Вандали го демолирале планинарското одморалиште “Казанташ” на Селечка Планина (ФОТО/ВИДЕО)

Местото викано „Казанташ“ на Селечка Планина е добро познато меѓу планинарите, рекреативците и сите љубители на природата од Прилеп. Ова прекрасно катче со години претставуваше место за одмор, засолниште и освежување за сите што ги освојуваат планинските патеки.

За жал местото деновиве било мета на несовесни поединци, кои го покажаа својот примитивизам и целосно го уништија она што со голем труд, посветеност и љубов беше создадено за сите посетители.

Станува збор за планинарското место наменето за починка кај „Казанташ“, веднаш под планинарскиот дом “Томе Темелкоски”. Искршен е инвентарот, уништена е внатрешноста, а местото кое служеше за одмор и засолниште сега е претворено во тажна слика на човечката неодговорност.

Ваквите постапки не претставуваат само материјална штета, туку и директен удар врз природата, планинарската култура и трудот на сите ентузијасти кои доброволно вложуваат време и средства за да ги направат овие места достапни и пријатни за секого.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.