19часот “ЛИПА” спортските легенди водачи на рекордно најмасовните протести

BeFunky-Collage31

Македонија е на нозе! Народот цел месец, секој ден, маршира во сите градови и населени места против прифаќањето на условите од платформата во Тирана, со која се врши обид за редефинирање на државата и разнебитување на нејзината унитарност.

Прилеп и прилепчани во изминатите 30 дена во рекордни бројки, како никогаш до сега, излегуваат низ градските улици и го осудуваат обидот на албанските партии и СДСМ за промена на знамето, химната, грбот на државата, како и воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија.

Вечерва граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” поддржана од граѓанските патриотски здруженија организира нов најмасовен граѓански марш во речиси сите градови во државата.

Прилепчани вечерва ќе бидат предводени од спортски легенди на градот, кои ќе застанат во првите редови и ќе дадат поддршка на илјадниците граѓани.

Хотел “Липа” во 19 часот е збирното место на прилепчани. За татковината се работи, а прилепчани тоа најдобро го знаат!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.