ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Водата во Плетвар, Ореовец и Беловодица не е исправна за пиење!

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место:

Локален водоснабдителен систем – Ореовец – јавна чешма сред село – не е здравствено исправна заради наод на бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во граници од 0.2 до 0.5 мг./л. вода.

Исто така водата од мерно место, л.в.с. Плетвар – јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Водата од л.в.с Плетвар – крајпатна “Че” не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Исто така водата од л.в.с Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, зголемен број колонии и бактерии на 37 степени и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.