СН Осигурителен Брокер на Преспански јаболкобер во Ресен (ФОТО)

– На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот.

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година традиционално на големиот верски празник Крстовден официјално почнува бербата на преспанското јаболко.

Како лидер во областа на земјоделското осигурување “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола и оваа година ја претстави својата понуда во рамките на штандовската презентација во центарот на Ресен која се организира по повод Преспанскиот јаболкобер. Воедно, од компанијата упатија честитка по повод големиот празник Крстовден, а на сите земјоделски производители им посакакаа богат род и бериќетна сезона.

На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот.

Земјоделството во Македонија претставува значајна стопанска гранка, а пелагонискиот регион има стратешко значење од аспект на земјоделието. Заштитата на земјоделието пред се од последиците кои ги нанесуваат климатските промени е меѓу приоритетите на секој земјоделец од овој регион.

Токму затоа СН Осигурителен Брокер АД Битола во континуитет работи на советување на земјоделците со цел да обезбедат најдобра заштита на земјоделските посеви, а со тоа работи и во правец на подигнување на свеста на земјоделците за важноста на земјоделското осигурување. Оттука расте свеста дека земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот. Го намалува ризикот и го стабилизира доходот на земјоделецот. Ја намалува неизвесноста и му дава можност на земјоделецот да планира на подолг рок.

Со оглед на тоа што преспанскиот регион спаѓа во ризичните региони кои осигурителните компании ги избегнуваат, СН Осигурителен Брокер АД Битола сепак останува посветен партнер на земјоделците докажувајќи преку својата работа на терен дека осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување особено кога нивните посеви се наоѓаат во таквите ризични региони.

Дури 80% од полисите во ризичниот регион – Преспа се изработени од страна на СН Осигурителен брокер Битола, со што нескромно можеме да истакнеме дека сме лидери меѓу брокерските друштва и активно се вклучуваме во изнаоѓањето на најоптимални решенија за земјоделците во однос на сите прашања од областа на осигурувањето, велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Искуството во изминатите три години, кажува дека имаме традиционални осигуреници-наши следбеници и соработници или веќе и наши деловни партнери. Ние како осигурителен брокер нудиме и бесплатна правна помош во случај на штета како и во делот на склучување на договорите. Во нашето брокерско друштво постои тим кој врши процена на штети и истиот е вклучен во сите комисии за обештетување. Тоа значи дека кај нас земјоделецот не е сам, туку има деловен партнер кој заедно со него го штити неговиот интерес. Тој партнер е СН Осигурителен брокер АД Битола, посочуваат од компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.