дома блог страница 1038

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување, поради кое постојано е во болница

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

(Фото) Пред часот, телефонот во џеб со бројот на ученикот

Од вчера во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.

–Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.

За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.

Д-р Синиша Трпчевски од Битола е првиот македонски доктор, кој се стекна со сертификат за гинеколошка онкологија од Европската асоцијација

Од Европската асоцијација за гинеколошка онкологија, пристигнаа прекрасни вести:

-Нашиот д-р Синиша Трпчевски е првиот Македонец, кој го помина испитот на Европската асоцијација за гинеколошка онкологија и се стекна со престижен сертификат. Му го честитаме големиот успех и со овој пример уште еднаш потврдуваме дека нашите доктори ги применуваат најновите светски стандарди во работењето – информираат од болницата “Плодност” на ФБ.

Вака требало со министрите (ВИДЕО)

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски, во делот на новинарски прашања, откако претседателот на владата од страна на еден од новинарите беше запрашан дали, во случај на неуспешни претседателски избори, поради високиот цензус, е подготвен да прифати претседател на државата да биде од ДУИ, со што, како што кажа новинарот, целата држава би била во рацете на ДУИ.

„Јас не треба да стојам на вакво прашање…“, рече Битиќи и замина.

„Прашањето беше апсолутно некоректно…Ќе повторам нешто што го кажав на мојот говор на 11 Октомври во Куманово. Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, рече Ковачевски.

Во недела сите во сала: Прв натпревар на новиот футсал клуб “Победа”

После долго време во Прилеп ќе се игра футсал на професионално ниво. Вљубениците на малиот фудбал ќе имаат свој миленик кој ќе можат да го бодрат на трибините и да гледаат утакмици во футсал не само на турнирот “Св. Никола”, туку и преку цела година.

Неодамна се формираше КФМ Победа, а основач на клубот е еден од најистакнатите членови на навивачката група “Мајмуни”, Никола Трајкоски.

Денеска претседателот на клубот со дел од играчите беше на прием кај градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој им вети поддршка од страна на локалната самоуправа.

-На особена радост за Прилеп и прилепчани, оформен е Клуб за мал фудбал „Победа“! На дел од екипата на денешната средба им посакав среќа затоа што веќе во недела започнуваат со натпреварување во втората македонска футсал лига. Поддршката на Локалната самоуправа се разбира дека нема да изостане! Се додека нашите млади се насочени кон спортот, љубовта кон родниот град и здравите навики, гарантирано ќе имаме светла иднина! – напиша Јовчески на ФБ.

Веќе во недела новиот клуб ќе го има своето деби на терените. Закажан е натпревар со екипата на Јувентус Серава, кој ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, во недела (15.10), со почеток од 19:30ч.

Сузана Спасовска ќе одржи кoнцерт на духовна музика во храмот Св. Петка во Прилеп на престојниот голем празник

-Ни претставува чест и задоволство да објавиме, патем и да ги поканиме нашите сограѓани, дека на претстојниот празник Покров на Пресвета Богородица и Свети Јован Кукузел, на 14-ти октомври (сабота), со почеток во 19:00 часот, во храмот Света Петка, во населбата Точила, ќе биде одржан концерт на духовна музика во изведба на реномираниот естраден уметник Сузана Спасовска – информираат од овој црковен храм.

На концертот учество ќе земат и протопсалтот м-р Георгиј Секулоски, Бранче Трајкоски и Александар Трајкоски и хорот при нашиот храм. Пред концертот, со почеток во 17:30 ќе биде отслужена и вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар. Влезот е слободен.

(Фото галерија) Прилепските ИЛИНДЕНЦИ уште еднаш покажаа дека местото им е на врвот: Три од три медали на Меѓународната трка во Куманово

Традиционално во Куманово за 11-ти Октомври се вози Mеѓународна велосипедска трка. Оваа година беа пријавени шест странски екипи и тоа oд Србија: “Партизан”, “Лотус”, “Спутњик”, “Цикломанија” и oд Бугарија: “Омега” и “Вереја”.

Нашите велосипедисти од Велосипедски Клуб & Сервис “ИЛИНДЕН“ – Прилеп, возеа во категориите Кадети со двајца велосипедисти, и Јуниори со еден, и докажаа дека местото им е на врвот.

Трката на кадетите беше неверојатна за прилепскиот клуб. Двајцата наши велосипедисти беа во бег од прв круг и завршија далеку пред конкурентите, кои воедно се и шампиони во своите држави. Тимската работа и тимскиот дух кои го покажаа се за голема почит.

Кадети:

Никола Ристески освои I место

Константин Костоски II место

Во трката на Јуниорите, Андреј Маџоски се бореше сам против сите, и успеа да ги изненади конкурентите со неговата подготвеност. Во целта влезе пред велосипедистот од “Спутњик” од Ваљево и заслужено се избори за медал.

Јуниори:

Андреј Маџоски III место

Честитки до велосипедистите и до тренерот Драган Димитријоски од ВК и Сервис „Илинден“ за освоените медали.

Вистинско чудо: Пожар пеплосал викендица близу Прилеп, но не и иконата од Господ Исус Христос (Фото)

Ноќеска во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожар во викендица – работилница во близина на Прилеп, на кој екипи од ТППЕ веднаш се упатиле и интервенирале, а откако го изгаснале пожарот пожарникарите биле вчудоневидени од тоа што го виделе.

–Имено од пламените јазици е изгорен – оштетен скоро цел инвертар, но не и Иконата од Господ Исус Христос, која била во објектот. Од наша страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот.
Слава тебе господе… Амин
– стои во објавата на социјалните мрежи од Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Вистинско лудило се случува на границата од Израел: Арапи од сите страни тргнаа кон Светата земја (ВИДЕО)

Вистинска драма се случува во моментов на границата на Израел со сите соседни држави откако Хамас повика на глобален џихад на петок 13.

На социјалните мрежи веќе на големо се објавуваат видеа од илјадници арапи кои со голи раце од соседните земји тргнуваат кон границата со Израел се прекачуваат преку огради и навлегуваат на израелска територија.

Вакви одлични услови за да добиете возачка нема никаде

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна.

Покрај обуки за возачки дозволи, во АМД “Прилепец” ќе добиете најповолни услови за регистрација и технички преглед на вашето возило. На едно место ќе добиете услуги за зелен картон, осигурување, меѓународна возачка дозвола, атест, сервис на вашето возило, а кога ќе затреба и шлеп услуги.

Посетете го тимот од АМД Прилепец на ул. “Моша Пијаде” бр. 230, или контактирајте со нив на еден од телефонските броеви: 073/444-100, 070/316-281 и 073/444-200 и искористете ја можноста за плаќање и до 12 рати.

Не чекајте повеќе! Искористете ја оваа единствена можност!