дома блог страница 1037

И во Воѓани имало обложувалница, a пред два дена и инцидент: Вработениот го нападнале две лица од соседните села

На 13.10.2023 во 11.40 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Е.(49) од с.Обршани пријавил дека на 12.10.2023 на работното место во спортска обложувалница во с.Воѓани бил физички нападнат од Д.К. од с.Бела Црква и О.Ѓ. од с.Обршани, кои употребиле и стаклени предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Прилепчани приредија забава ипол во Сиднеј: Стотици нашинци се забавуваа со убава македонска песна на “Прилепска вечер” (ВИДЕО)

Во организација на македонското друштво “Методија Андонов-Ченто” од Сиднеј, вчера во спортскиот центар “Илинден” се одржа прилепска вечер, на која присуствуваа голем број наши иселеници.

За убавата македонска песна беа задолжени од групата “Аrt Plaza”, како и гостите од Прилеп: Оливер Лозаноски, Гордана Костоска и Ицко Ѓорѓиовски.

“Прилепската вечер” е традиционална веселба која се организира секоја година по повод 11-ти Октомври, но се чини оваа година посетеноста беше најголема.

Нашите прилепчани истакнаа дека се презадоволни од пречекот и организацијата од македонските иселеници, и дека нашинците во Австралија знаат како да прославуваат и да се забавуваат.

Во продолжение погледнете од атмосферата:

Драма во Крушево: 68-годишна жена скокнала во езерото, ја спасил полицаец

Вчера (14.10) во 21.15 часот во ОВР Крушево било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево.

Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото. Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево.

Едни лапаа гравче, други лапаат по 156.000 денари

Премиерот и други високи претставници на СДСМ денес беа во посета на Прилеп. Како што пренесува Секторот за комуникации на СДСМ, традиционалниот граѓански собир кој Општинската организација на СДСМ Прилеп го организираше во манастирот „Св.Димитрија“ во с.Селце, помина во одлична атмосфера и голема посетеност.

Повторно, ниту збор за зголемувањето на платите на функционерите. Атмосферата одлична, народот задоволен, функционерите најзадоволни.

Освен Ковачевски, заменик претседателот на СДСМ Сања Лукаревска, Генералниот секретар Миле Зечевиќ и Организациониот секретар на најголемата владејчка партија Митко Трајчулески.

Светот зборува за хероината која го даде животот за да ги спаси војниците почетници

Адар Бен Симон (20) беше командант на израелски вод и беше убиена минатата сабота кога бестрашно влезе во битка со инфилтрирани терористи на Хамас во нејзината база.

Кога Адар и нејзините колеги команданти откриле голем број терористи кои се инфилтрираа во базата, нивен непосреден приоритет беше да ги заштитат дебитантите под нивна команда.

– Адар бестрашно влезе во битката, борејќи се со сите сили да ги елиминира терористите и да ја одбрани својата земја, притоа обезбедувајќи ја безбедноста на своите војници и жртвувајќи го сопствениот живот. Таа заедно со другарите храбро се бореше и благодарение на нив речиси сите регрути неповредени се вратија дома. Одлучни сме дека сите треба да знаат каков неверојатен херој била Адар, вистинска израелска хероина која даде се за земјата што толку многу ја сакаше – велат нејзините роднини.

Од Газа остана само пепел: Застрашувачки сателитски фотографии

Израелската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Појасот Газа, поврзани со Хамас, како одмазда за крвавиот напад врз Израел. Според последните информации, во Газа досега се убиени 900 луѓе.

„Израел има право да се брани од нападите на Хамас, но тоа мора да го направи во согласност со меѓународното право“, изјави во вторникот шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел.

Разбиена четата на Велески во Битола

ФОТО/ФБ/RK Eurofarm Pelister

Шампионот Еурофарм Пелистер стигна до лесни 3 бода, откако попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски”, стигна до висока победа на РК Прилеп.

Крајниот резултат на семафорот беше 42:29 (18:14 на полувремето). Ова беше четврти пораз за прилепчани сезонава, кои во седум одиграни кола имаат исто толку освоени бодови.

Хрватскиот пикер Томислав Квастек беше најефикасен во гостинскиот состав со дури 10 погодоци, а кај пелистерци Костески и Ѓорговски постигнаа по 9 погодоци.

Во наредното коло прилепчани имаат уште едно тешко гостување кај Бутел во Скопје.

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Денеска овој свет храм зрачи со посебна убавина, а голем број луѓе го посетија и за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Според верувањата, жените кои немаат пopoд денеска треба да се помолат

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата во недела, се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување, поради кое постојано е во болница

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.