат во манастирот се продаваат, со цел да се соберат што повеќе средства и истите да се вложат во некој неопходен зафат.

Имено, две тегли мед, кои ги оставил некој неименуван пчелар, биле продадени по неверојатни 55.000 денари, или за околу 2.000 евра. За мештаните и верниците кои на празникот го посетија манастирот ова е чудо, и веруваат дека самиот светец ги натерал наддавачите на аукцијата толку многу да ја кренат цената.

Аукцијата и дел од празничната атмосфера можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

МВР итно реагираше: Санкциониран возачот на “голф” кој утрово беше паркиран во Старата прилепска чаршија (ФОТО)

Откако Маркукуле утрово објави за автомобил “голф” со кичевски регистарски ознаки паркиран во јадрото на Старата прилепска чаршија, СВР Битола преку ОВР Прилеп итно реагирале, па возачот е санкциониран.

-По добиена пријава во СВР Битола-ОВР Прилеп во делот на сообраќајот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп излезено е на лице место, затекнато е патничко моторно возило марка”голф” со регистарски ознаки од Кичево, истото паркирано во старата чаршија во Прилеп на пешачка зона, при што констатиран е прекршок по чл.66ст 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај при што на возачот, 41 годишен од Македонски Брод му е издаден прекршочен платен налог – стои во соопштението на СВР Битола.

Teшка сообраќајка кај битолско Кравари: Автомобил со француски државјани излетал од патот и удрил во столб

На 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Р.Грција, во с.Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од M.В.O.Ц.(22) од Р.Франција, излетало од коловозот и удрило во столб. Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Кој рече дека во Прилеп “мајмун” не игра? МВР дали се слушаме? (ФОТО)

Со поршето со швајцарски таблици, кое многу веројатно е “рентано”, господинот се паркирал на пешачка патека во центарот на Прилеп, само за да изваде пари од банкомат.

Има за Порше, ама 3 “банки” за паркинг се многу за “господинот”….

Неизмерна љубов! Два дена го чека газдата пред прилепската болница и не јаде, а “луѓе” го гаѓале со камења

Кучево е пред болница Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар.
Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде – пишува на својот Фејсбук профил Славко Дамјановски.

-Која е оваа љубов луѓе…..
Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,Луѓе”. Ќе помогнам – стои во апелот кој за брзо време стана вирален на социјалните мрежи.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02X7aW9DJXFhYzX7FvoNA132uDRp32xFTkG3SJj3y8VmXMFGyE8xqnHgJ7F6a3gZCJl&id=100065739950424&mibextid=2JQ9oc