дома блог страница 1039

Втор ден нема воз на релација Велес-Прилеп-Битола: Пожар изгорел 160 прагови на пругата кај прилепско Браилово

Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола и обратно. Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на Железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат.

Од Македонски Железници информираат дека нивни екипи работат на санирање и обнова на праровите по што ќе бидат пуштени возовите но не посочуваат кога е рокот на санација на оштетената пруга.

Претходно до вторникот вечерта возот само пет дена сообраќаше, а откако претходно исто така поради изгорени илјада прагови од пругата, возот на релација Велес-Прилеп Битола беше во прекин осум дена.

Поради прекин на возот реагираат голем број на патници, најмногу студенти од Велес и околните населени места, кои студираат во Прилеп и Битола, а од кои некои имаат и месечни карти за воз, па сега се изложени на дополителни трошоци за патување со автобус.

Трудољубиви ученици и професори: Хоритикултурно разубавен дворот во СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп (ФОТО)

Младинската организација на СOУ “Ѓорче Петров” Прилеп и учениците од шумарско-дрвопреработувачката струка, заедно со нивните професори Марија Јованоска и Пеце Алексоски, повторно во акција за хортикултурно уредување и разубавување на дворот на училиштето.

Засадени се зимзелени садници и хризантеми и обоени клупите и масата за одмор на учениците. Насмеани лица, задоволство од сработеното, убаво уреден двор. Пофалба за сите.

Мицкоски: Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот

Утрово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во утринската емисија на радио „Лидер“ нагласи уште еднаш дека под овие услови ниту сега, ниту во иднина ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи Бугарите да влезат во Уставот.

„Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени. Ви реков од принципиелни причини“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека досега Бугарија нема покажано добра волја кон Македонија.

„Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат“, рече Мицкоски.

„Јас не знам друга држава која имала билатерален спор во Преговарачка рамка“, нагласи Мицкоски.

По 14-ти пат во центарот на Прилеп се одржува фестивалот на медот (ФОТО)

Под мотото “Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“, денеска во Прилеп започна 14-то издание на фестивалот на медот.

Производители на мед од повеќе места ги претставија своите производи, а граѓаните љубопотно разлегуваа и си купија по некој од овие природни еликсири за своите семејства.

За прилепското пчеларско здружение “Братство” ова издание на фестивалот на медот има посебно значење, затоа што годинава слават 70 години од своето постоење.

Фестивалот го посети и градоначалникот Јовчески.

На одлична локација, на само неколку стотина метри од строгиот центар на градот! Се продава семејна куќа во Прилеп!

Се продава семејна куќа во одлична состојба на ул. “Борис Кидрич” во Прилеп. На само неколку стотина метри од центарот на градот, со широко дворно место и гаража.

Вкупната површина на целиот плац е 300м2, а повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број: 071/238-897. Јавете се и договорете се!

Приведен 25-годишен битолчанец: Провалил во куќа и украл повеќе предмети, а патем на сопствениците им ја уништувал покуќнината

Денеска (12.10.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(25) од Битола.

Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Илиеска: “Прва работа која што СДСМ и ДУИ ја направија, беше промена на Законот за јавни набавки, за да се олесне процедурата за делење на тендери”

На дебатата, насловена како „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“, организирана во Струга од ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, свое обраќање имаше и членот на Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска, која се осврна на последиците од криминалот и корупцијата врз економијата на државата.

Илиевска во овој контекст истакна дека првата работа која ја направи владата на СДСМ и ДУИ веднаш по формирањето беше промената на Законот за јавни набавки со што се креираа можности за злоупотреба.

„Ова не е од вчера. Ова не е од пред две години. Ова се случува во последните скоро цели 7 години. Прва работа која што СДСМ и ДУИ како влада ја направија беше промена на Законот за јавни набавки. Релаксирањето на Законот за јавни набавки само ја релаксира процедурата на незаконско однесување и избор на веќе однапред предвиден добитник кој што треба да го добие тој тендер“ потенцираше Илиеска.

Таа исто така додаде дека институциите чија задача е да се справуваат со криминалот и корупцијата не реагираат дури кога имаат и готови информации или извештаи од други институции кои укажуваат на злоупотреби.

„Она кое што Државниот за ревизија го предочува во своите извештаи за работењето на некоја институција е она кое што треба Јавното обвинителство да го има во предвид. Забелешките од Државниот завод за ревизија можат да бидат како лесни забелешки, како препораки, но и сериозни забелешки по кои што надлежните институции дополнително, како Јавното обвинителство, треба да постапат. Од одредени извештаи кои што претходно државниот завод за ревизија ги предочило, ние не гледаме конкретни постапки коишто се спроведени од Јавното обвинителство. Постојат документи кои што оставаат траг дека одредени институции не постапувале онака како што одредени други институции кои што спаѓаат во контролниот механизам на системот во државата им препорачал и им нашол некоја забелешка“, нагласи Илиеска.

Зборувајќи за сивата економија таа истакна дека истата е резултат на нефункционирањето на одредени институции и дека колку се дозволува функционирање на истата во стопанството, толку се зголемува дупката во буџетот.

„Сивата економија која што е стимулирана од нефункционирањето на одредени институции во Македонија, според релевантни институции надвор од рамките на Македонија е некаде од 32-33 проценти. Доколку ова го претвориме во пари ќе дојде некаде од 250 до 400 милиони евра и тоа е еднакво со дефицитот на буџетот. Дефицитот од буџетот е она кое што сивата економија го прави и доколку дозволите сивата економија да функционира во стопанството, вие ја правите дупката во буџетот сѐ поголема и поголема. И тука е прашањето колку ние можеме да го оптовариме стопанството кое што плаќа и пријавува даноци на сметка на она кое што воопшто не е регулирано и она кое што воопшто како цел систем на сива економија го подгризува општеството“, заклучи Илиеска.

Не само цигарите, од утре поскапуваат и витамините за трудници, како и додатоците во исхраната за доенчињата и децата!

А со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година, објавува телевизија Телма.

Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок.

Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.

Добра вест за дизелашите – бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97% во однос на одлуката од 9.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,257%, кај дизелот за 3,292%, кај екстра лесното масло има намалување за 3,677% и кај мазутот намалувањето е за 1,371%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,155%

Од 13.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,087 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.

Симболика која пара срце, но со огромно значење: Скулптура од прилепскиот вајар Влатко Николоски го краси новиот парк во ООУ “Климент Охридски” (ФОТО)

Речиси и да нема ден, а од ООУ “Климент Охридски” Прилеп да не се пофалат со нешто ново.

-Денес на мое задоволство ви соопштувам ООУ “Климент Охридски”Прилеп доби донација- скулптура “Капка солза” изработена од мојот пријател другар вајар Влатко Николоски. Скулптурата е во чест на децата со посебни потреби и е сместена во новиот парк во училиштето. (Скулптурара претставува синоним на солзите на една мајка која тешко се справува во ова општество за своето дете со посебни потреби, но и покрај сите тешкотии таа мајка е сепак посебно храбра и се изборува за своето дете.) Исто така им се заблагодарувам и на: Др.Кире Јоноски, “Слаткарница Алфа”, “Ангромеханика” и “Пост експрес” за нивниот придонес за реализација на проектот. – напиша на ФБ директорот на училиштето Ахил Јаков.