Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денес го објави списокот со повикани играчи за претстојните два натпревара со Шкотска и со Словенија во Лигата на нации Б-дивизија.
Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.
На списокот на Седлоски се наоѓаат:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески.
Одбрана: Никола Серафимов, Анес Мељичи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езѓан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски и Стефан Деспотовски.
Среден ред: Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атансов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски и Лука Станковски.
Напад: Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.
„Црвено-жолтите“ на 13 ноември ќе гостуваат во Глазгов кај Шкотска, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
























