Вистинско чудо: Пожар пеплосал викендица близу Прилеп, но не и иконата од Господ Исус Христос (Фото)

Ноќеска во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожар во викендица – работилница во близина на Прилеп, на кој екипи од ТППЕ веднаш се упатиле и интервенирале, а откако го изгаснале пожарот пожарникарите биле вчудоневидени од тоа што го виделе.

Имено од пламените јазици е изгорен – оштетен скоро цел инвертар, но не и Иконата од Господ Исус Христос, која била во објектот. Од наша страна иконата е извадена надвор од опожарените делови на објектот.
Слава тебе господе… Амин
– стои во објавата на социјалните мрежи од Територијалната противпожарна единица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.